Пређи на главни садржај

Постови

Приказују се постови за јул, 2025

Ситно до вечерта кога Сергеј Ќетковиќ и љубовта ќе прозвучат под ѕвезденото небо во Охрид

Сергеј Ќетковиќ со целовечерен хуманитарен концерт на 3 Август во охридскиот Антички театар... Охрид ова лето добива музичко доживување какво ретко се случува – на 3 август, Античкиот театар ќе стане сцена на романтика, емоции и беспрекорна музика, кога на неа ќе застане еден од најголемите балкански сонувачи –   Сергеј Ќетковиќ . Подгответе се за вечер што долго ќе се памети – неговите најголеми хитови, меѓу кои „Нису ми дали да те волим”, „Погледи у тами”, „Љубав”, „Кофер”, „Ако те није”, „Љубав”, „Прстен на сто”, ќе бидат изведени во ексклузивна оркестарска верзија, во соработка со  Б итолскиот камерен оркестар . Емоцијата ќе се слуша, ќе се чувствува и ќе се живее – од првиот до последниот тон. Самиот Ќетковиќ оваа вечер ја опишува како „музички бисер”, а атмосферата што се подготвува најавува незаборавна ноќ исполнета со љубов, хармонија и блискост меѓу уметникот и публиката. Античкиот театар ќе стане срцето на музиката, каде секоја нота ќе биде испратена со страст и искр...

Спектаклот на Јелена Розга – магија под ѕвездите во преполниот Антички театар во Охрид!

На 29 Јули пејачката Јелена Розга одржа целовечерен концерт во охридскиот Антички театар... Најавен како концерт на летото синоќешниот настап на Јелена Розга одржан во спектакуларната и амбиентална атмосфера на Античкиот театар во Охрид во целост ги оправда очекувањата. Музика на кирилица Спектаклот на Јелена Розга – магија под ѕвездите во преполниот Антички театар во Охрид! 31 јули 2025, четврток Најавен како концерт на летото синоќешниот настап на Јелена Розга одржан во спектакуларната и амбиентална атмосфера на Античкиот театар во Охрид во целост ги оправда очекувањата. „Кога првпат го видов овој театар, знаев – еден ден морам овде да пеам. И еве, тој ден дојде”- изјави Розга пред настапот. А она што се случи вчера ги надмина очекувањата – публиката пееше заедно со неа од првата до последната песна, следејќи го секој тон на гудачкиот оркестар кој додаде дополнителна доза елеганција и емоција. Продукциски беспрекорен, концертот покажа зошто настапите на Јелена се познати по харизмата...

„Запејте сите ангели“ во изведба на Бојана Скендеровски - песна што повторно блеска во сета своја величина

Песната е дел од проектот „Македонијо во срце те носиме “... Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ продолжува да ја распламтува љубовта кон татковината преку песна која не е само ноти, туку болка, радост, сеќавања – вистинска македонска емоција. Најновото музичко оживување во рамките на овој проект е легендарната „Запејте сите ангели“, песна што повторно блеска во сета своја величина, овојпат во маестрална и длабоко емотивна изведба на Бојана Скендеровски. Со уникатен вокал и душа полна љубов кон Македонија, Бојана ѝ дава нов живот на оваа композиција, под врвната музичка продукција на маестро Николче Мицевски. Оригинално испеана од големиот Гоце Николовски во далечната 1991 година – година на историско значење за македонскиот народ – песната со музика на Николовски и текст на Јован Павловски, станува симбол на непокорниот дух и достоинството. Оваа композиција не е само музика, туку повик, повик до секој Македонец, каде и да е, да се сеќава, да...

