Пређи на главни садржај

Постови

Приказују се постови за децембар, 2024

НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп со честитка за новогодишните и божиќни празници

Празнични честитки... НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп на граѓаните им ја честита Новата 2025 година и Божиќ. #Празнични честитки

Јана Стојановска и Жаре Бербер со пријателите подготвија новогодишна забава на телевиизја Телма

Новогодишната забава е од 21:15 часот и истата ќе се емитува во живо на фреквенцијата од телевизија Телма... Секоја година во месец декември најчесто поставуваното прашање е „Каде за Нова Година?“ Телевизија Телма сепак го има најдобриот одговор! Во топлината на својот дом и традиционалната новогодишна трпеза на 31 декември бидете на Телма.  „Од Македонскиот Народен Театар, директно во вашите домови ќе направиме Новогодишна галама. Вашите домаќини Јана Стојановска и Жаре Бербер со своите гости ветуваат одличен дочек на новата 2025 година и уште подобро испраќање на старата 2024 година“ -велат од телевизијата. Стартот на новогодишната програма на 31 декември е во 21:15 часот, а Јана и Жаре низ разговор и песна ќе ги дочекаат своите гости  Миле Кузмановски, Елена Велевска, ДНК, Стојне Николова, Зуица Лазова, Александар Митевски и Драган Спасов-Дац, Стефан Николовски, Анета Љумаковска, Мишел Трајковски и многу други кои заедно со Галама бенд ќе се погрижат атмосферата во вашите д...

Еве каде ќе настапат балканските музички имиња за дочекот на новата 2025 година

Среќна Нова 2025 година... До крајот на оваа 2024 година и до почетокот на новата 2025 година остануваат само уште 2 дена. Некој веќе полека но сигурно ја бираат својата свечена облека за дочекот на новата 2025 година, и веќе ги организираат пријателско-другарските дружења за дочекот на новата 2025 година, а многу мина од нас се прашуваат каде ќе настапуваат познатите балкански музички имиња за најлудата ноќ во годинта, а ние во овој прилог ви даваме одговор на тоа прашање. За дочекот на новата година во Белгард на Белград на вода ќе настапат Тијана Богичевиќ, Јелена Томашевиќ и Марија Шерифовиќ.   Како што соопштуваат од српската компанија Бе-Ве Србија концертот ќе го отвори Тијана Богичевиќ во 20 часот. По настапот на Богичевиќ од 21 часот музички настап ќе има и Јелена Томашевиќ, а посетителите во новата 2025 година ќе ги внеси Марија Шерифовиќ. Како што пренесува српски НсУживо влезот за овој концерт за дочекот на новата 2025 година е бесплатен. Жителите на Белград и поголе...

Претставата „Ученикот“ во Народниот Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп (фото)

Премиерата беше во средата, а првата реприза беше синоќа... Љубителите на театарот имаа можност на театарската сцена од Народниот Театар„Војдан Чернодрински“-Прилеп да ја видат претставата „Ученикот“ која е работена по текст од драмскиот писател Мариус Фон Маербург, а во режија на Кирил Петрески. Петрески исто така ја изврши и драматургијата на драмскиот текст. Имено, претставата е работена според драмскиот текст „Маченик“ од Маербург, а во истата се прикажани проблеми со кои сите ние се среќаваме, но ги прикажува и современите предизвици на младата генерација. Претставата има кратки сцени со филмски јазик. Режијата и драматургијата за претставата „Ученикот“ се на Кирил Петрески, сценографијата и дизајнот на плакат се на Владо Ѓорески, а музиката е на Серафим Черенит. Во претставата улогите ги толкуваа Зоран Иваноски, Марија Спиркоска-Илијески и Александар Тодески, но и студентите по глума кој завршуваат на Факултетот за Драмски Уметности Скопје, а тоа се Лора Штарго, Наум Ѓорѓио...

