Пређи на главни садржај

Постови

Приказују се постови за мај, 2026

WE WILL ROCK YOU - КОНЦЕРТ НА МУЗИЧКОТО УЧИЛИШТЕ ЕНТЕРПРАЈЗ

25 рок бендови, 120 минути енергија и новата генерација музичари на една сцена... Замислете сцена на која стојат деца со инструменти во раце - инструменти кои некогаш се поголеми од нив. Замислете го мигот кога започнува првиот тон и тие мали деца растат пред вашите очи, се трансформираат и стануваат професионалци кои владеат со сцената. Добредојдовте на концертот на Ентерпрајз. Концертот наречен „We Will Rock You" кој ќе се одржи на 7 јуни (недела) на отворената сцена во Паркот на Франкофонијата, претставува уникатен концепт изграден од Ентерпрајз низ години на искуство, со кој сите ученици имаат можност и простор да и се претстават на публиката во повеќе различни формации и да покажат се што знаат. На овој концерт кој ќе трае 120 минути ќе се изведат 25 кавери на најпознатите рок класици - секоја изведена од различен бенд, со нови гласови и нова енергија на сцената. Рок музиката е еден од најмоќните и најздрави начини на кои тинејџерите ја изразуваат и ја канализираат својата ен...

Јован Јованов и Елвир Мекиќ најавија музички спектакл во А1 арената: Концертот на 6 јуни целосно распродаден

Со порака „Само еден концерт за цела Македонија“, Јован и Елвир најавија незаборавно шоу со бројни гости, визуелни изненадувања и бел дрес-код за целата публика во А1 aрена „Борис Трајковски“...      Со особена чест денес во 13 часот во музичкиот бар „Интермецо“ во Скопје двајцата млади и во последниов период најатрактивните музички имиња, Јован Јованов и Елвир Мекиќ ја одржаа официјалната прес-конференција која е најава за големиот и спектакуларен концерт кој ќе се одржи на 6 јуни 2026 година (сабота) со почеток од 20 часот во А1 арената „Борис Трајковски“ во Скопје.      Музичарот Јован Јованов вели дека на концертот ќе има многу новости што на ниту еден концерт во Македонија не се случиле, а Јованов вели и дека му е мило што после толку години се собрала старата екипа и нивни колеги кои подолго ги нема на естрадата да направат еден навистина убав и квалитетен концерт.      „Драго ми е што сите ќе можете да ја доживеете атмосферата на к...

Пајак сними песна со Јован Јованов и Елвир Мекиќ (видео)

Пајак сними песна со Јован Јованов и Елвир Мекиќ - Нов летен хит, промовиран пред концертот на6 јуни во Скопје... Македонската музичка сцена од денес е побогата за уште една нова, возбудлива, а неочекувана соработка - Пајак, Јован Јованов и Елвир Мекиќ ја промовираа песната „Делириум“. „Делириум“ е само увертира за долгоочекуваниот концерт на Јован и Елвир во Скопје, кој ќе се одржи на 6 јуни во арената „Борис Трајковски“, а на кој Пајак е најавен како еден од специјалните гости. Песната е работена со добропознатиот и реномиран тим, кој работи на целиот албум на Пајак, а како автори се јавуваат Пајак, Јован Јованов, Иван Јованов, Таско и Елвир Мекиќ, додека видеото се снимаше на локација близу Скопје, во режија на Гордан Божиновски. „После нашиот концерт, Пајак вади нов албум, а тој, Елвир и јас имаме задничка песна, „Делириум“. Но, бидејќи нашиот концерт е наскоро, на 06.06, заедно решивме да ги изненадиме сите и да ја пуштиме песната сега. Од луѓето што ја слушнаа веќе имаме коментар...

Darkoff со силно деби на македонската музичка сцена (Видео)

 „Чекор“ е новата музичка нумера на Дарко... Конечно на македонската музичка сцена пристигнува музички проект што уште на прво слушање остава впечаток дека не припаѓа на веќе познатите шаблони што секојдневно ги слушаме. Дарко, познат под уметничкото име Darkoff, со своето ново музичко деби “Чекор”, носи комбинација на мелодија со емоција, модерен електронски звук и атмосфера која што може само да се почуствува. Песната ја изведува младата Сара Ташкоска, чии вокал природно се вклопува во целиот емотивен амбиент на проектот. Текстот го напиша познатата Дина Јашари, која воедно се појавува и како пратечки вокал, додавајќи дополнителна интимност и емоција во самата композиција. Музиката и аранжманот пак се целосно дело на Darkoff, додека ко-продукцијата, миксот и мастерингот ги потпишува Андрејник, препознатлив по својата работа на последната песна од Young Dadi насловена “Лидија”. Она што го издвојува ова младо момче од останатите е неговата музичка и уметничка позадина. Тој уште од ...