Вечерва во Прилеп промоција на дебитантсаката поетска збирка на Филипа Сара Попова

 Настанот е дел од литературно-издавачката дејност при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... Литературно-издавачката дејност при НУЦК „Марко Цепенков“ - Прилеп ја продолжува својата серија литературни промотивни настани, овој пат во летен амбиент. „Поетскиот терариум“ замислен како настан со поетско-дебатен дискурс чиј примарен фокус ќе биде промоција на дебитантската поетска збирка на Филипа Сара Попова (1998) - „Скршен терариум“ ќе се одржи вечерва од 20.00 часот. За оваа збирка Попова ја доби поетската награда „Млада Струга“ 2024 за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант доделена од НУМ „Струшки вечери на поезијата“. Преку луциден, бескомпромисен автореференцијален преиспитувачки стихопис, Попова со својот израз исполнет со отсечни поетски слики, предизвукува на отворен дијалог за актуелниот статус, состојба и релевантност на поезијата во современ контекст, но и на потребата од превреднување на самата реалност преку поезијата. Разговорот ќе го води Кирил Бисерос...

Музичкиот бенд The Doctors в четврток со настап на Камена Бина во Прилеп

Настапот е дел од програмата „ Од 0 до Култура''... Прилепскиот рок, поп и рок-поп бенд The Doctors на 31.7.2025 година (четврток) на Камената Бина во центарот на Прилеп ќе одржат музички настап. Настапот е дел од програмата „Од 0 до Култура“. The Doctors е прилепски рок бенд формиран на крајот од 2022 година. Овој бенд сега е составен од 5 члена, меѓу кои Сергеј Попоски како фронтмен и вокал, Ѓорѓи Петкоски како бекинг вокал и бас гитара, Вилијам Спиркоски на тапани, Филип Сотиров на ритам гитара и Марко Стојаноски на соло гитара. Овој бенд изведува англиски рок, поп и рок-поп безвременски хитови, како и наши македонски песни и аранжмани, оддавајќи им почит на великаните кои ја насочиле душата на рок музиката да ечи низ времето, а за брзо ќе го донесат тој звук и на нашата прилепска сцена. Во рамките на овој културолошки проект, The Doctors овој четврток свират трибјут на еден од најмаркантните бендови на македонската сцена - НОКАУТ „ Наше е да ве пречекаме овој четврток во 21...

„Македонијо, ве носам во срцето!” – порача HUGEL и им испрати порака на сите Македонци: На 3 август сакам да ја видам целата држава во Охрид!

HUGEL со настап на „Билјанини извори“ во Охрид... Останаа уште само неколку дена до еден од највозбудливите настани ова лето, настапот на светски познатиот диџеј HUGEL во Охрид на 3 август. Со директна и емотивна порака до македонската публика, HUGEL најави спектакл: „Македонијо, ве носам во срцето. На 3 август сакам да ја видам целата држава во Охрид. Едвај чекам да се видиме!” Настанот ќе се одржи на спектакуларна локација под отворено небо, а публиката ќе има можност да ужива во глобалните хитови како „I Adore You”, „Loosen Up”, „Morenita” и многу други. Настапот на HUGEL во Охрид ќе биде продукциски усогласен со светските стандарди. Организатори се Intermezzo Music Rituals во соработка со „Прагма продукција” кои најавуваат: високотехнолошка светлосна продукција, мултидимензионални ласерски ефекти, LED визуелизации и сценски дизајн инспириран од светските фестивалски подиуми, саунд систем од највисок ранг и внимателно осмислен амбиент кој ќе понуди целовечерно аудиовизуелно доживува...

Со свечено дефиле отворени 55 Илинденски денови во Битола

 Дефилето беше на битолски Широк Сокак... Со традиционалното дефиле по Широк Сокак, пред стотици граѓани и гости, вчера свечено беа отворени 55. „Илинденски денови" – најзначајниот фестивал на народни песни и игри во Македонија. Битола уште еднаш се претвори во сцена под отворено небо, каде културите се сретнуваат преку игра, носија, ритам и боја. Во дефилето учествуваа над 1.300 учесници од Македонија и од шест земји – Грузија, Полска, Хрватска, Швајцарија, Мексико и Индонезија. Широк Сокак ечеше од зурли, гајди, тамбури и аплаузи, додека минуваа фолклорни ансамбли облечени во раскошни носии што зборуваат јазикот на своето културно наследство. Свеченото отворање се одржа пред Офицерскиот дом, а се обратија Весна Бендевска – потпретседателка на Собранието на РМ како покровител на фестивалот, градоначалникот на Битола Тони Коњановски и Сашо Илковски – новоименуваниот директор на Центарот за култура – Битола, организаторот на фестивалот. Настапот на ансамблот КУД „Илинден" со т...