„Зборуе Радио Скопје“ стотројка по повод 80 години Македонско Радио

Македонското радио месецов одбележува 80 години постоење... „Зборуе Радио Скопје, зборуе Радио Скопје" се зборовите со кои Владо Малески, писател и борец во НОВ, го означи почетокот на работата на Македонското радио. Овие зборови  прозвучија во етерот на 28 декември 1944 година, за време на одржувањето на Второто заседание на АСНОМ.  На 27 декември, во предвечерјето на овој исклучително значаен јубилеј за македонската државност и култура,  Канал 103  во соработка со  Партизанска штампа ,  5060  и  Фликер студио , го претставува пригодниот свечен постер во авторство на македонскиот ликовен уметник   Иван Ивановски , едноставно насловен  „Зборуе Радио Скопје" . Се работи за графика во сито печат техника, достапна во ексклузивен лимитиран тираж.     Вечерта  на 28.12.1944 година звучно ќе ја обликува Ѓорѓи Јаневски со широк спектар на македонска музика во сите правци, архивски материјали, теренски снимки и некои необјав...

Во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп утре ќе биде отворена изложбата на дела од „Мал Битолски Монмартр“

Изложбата е во ликовната галерија од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... Во ликовниот салон од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп утре ќе биде отворена изложбата на дела од Малиот Битолски Монмартр. Иложбата е единаесетта изложба по ред од светската ликовна колонија „Мал Битолски Монмртр“ во Прилеп која што е во соработка со НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп. Битолското детско ликовно студио свети „Кирил и Методиј“ кое работи 57 години, во последниве 44 години редовно ја организира оваа најстара светска детска ликовна колонија, на која што само на конкурсот „Битола“ за 2024 година имаше пристигнато околу 800 пратки од исто толку државни и приватни школи од над 85 држави кои генерираат фонд од над 60.000 детски ликовни цртежи. Всушност, тоа е и основ и мотив од 23 до 31 мај во Битола да бидат поканети 25 делегации од 22 држави кои учевствуваат со над 180 учесници на 43 издание на „Мал Битолски Монмартр“ на кој традиционално 7 дена се твореше на тема староградска битолска архитектура, а беа реализирани ...

Огнен Здравковски со нова песна насловена како „Пекол и рај“

„Пекол и рај“ е новопромовираното музичко парче на македонскиот пејач Огнен Здравковски... „ Нешто ново од мене, сработено со многу љубов и посебна енергија. Слушнете ја песната, гледајте го спотот,  почувствувајте  ја приказната и дозволете да ве освои. Вашите мислења и коментари ми се најбитни и ме инспирираат за песни те  што след ува ат. Погледнете, слушајте,  споделете и коментирајте како ви се допаѓа! Уживајте и ширете љувов! " , е пораката што Огнен Здравковски ја напиша под новото парче музика кое реши да ѝ го претстави на јавноста, а кое значи почеток на едно ново поглавје во неговата музичка кариера. Насловот на новата композиција е „Пекол и рај" и всушност станува збор за песна со љубовна тематика потпишана од негови колеги, а кога врвни музичари стојат зад ваков проект тогаш не може да имате лош финален производ. Напротив, композцијата зад која како автори се потпишуваат Александар Тарабунов –  музика, Зоран Зонде Стојанов...

Премиера на претставата „Ученикот’’ во Народниот Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп

Премиерата е утре (среда), а првата реприза е во четврток од 20 часот... Во Народниот Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп утре во 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Ученикот’’ која е под режисерска капа на Кирил Петрески. Според драмскиот текст „Маченик“ на драмскиот писател Мариус Фон Маербург е создадена претставата „Ученик’’. Драмскиот текст на Маербург прв пат на сцена е одигран во 2015 година, а една година подоцна, во 2016 година направена е филмска адаптација на драмскиот текст од Маербург, а филмот е преведен и снимен во Русија со наслов „Студент“. Режисерот на претставата „Ученикот“   , Кирил Петрески на денешната прес-конференција вели дека претставата „Ученик“ е со кратки филмски сцени и јазик, и се прикажани совреемените предизвици на младата генерација. „Претставата „Ученик“ со кратки филмски сцени и јазик ги прикажува современите предизвици на младата генерација. Во време на политички и социјални екстремности, една млада личност се спротивставува н...