Блага Петреска, добитничка на Наградата за животно дело на Фолк Фест Валандово 2026

Петреска наградата ќе ја прими на првата предфестивалска вечер која ќе се одржи на градскиот плоштад во Валандово... Фолк Фест Валандово 2026 со особена чест ја доделува Наградата за животно дело на Блага Петреска, доајен на македонската народна песна и едно од најзначајните женски вокални имиња во поновата историја на нашата музика. Блага Петреска е пејачка која со децении ја носи македонската песна со достоинство, препознатлив глас и искрена емоција. Нејзините изведби останаа блиски до публиката, а нејзиното име е врзано за песни што се пеат, се паметат и се пренесуваат од генерација на генерација. „Блага Петреска е добитничка на Наградата за животно дело на Фолк Фест Валандово 2026 затоа што е доајен на македонската народна песна. Таа ни подари некои од најголемите хитови токму на овој фестивал. „Ти ме предаде", „Заљуби се" и „Пеам да не заплачам" станаа нераскинлив дел од нашето музичко наследство, а нејзиниот глас, полн со емоција, остави траен белег во срцата на пу...

Бојана подготвена за дружба со тетовската публика, до концертот се бројат денови

  Концертот е на 22 мај... По незаборавните музички вечери во Скопје и Штип, Бојана Скендеровски го продолжува концертниот караван и пристигнува во Тетово. На 22 мај, со почеток од 20 часот, сцената на Дом от на култура та „Иљо Антевски Смок" ќе биде местото каде емоциите ќе пеат најгласно, под мотото „ Глас што се чувствува, вечер што се памети" . Публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со музика, искрени емоции и песни што оставиле белег низ годините. Бојана подготвува концерт кој нема да биде само музички настап, туку блиска средба со публиката, вечер во која секоја песна носи своја приказна, а секој аплауз станува дел од едно заедничко доживување. „ После прекрасните дружби со публиката во Скопје и Штип, едвај чекам да запеам и со тетовската публика. Секој концерт носи посебна енергија, а верувам дека во Тетово нè очекува вечер исполнета со многу емоции, љубов и музика што долго ќе се памети ", вели Бојана. Ова е трет концерт по ред во концертната се...

Државна изложба „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“

 Изложбата е во Центар за култура Битола... На 20 мај 2026 година (среда), со почеток во 12:00 часот, во НУ Центар за култура - Битола ќе биде отворена традиционалната Државна изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“. Оваа значајна културна манифестација, која повеќе децении успешно ја негува детската креативност и љубовта кон македонската традиција, претставува простор каде младите автори од целата држава преку своите дела ја оживуваат народната култура, фолклорот, обичаите, носиите и богатото културно наследство. На изложбата ќе бидат претставени селектирани ликовни творби од ученици од основните училишта од Македонија, создадени под менторство на наставници и ликовни педагози. Преку различни техники, бои и мотиви, децата ја изразуваат својата креативност и визија за традицијата како неисцрпна инспирација за современото творештво. Изложбата има за цел да го поттикне интересот кај младите генерации за зачувување и вред...

NUMB – Tribute to Pink Floyd повторно на сцената во Охрид

Спектакуларен аудиовизуелен концерт на 23 јули во „Антички театар“ Охрид со најголемите хитови на легендарните Pink Floyd... На 23-ти јули (четврток), на сцената на Антички театар Охрид , ново издание на NUMB – Tribute to Pink Floyd – проект зад кој стојат врвни музичари. Организаторите на овој интересен концертен настан и овој пат најавуваат музичко уживање кое веќе е потврдено дека ќе ги задоволи апетитите и на најпребирливите обожаватели на култниот светски бенд. И овој пат огромно внимание ќе биде посветено како на звукот, така и на комплетниот сценски изглед бидејќи музичкиот перформанс на култните Pink Floyd е аудиовизуелно доживување кое ги буди и допира сите сетила. На настапот и овој пат ќе бидат изведени дел од највредните дела на основоположниците на светската рок психоделија, легендарните Pink Floyd, меѓу кои: „Shine on your crazy diamond“, „Learning to fly“, „Hey you“, „Another brick in the wall“ и уште мноштво безвременски теми, кои го одбележаа музичкиот карактер и го ф...