„Горда Македонка” во изведба на Зуица Лазова – нова душа за безвременската песна

Песната е дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“... П роектот  „Македонијо, во срце те носиме”  продолжува да ја разгорува љубовта кон татковината преку музика што не е само звук – туку чувство, спомен, сведоштво ,  преку музика што говори со срцето на народот. Најновата преработка  од оваа музичка одисеја е   безвременската  „Горда Македонка” , во блескава и длабоко емотивна изведба на  Зуица Лазова , спакувана под маестралното водство на Николче Мицевски. Оваа песна не е само музика – таа е симбол на силата на македонската жена, на нејзината гордост, нејзината љубов, нејзиното достоинство.  Н è потсетува дека да се биде Македонец – значи да се чува идентитетот, да се негува културата, да се пее за коренот . Зад целиот проект стои  Скендеровски продукција , која веќе ја отвори душата на Македонија преку претходните модерни преработки на „Не кажувај либе добра ноќ” (Огнен Здравковски), „Како пиреј” (Ламбе Алабаковски), „Се собрале ком...

Попоски: Второто место не е воошто за понижување и потценување

Музичарот Сергеј Попоски даде кратко интервју за Инфо-Прилеп... Еден од најпознатите музичари и естрадни уметници во Прилеп, Сергеј Попоски,   учевствуваше на фестивалот Smotra што се одржа на 5 Мај во Ново Село. Имено, Попоски непосредно пред синоќешниот настап со музичката група The Doctors за медиумите даваше изјава, а ние не прескокнавме и го прашавме неколку прашања за фестивалот. Во продолжение краткото интервју што Сергеј Попоски го даде за Инфо-Прилеп. Инфо-Прилеп: Сергеј, во месец Мај оваа година учевствуваше на фестивалот Smotra во Ново Село, што ќе кажеш за фестивалот? Сергеј Попоски: Smotra фестивалот беше сосема неочекуван. Предлогот го добив од Огнен Неделкоски, кој ми испрати порака на месенџер во која пишуваше „Можеш да настапуваш на фестивалот“ и ми беше чест што стапив во контакт со нашиот пејач кој сите добро го познаваме Трајче Ѓорѓиев. Тој фестивал беше многу убаво организиран, организацијата беше сосема топ, а градоначалникот на Ново Село многу убаво ...

Тhe Doctors со прекрасен музички настап во клубот „Калинка“ во Прилеп

Настапот започна во 22:30 часот, а траеше до 01:00 часот по полноќ... Прилепската музичка група The Doctors направија прекрасна три часовна музичка забава во Прилеп. Забавата беше синоќа во клубот „Калника“ во Прилеп, а Т he Doctors која е во состав на Марко Стојаноски (гитара), Ѓорѓи Петкоски (бас гитара), Филип Сотиров (гитара), Вилијам Спиркоски (тапани) и Сергеј Попоски (вокал) направија навистина извонредна и незаборавна музичка вечер во срцето на Прилеп. Вилијам Спиркоски, вели дека пред настапот се чуваствуваат еуфорично, но сето тоа им давало мотивација за да отсвиреле така како што треба, а според Спиркоски во Прилеп нема доволен број на локали каде можеле да се истакнат прилепските бендови за алтернативна сцена. „Супер се чувствуваме, секако еуфорично пред секој настап. Сето тоа ни дава мотивација за да отсвириме така како што треба. Во Прилеп нема доволен број на локали каде можеме да се истакнеме ние прилепските бендови за алтернативна сцена. За вечерашниов настап не по...