ДЛУП со изложба во Прилеп

 Изложба е во кафе галеријата „Лувр’’во Прилеп... Друштвото на ликовни уметници Прилеп (ДЛУП) вечерва во 19:00 часот во кафе галеријата „Лувр’’-Прилеп ќе ја претстави својата последна изложба за оваа година. Изложбата е под наслов „Избери ме“, а носител на овој проект е уметникот Александар Џинго. Имено, организторите за изложбата велат дека е обелоденување на уметниците и повикаа на интеракција со набљудувачите за разбудување на важноста за уметноста во секојдневниот живот. Организаторите во изјавата за медиумите додаваат и дека преку уметничкото дело треба да се избере уметноста како највисок фактор за препознавањето за една култура, традиција како и за цивилизациски развој. На изложбата со свои дела ќе се претстават уметниците Кирил Гегоски, Елена Димоска, Александар Џинго, Емил Солески, Методи Исков, Славчо Павлески, Филип Јовески, Верче Николоска, Марјан Стојаноски, Маја Ралева-Миладиноски, Филип Перески, Стефан Анчевски, Александар Џинго и Дарко Талески, а и зложбата на Д...

Во Прилеп отворена е ретроспективната изложба на дела од уметникот Илија Миноски

Изложбата е отворена во ликовната галерија од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... Во ликовната галерија од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп вечерва беше отворена ретроспективната изложба на дела од уметникот Илија Миноски. Присутните, а и сите љубители на уметноста имаа можност да видат 40 дела од уметникот Миноски. Мистер Каролина Мицевска, за изложбата на Миноски вели дека Миноски е еден од најплодните акварелисти не само во Прилеп, туку и во цела Македонија и на Балканот и дека со многу леснотија , сигурност, самоувереност и мајсторски го создаваше акварелот. „ Илија Миноски, еден од најплодните акварелисти во Прилеп, Македoнија и на Балканот . Неговите дела, без оглед во кој период беа создавани, зрачеа со позитивност, уникатност. Имаше редок талент. И кога би творел во некоја друга средина би бил многу познат автор. Миноски уште како мал се интересирал за уметноста, благодарение на тоа што потекнувал од уметничка фамилија. Илија Миноски по завршувањето на основното образование одлучув...

Отворена е изложбата „Благовестие во бои” од уметникот Златко Лечковски

Изложбата е посветена на семејството христијански светци… По повод празикот и патрон на град Прилеп, Свети Никола денеска во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков”-Прилеп беше отворена изложбата на икони од битолскиот уметник Златко Лечковски. Изложбата е во годишната програма за работа на НУЦК„Марко Цепенков”-Прилеп и истата е со наслов „Благовестие во бои”, а е организирана од страна на Општина Прилеп и НУЦК„Марко Цепенков”-Прилеп. На изложбата има изложени 20 дела (икони), а како главна се двои иконата на светиот Никола. Златко Лечковски за неговата изложба вели дека делата се изработени во техниката акрил, а меѓу нив е мотивот на христијанските светци. Лечковски во својата изјава за медиумите додава дека неговото творештво го посветува на целата иконографија затоа што тоа била неговата мисија. Горјан Василески кој е куратор на изложбата од Лечковски за изложбата од Л вели дека византиската уметност се доближувано кон духовниот свет и преку него го забележуваме тој спој помеѓу материјалнот...

Изложба на икони „Благовестие во бои“ од уметникот Златко Лечковски всреда во Цепенков

Изложба на икони во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... Изложбата на икони насловена како „Благовестие во бои“ од уметникот Златко Лечковски ќе биде отворена во среда (18.12.2024 година) во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп. Изложбата  може да се каже дека е и дел од одбележувањето на празникот Свети Никола кој всушност е патрон празник на град Прилеп. Уметникот Златко Лечковски е роден во Битола во 1982 година. Уште од најмала возраст тој се пронашол во ликовната уметност. Лечковски како средношколец, две години работи како уметник во ателјето при храмот „Пресвета Богородица“ во Битола, кај еминентните зографи Ристо Димовски и Никола Крнчев, а тогаш за прв пат зема учевство во групната изложба на икони, во организација на таа иконописна организација. Во периодот што следува, Лечковски се посветува на изработка на икони за иконостаси, како и делови од живопис на ѕид во неколку цркви и манастири во Преспанскиот регион, како и во Грција. Со негови икони учествувал во некол...