Народниот театар „Војдан Чернодрински“ ја подготвува театарската претстава „Девојките на Марко“

Театарот „Војдан Черондрински“ со подготовки за претставата „Девојките на Марко“...  Во театарот „Војдан Чернодрински“ во полн ек се пробите за новата претстава „Девојките на Марко“ според Боинг Боинг од Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, во која ќе игра поголемиот дел од ансамблот на театарот. Премиерата ќе биде на крајот на мај. Ова ќе биде втора премиера на претстава на театарот „Војдан Чернодрински“ од годишната програма за 2026 година. „Девојките на Марко“ е текст напишан пред 60 година и до ден денес успешно „живее“ на сцените ширум светот. Она што е фасцинантно околу овој текст е што влезе во Гинисовата книга на рекорди како најмногу поставуван француски текст воопшто. Според режисерот Синиша Ефтимов, во прилепската веерзија во „Девојките на Марко“ има асимилација на ликовите и топонимите, а дејствието е современо и модерно. - Прилп од иднината или подобро кажано Прилеп од паралелен универзум. Заплетот ќе биде многу едноставен и проектиран околу животот на еден успе...

ХУМАНИТАРНА ИЗВЕДБА НА „ТОРОНТО ЕКСПРЕС“ ВО МНТ: ТЕАТАРОТ ИГРА ЗА СОС ДЕТСКО СЕЛО

Театарот игра за СОС Детско Село... По повод 25-годишнината од СОС Детско село, во соработка со театрите низ Македонија се реализира хуманитарната иницијатива „Театрите за СОС Детско село“, под мотото „Сцената што менува животи“, преку која, секој купен билет претставува директна поддршка за децата и младите. Македонскиот народен театар со особена чест се приклучува кон оваа значајна акција, а на 19 мај, на малата сцена во МНТ ќе биде изведена претставата „Торонто експрес“, работена според мотивите од збирката есеи „Тибам Штркот“ од Зоран Спасов-Ѕоф, во режија на Јордан Симонов. Во претставата настапува првенецот на МНТ, Александар Микиќ, актер кој со својот автентичен сценски израз, прецизен хумор и суптилна емотивност создава впечатлива изведба. Како еден од најангажираните актери на актуелниот репертоар на МНТ, Микиќ и овојпат ќе остави препознатлив сценски белег. „Торонто експрес“ не е само театарска вечер, туку и чин на солидарност и заедништво. Со своето присуство, публиката не ј...

Во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп изложба од уметницата Ивана Темелкоска

Изложбата ќе биде поставена во Ликовната галери при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... На 15 Мај 2026година (петок) од 20:00 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на фотографии „Маркукуле – живо” од Ивана Темелкоска. Ова е нејзина прва самостојна изложба, поддржана од Министерството за култура и туризам. „Маркукуле — живо“ претставува фотографски запис на еден ист простор низ различни времиња, состојби и атмосфери, создаден како процес на долгорочно и внимателно набљудување. Постојат места коишто ги носиме во видното поле толку долго, што на крај престануваме да ги гледаме. Маркукуле е токму такво место - рид длабоко всаден во секојдневието на Прилеп, толку познат, толку секогаш присутен, па затоа и речиси невидлив. Ивана Темелкоска го врати погледот кон него - и со тоа, и нашиот. Фотографската серија „Маркукуле - живо” се роди во една ретко плодна тишина: онаа на пандемискиот карантин. Во времето кога светот се стесни на четири ѕида, кога единствена...

Никшиќко позориште со претставата „Татко“ гостува на големата сцена во МНТ

Претставата ќе се одигра на 18 Мај 2026 година (понеделник) на големата сцена од Македонскиот народен театар...   На 18 мај со почеток во 20 часот на големата сцена во МНТ ќе гостува претставата „Татко“, работена според текст од францускиот писател Флоријан Зелер, во режија на Наташа Поплавска, а во продукција на Никшиќко позориште.  Претставата „Татко“ е едно од најпознатите дела на Зелер и има освоено престижни награди. По истиот текст е снимен и актуелниот филм, кој освои „оскар“. Актерската екипа е: Владан Гајовиќ, Ања Дрљевиќ, Никола Васиљевиќ, Маја Стојановиќ, Јован Кривокапиќ и Андреа Драшковиќ. „Татко“ на авторот Зелер е драма за губењето на идентитетот, времето и стварноста. „Преку приказната за Андреа, човек кој постепено тоне во деменција, сакам да ѝ го доближам на публиката внатрешниот свет во кој се бришат границите меѓу реалното и имагинарното. Сцената станува простор на сеќавања, стравови и илузии, во кој заедно со главниот јунак минуваме низ дезориентација и не...