Ана Бекута за доаѓањето на Дара Бубамара во жири комисијата во Ѕвездите на Гранд

Ана Бекута во изјавата за српските медиуми го спомна и заминувањето на Марија Шерифовиќ од „Ѕвездите на Гранд“... Пејачката и една од членовите на жири комисијата од најгледаното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ за српските медиуми го коментираше доаѓањето на новиот член во жири комисијата, Дара Бубамара. Пред неколку дена од продукцијата „Гранд“ официјално беше соопштено дека Дара Бубамара од октомври во новата сезона од ннатпреварувањето ќе биде новиот член на жири комисијата.  Имено, Бекута за српските медиуми вели дека се радува за нејзиното доаѓање во жири комисијата, а според неа Дара каде и да се појавела носела добра енергија и ведрина. „ Мене ми е навистина драго што Дара е тука. Таа носи ведрина и добра енергија каде и да се појави. Секогаш е некое „невреме“ околу неа. Таа за сите овие години научи да работи и секако секоја и чест. Нека дојде Дара!“- вели Бекута за доаѓањето на Дара Бубамара во жири комисјата од „Ѕвездите на Гранд“ Имено, Бекута во интервјуто до...

Се ближи концертот на летото: Јелена Розга под ѕвездите во Античкиот театар во Охрид!

Јелена Розга на 29 Јули со концерт на Античкиот театар во Охрид... Одбројувањето започна! До големиот концерт на Јелена Розга во Античкиот театар во Охрид остануваат само уште неколку дена, а дека   интересот за ова музичко доживување е огромен зборува фактот што бројот на влезници во продажба веќе е ограничен. Настанот, кој се најавува како концерт на летото, ќе се одржи на 29-ти јули и ќе донесе симфониски спектакл под отворено небо  – вечер на емотивни балади, незаборавни хитови и сценска магија во придружба на гудачки оркестар . „Кога првпат го видов театарот, знаев – еден ден морам тука да настапам, и еве, тој ден доаѓа"- вели Розга и додава дека со нетрпение го чека 29 јули. Концертот под светлината на ѕвездите и во волшебниот амбиент на Античкиот театар се очекува да биде врвна музичка вечер, каде секој тон ќе ја пренесе страста и емоцијата што Јелена  Розга несебично ја споделува со својата публика. Нејзините настапи се познати по високо ниво на продукција, харизм...

„По друм одам мајче“ во изведба на Мина Блажев - нова песна од проектот Македонијо во срце те носиме

Приказната „Македонијо, во срце те носиме" продолжува: МИНА БЛАЖЕВ со топла и емотивна изведба на „По друм одам мајче"... Со огромна почит кон македонското музичко наследство во рамки на проектот  „Македонијо, во срце те носиме" , ни пристигнува шестата преработка – темата  „По друм одам мајче"  во топла и емотивна изведба на  Мина Блажев . Оваа безвременска народна песна, која векови наназад живее како симбол на љубовта и болката, во најновото аранжерско видување на маестро  Николче Мицевски , добива современ звук, но го задржува своето срце – македонското. Секоја нота, секој збор од  „По друм одам мајче"  нѐ потсетува дека македонската песна не е само уметност – туку жив споменик на душата на народот. Оваа песна не само што е дел од нашето фолклорно богатство, туку е и огледало на нашата историја, на љубовта и жртвата, на тишината што зборува повеќе од зборови. Проектот, зад кој стои  Скендеровски продукција , веќе силно одекна со претходните из...

Концерт „Звуците на градот“ в петок во Прилеп

 Концертот ќе биде на платото од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... „Звуците на градот“- вечер на староградска музика ќе се одржи на 25 Јули (петок) 2025 година ов 20:30 часот на платото пред НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп. Убава вечер на староградска музика во организација на НУЦК „Марко Цепенков“ -Прилеп ќе се одржи в петок вечер. На платото пред Цепенков со почеток од 20.30 часот  ќе се одржи манифестацијата „Звуците на градот“, која веќе неколку години предизвикува интерес. Ќ е се претстават групи кои ја негуваат староградската музика. Своите достигнувања преку песната ќе ги пренесат   Женска та пејачка група „Преродба“, п ејачка та група „ Орхидеја“ , КУД „Пере Тошев“, Октет Прилеп и КУД„Пензионер“. Ова ќе   биде уште една убава музичка вечер, што традиционално ја организиара НУ ЦК „Марко Цепенков“-Прилеп. „Звуците на градот“- вечер на староградска музика ќе се одржи на 25 Јули (петок) 2025 година ов 20:30 часот на платото пред НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп....

