Пређи на главни садржај

Еве каде ќе настапат балканските музички имиња за дочекот на новата 2025 година

Среќна Нова 2025 година...

До крајот на оваа 2024 година и до почетокот на новата 2025 година остануваат само уште 2 дена. Некој веќе полека но сигурно ја бираат својата свечена облека за дочекот на новата 2025 година, и веќе ги организираат пријателско-другарските дружења за дочекот на новата 2025 година, а многу мина од нас се прашуваат каде ќе настапуваат познатите балкански музички имиња за најлудата ноќ во годинта, а ние во овој прилог ви даваме одговор на тоа прашање.

За дочекот на новата година во Белгард на Белград на вода ќе настапат Тијана Богичевиќ, Јелена Томашевиќ и Марија Шерифовиќ.  Како што соопштуваат од српската компанија Бе-Ве Србија концертот ќе го отвори Тијана Богичевиќ во 20 часот. По настапот на Богичевиќ од 21 часот музички настап ќе има и Јелена Томашевиќ, а посетителите во новата 2025 година ќе ги внеси Марија Шерифовиќ. Како што пренесува српски НсУживо влезот за овој концерт за дочекот на новата 2025 година е бесплатен.

Жителите на Белград и поголемиот дел од Србија ќе имаат можност новата 2025 година да ја дочекаат на белградскиот плоштад „Република“ со настапите на Харис Џиновиќ, Жељко Васиќ и Марина Висковиќ, а во српскиот „Сава Центар“ за дочекот на новата година ќе настапат Ацо Пејовиќ и Лепа Брена.

Како што пишува НсУживо публиката на Златибор ќе има можност за дочекот на новата 2025 година да ужива во музичкиот настап на Александра Пријовиќ кои ќе се одржи во „Пријвиќ Евенет Центар“ на Златибор.

Балканската дива Јелена Карлеуша за новогодишниот дочек ќе настапи на градскиот плоштад во Каргуевац, а на спектаклот кој веруваме сите го посакуваат, посетителите ќе имаат можност да присуствуваат бесплатно. Од Каргуевац се префламе на Копаоник каде за дочекот на новата година посетителите ќе имаат можност да уживаат и да се забавуваат со настапот на Сека Алексиќ.

Како што пишува НсУживо на југот од Србија во Ниш на градскиот плоштад за дочекот на новата 2025 година ќе настапи Никола Роквиќ. Нови Сад годинава како што пишува НсУживо нема да организира новогодишен дочек и дочек на праволсвната нова година поради почитта на жртвите во трагичната несреќа на железничката станица. Наместо на прослава градот ќе се фокусира на поддршката за семејствата кој загубија сакани во несреќата. На оваа одлука се приклучија и градовите Суботица, Зрењанин и Општината Темерин.

Во Загреб на плоштадот „Јосип Јелачиќ“ за дочекот на новата 2025 година ќе настапат Мијах Грше, Хилјасон Мандела, Бејби Ласања и Јосипа Лисаќ.  Музичката група „Лет 3“, Нено Белан и Фиуменси за дочекот на новата година ќе настапат во Ријека. Во Сплит на Корзо за дочекот на новата 2025 година ќе нстапат од Дубиоза Колектив.

Во Вуковар за дочекот на новата година музички настап ќе имаат Томислав Бралиќ и Клапа Интрејд. Во Страдуан на Дубровник за новогодишниот дочек ќе настапат Зухеро и Тони Цетински, а на плоштадот „Ватрослав Лисинк“ во Осијеќ за дочекот на новата година ќе нстапат Прљаво Казалиште.

За ногододишниот дочек во Форум во Пула ќе настапат Елементал и Петар Грашо. Групата „Магазин“ за дочекот на новата 2025 година ќе настапи пред градската општина во Опатија. На плоштадот „Јосип Јелачиќ“ за дочекот на новата година музички настап ќе има Јоле, додека на градскиот плоштад „ Еуген Кватерниќ’’ во хрватски Бјеловар ќе настапи Мирослав Шкоро.

За новогодишната ноќ публиката во Славонски Брод ќе се забавува со настапот на Нина Бадриќ, во  Пореќ на градските плоштади „Слобода“ и „Матиј Гупча“ ќе настапат Далматино, Густафи и Војко 5. Парни Ваљак за новогодишната ноќ ќе настапат на градскиот плоштад во Ровињ, во Шибениќ ќе настапат Марио Бионди, Силенте и Блу Винил.

На градскиот плоштад во Задар за дочекот на новата 2025 година ќе настапат Дражен Зекиќ и групата Бананна. Во Винковци за новогогодишниот дочек на градскиот плоштад ќе настапат Мејаши, а додека пак на градскиот плоштад „Базилика“ во Оток Пак, Новаља во Хрватска ќе настапи Клапа Ришет.

#Магазин

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...