КОНЦЕРТНО-ДОКУМЕНТАРЕН КОНЦЕПТ „Од историја до Меморија“: Легендарната македонска рок група најави концерт и документарец во 12 епизоди

Прес-конференцијата беше по повод големиот концерт на Меморија во месец октомври годинава.. Среда, 13 мај 2026 година беше денот кога во просториите на Универзитет Скопје, легендарната македонска рок група Меморија ја одржа својата прва прес-конференција на која беа најавени големиот концерт закажан за 23 октомври во арената „Јане Сандански“ и снимањето на документарниот филм за групата која опстојува цели 43 години. Како што беше потенцирано на самиот вовед од конференсието на прс-конференцијата, од музичкиот новинар и водител, но и некогашен член на бендот, Антонио Димитриевски, овој пат концептуално целиот концерт како и документарниот филм ќе бидат насочени не само кон историјатот на Меморија, туку и кон корените на македонската рок музика, на чии темели се заснива и создавањето на групата, како и целата македонска забавно-музичка естрада до ден денеска. Оттаму и неформалниот наслов „Од историја до Меморија…“, во кој ќе се огледа концертната изведба на одредени музички нумери кои...

Легендарниот Влатко Стефановски ги претстави новите албумски изданија пред македонската публика (фото+видео)

Влатко Стефановски неговите два албуми ги претстави во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје... Македонската музичка јавност деновиве е во знакот на Влатко Стефановски , кој заедно со музичката и добропозната хрватска продукција Croatia Records ги промовираше своите две најнови албум и „Guitar Sings“ и „Muscle Memory“ . Македонската промоција, што се одржа во скопскиот хотел „Холидеј Ин“ привлече големо внимание кај македонската и балканската медиумска јавност, На промоцијата   присуствуваа министерот за К ултура   и туризам на Република Македонија Зоран Љутков , уредничката на Croatia records Клаудија Чулар, директорката на Croatia Records, Маја Видамар-Кариќ , Иван Бечковиќ, претставнкот на Croatia Records од Македонија , соработници, пријатели како и љубители на музиката на Стефановски. Скопската промоција следуваше по неодамнешното претставување на албумите во Сплит (Република Хрватска) , каде Стефановски беше одликуван со престижната награда „ Porin Special Merit Award“ з...

„Фолк Фест Валандово“ годинава место на најголемите фолк музички хитови (Фото)

 „Фолк Фест Валандово“ на 26 и 27 Мај 2026 година...      На 26 и 27 мај 2026 година Валандово ќе биде центарот на најголемите фолк музички случувања, бидејќи на 26 мај (вторник) во ценатрот на Валандово ќе се одржи предфестивалската, а додека на 27 мај (среда) во Домот на културата „25 Мај“ во познатата сала „Јанко Узунов“ ќе се одржи големата фестивалска вечер од овогодишното 39. издание на добропознатиот и надалеку признат македонски фествал на фолк мелодии „Фолк Фест Валандово“.      Градоначалникот на Валадново од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ѓоко Камчев , уметничкиот дирекотор на фестивалот Илчо Јованов , техничкиот директор на фестивалот Ѓоко Павлов и извршниот директор на фестивалот музичарот Горјан Стојановски во ресторан „Порта Македонија“ во центарот на Скопје ја одржаа официјалната прес-конференција која беше најава за големото 39. издание на „Фолк Фест Валандово“. Помеѓу бројните медиуми на прес-конференцијата, беше присутна и екипата на по...

„Мачкина глава“ ќе го отвори, „Црно злато“ ќе го затвори јубилејниот 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп

  60 МТФ „Војдан Чернодрински“ ќе се одржува од 5 до 12 јуни 2026 година во Прилеп... Десет претстави во официјална и четири во придружна програма ќе бидат на програмата на јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, што ќе се одржи во Прилеп од 5 до 12 јуни 2026 година. Под мотото „Храбриот нов театар“, и тематот „Кризата на човекот во општеството и кризата на општеството во човекот“, уметничката директорка на фестивалот и селектор на програмата, Ана Стојаноска денеска на прес-конференција во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ја соопшти програмата. Фестивалот ќе биде отворен со претставата „Мачкина глава“ на Драмскиот театар, која е селектирана во официјалната програма, а ќе биде затворен со гостување на Београдско народно позориште, кое ќе ја изведе последната праизведба на „Црно злато“ во режија на Оливер Фрлјиќ, по текст на Дејан Дуковски, Авторот во фокус на фестивалот годинава. Поради јубилејната година, Собранието избра чет...