Детскиот анимиран филм „Божиќната магија на животните“ всабота во киното „Мис Стон“ во Прилеп

Детскиот филм „Божиќната магија на животните“ во Прилеп... Детскиот анимиран филм „Божиќната магија на животните“ ќе биде прикажан во сабота (14.12.2024 гдина) со почеток од 12:00 часот во прилепското кино „Мис Стон“. Возрасната категорија за вилмот е за целата публика, а додека пак таргет групата е од 3 до 6 години и времетраењето на филмот е 75 минути.  Волшебни приказни се расплетуваат во „Божикната магија на животните“, каде празничните чуда оживуваат. Нурнете во овие прекрасни и модерни сказни во кои животните тргнуваат на магични патувања од Франција до Јапонија, до Далечниот север и неговата поларна светлина, ширејќи радост и великодушност. Секоја приказна е чудна и шармантна авантура зачинета со хумор и убавина специфична за зимската сезона. Дозволете поезијата да ви го плени срцето и да ве пренесе во свет каде божиќната магија нема граници, е кратката содржина за дејството во филмот. Имено, филмот „Божиќната магија на животните“ премиера имаше на најпрестижниот фестивал за...

Претставата „Стапица за глувци“ в’петок во Народниот Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп

 Претставата „Стапица за глувци“ ќе се одигра в’петок во НТ„Војдан Чернодрински“... Претставата „Стапица за глувци“ од Агата Кристи, а во режија на Борис Василески ќе се одигра во Народниот Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп на 13.12.2024 година (в’петок) со почеток од 19:30 часот. Во оваа претстава Лидија Митоска-Ѓорѓиевска е драматург, сценографијата и дизајнот на светло се на Мартин Манев, Марта Дојчиновска е одговорна за костимографијата, музиката за претставата е на Томе Темелкоски, а додека пак Илина Василеска е одговорна за дизајнот на плакат.  Во претставата „Стапица за глувци“ улогите ги толкуваат Сара Спиркоска, Илија Волчески, Марија Спиркоска-Илијески, Дарко Карбески, Александар Тодески, Даниела Иваноска, Михајло Миленкоски и Димитар Ѓорѓиевски.  #Култура

Завршен концерт од музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“

Завршен концерт од проектот „Македонијо во срце те носиме“... Музичкиот прокет „Македонијо во срце те носиме“ во Македонската Филхармонија во Скопје го одржа својот „завршен’’ концерт. На концертот со свои македонски преработки на песни се претставија добро познатите од овој проект Бојана Скендеровски, Наум Петрески, Зуица Лазова, Мина Блажев, Сузана Спасовска, Андријана Јаневска, Огнен Здравковски, Миле Кузманоски, Ламбе Алабаковски, ДНК и Александар Тарабунов. Концертот беше поделен во 4 мзучки блокови, а истиот беше отворен со песната „Молитва“ во преработена верзија на Бојана Скендеровски, а во оригинална верзија нејзин изведеувач е Виолета Томовоска. Веднаш по „Молитва“ на сцената свој прв настап на концертот имаше Ламбе Алабаковски со песната „Како пиреј“ , а оригиналната верзија од оваа песна е на Гоце Николовски и за крај од овој ние би го нарекле прв блок музичко-дуетски настап имаа Сузана Спсовска и Александар Тарабунов со изведбата на песната „Има една земја што сонце ја гре...

Изложбата на дела „Сеќавање“ ќе биде отворена утре во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Утре во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ќе биде отворена изложбата „Сеќавање“... Изложбата на дела под наслов „Сеќавање“ од уметникот Васил Костов ќе биде отворена утре во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп. Отворањето е закажано за 18:00 часот во ликовната галерија од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп. Историчарот на уметност Елена Чагороска за изложбата „Сеќавање’’ од уметникот Васил Костов вели дека со ликовната поставка „Сеќавање“ се заокружува и се остварува замислата на Костов  за комплетна презентација на уметничко достигнување како и најголем успех во ликовната дејност кој остава печат на уметник на прилепската, макдедонската но и на пошироката ликовна сцена. „ Со ликовната поставка насловена „Сеќавање“ се заокружува и се остварува замислата на Васил Костов – комлетна презентација на уметничкото достигување, најголем успех во ликовната дејност кој остава печат на уметник на прилепската, македонската ликовна сцена и пошироко.  Уметничкото достигнување во творечкиот период од шест децени...