Пређи на главни садржај

Во Прилеп отворена е ретроспективната изложба на дела од уметникот Илија Миноски

Изложбата е отворена во ликовната галерија од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

Во ликовната галерија од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп вечерва беше отворена ретроспективната изложба на дела од уметникот Илија Миноски. Присутните, а и сите љубители на уметноста имаа можност да видат 40 дела од уметникот Миноски.

Мистер Каролина Мицевска, за изложбата на Миноски вели дека Миноски е еден од најплодните акварелисти не само во Прилеп, туку и во цела Македонија и на Балканот и дека со многу леснотија , сигурност, самоувереност и мајсторски го создаваше акварелот.

„Илија Миноски, еден од најплодните акварелисти во Прилеп, Македoнија и на Балканот.
Неговите дела, без оглед во кој период беа создавани, зрачеа со позитивност, уникатност. Имаше редок талент. И кога би творел во некоја друга средина би бил многу познат автор.
Миноски уште како мал се интересирал за уметноста, благодарение на тоа што потекнувал од уметничка фамилија. Илија Миноски по завршувањето на основното образование одлучува да продолжи да се надоградува во Училиштето за примената уметност во Скопје, за да во 1978 година дипломира на Педагошката академија во Скопје на одделот за сликарство во класата на проф. Б. Лазески, Д. Кондоски, Д. Тодороски, и Д. Пандилов.
Најпрво младиот уметник работел како дизајнер, за да продолжи како наставник по ликовно образование во ОУ „Климент Охридски“. Од 1962 година па се до крајот на својот живот, до 2020 г., беше член на ДЛУМ. Илија беше исклучителен уметник, акварелист, кој целиот свој живот му го посвети на акварелот, истражувајќи го во секоја негова форма, како што често знаеше да ми посочи при нашите долги разговори. До последно, беше полн со елан да создава, да твори и да ја овековечува прилепската градска архитектура, прилепскиот пејзаж. За него особено беа привлечни Марковите кули, кои му беа неисцрпна инспирација. Кога ги гледав и порано, но и сега, во домашното депо, кое е обемно, се прашував и се уште се прашувам со која енергија, леснотија ги создаваше акварелите, кои ме внесуваа во светот на убавото. Очигледна беше нашата поврзаност како новинар и уметник. Тој долго да ми раскажува за она што го создава, а јас да пишувам за неговото творештво. Беше уметник кој сакаше да истражува, да создава нови творби или како што велеше „ со цело срце се предадов на миговното, апстрактното во акварелот“. Со многу леснотија, со сигурност во потегот, самоуверено, непоколебливо, мајсторски го создаваше акварелот. Постојано трагаше по нови форми во акварелот. Неговите дела се неповторливи, различни едни од други, затоа што сакаше да биде различен од претходно создаденото. А, делата беа перфекционистички создавани и стилизирани, како што знае да создава еден голем уметник на мигот.“-вели Мицевска.

На отворањето на изложбата присутен беше и прилепскиот градоначалник, Борче Јовчески кој за изложбата рече дека со голема чест и задоволство ја посетил вечерашната ретроспективна изложба на Миноски, а дека изложбата е вистинско културно богатство за Прилеп и ги повика сите љубители на уметноста и културата да ја посетат оваа изложба.

„Со голема чест и задоволство вечерва ја посетив ретроспективната изложба на мајсторот на акварелот Илија Миноски, која е поставена во Ликовната галерија при Центарот за култура „Марко Цепенков“.Оваа изложба е вистинско културно богатство за нашиот град, која ги претставува најзначајните дела на овој врвен уметник, познат по својата уникатна техника и извонредна уметничка визија. Делата на Миноски сведочат за талентот и посветеноста на македонските уметници и ја потврдуваат важноста на културното наследство што го негуваме.Ги повикувам сите љубители на уметноста и културата да ја посетат оваа изложба“-вели Јовчески.

Изложбата е во овогодишната работа од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп и истата ќе може да се посети до 10 јануари.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...