(ВИДЕО) „Ова лето“ – Летна химна на „Здраве Мјузик“ од срцето на Охрид

„Здраве Мјузик“ со нов летен хит „Ова лето“... Со ритам на морски бранови, свежа енергија и позитивна вибрација, македонската музичка сцена доби нов летен хит. Станува збор за песната „Ова лето“, најновото музичко остварување на „Здраве Мјузик“ зад кое стои креативен тим од врвни автори и визуелни уметници. Групата, составена од Бојан Здравески (хармоника и вокал), неговиот брат Дарко Здравески (кларинет), и вокалистот Благојче Тодоровски, вообичаено е препознатлива по изведби на народна музика. Но поради сè поголемиот интерес и настапите низ клубовите, тие решија да направат чекор напред и да го прошетаат својот талент низ нов музички жанр. „Сакавме да направиме нешто освежувачко, забавно, но и автентично. Музика што ќе ја почувствуваш од првиот такт, баш како првиот летен допир со езерската вода“ -вели Бојан. Песната е замислена како химна на летото – полна со слобода, љубов и младешка разиграност. За музиката и текстот се погрижија токму Браќата Арџиќ, кои веќе важат за едни о...

Симон Трпчески со стоечки овации во бразилската метропола Сан Паоло

Симон Трпчески имапе стоечки овации во Сан Паоло... По настапите на отворањето на 39-от Фестивал „Будва – Град театар“ во Црна Гора и во рамките на на Фестивалот „ВондерФил“ во Холандија, каде што заедно со своите пријатели Крстев, Сомов, Мамудов и Нушев го изведе проектот МАКЕДОНИСИМО, јулските концерти на македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески значеа неколкудневен престој на сцените во бразилската метропола Сао Паоло.   Серијата стартуваше со рецитал на 13 јули, по што дури 3 вечери (од 17 до 19 јули) како солист на Симфонискиот оркестар на Сао Паоло, под диригентската палка на прославениот маестро Васили Петренко, Трпчески   учествуваше во изведбата на Концертот за пијано и оркестар број 1 од Чајковски. Бразилската публика со овации ги поздрави сите изведби, а вистински куриозитет беа и македонските знамиња во публиката. На топлиот прием нашиот пијанист возврати со изведби на бис – од Вила Лобос, преку Бужаровски, до фрагмент од МАКЕДОНИСИМО. Концертите со сво...

(ВИДЕО) „Нема те“ нова песна на Огнен Здравковски

Огнен Здравковски со нова песна под наслов „Нема те“... По успешната „Ломи ме“, која излезе пред околу еден месец и наиде на одличен прием од публиката, Огнен Здравковски повторно допира до емоциите – овој пат со својата најнова песна „Нема те“. Во време кога паралелно работи на нови песни наменети за пазарот во соседството и активно учествува во продолжението на проектот „Македонијо, во срце те носиме“, Огнен уште еднаш докажува дека неговата инспирација не запира. „Нема те“ е повеќе од песна – тоа е музичка исповед. Делo кое ја отсликува болката од загубата, љубовта што останува како лузна, како тивко ехо во срцето. Музиката и аранжманот се потпишани од Димитар Андоновски, додека текстот е дело на еден од најбараните и најценетите балкански текстописци – Милан Милетиќ. Песната доби и визуелен израз во форма на видеоспот што плени. Снимен на неколку магични локации, делумно во прекрасниот хотел „Изгрев“ во Струга со поддршка на Фибула травел, видеозаписот нуди мирни пејзажи кои соврше...