Пређи на главни садржај

Отворена е изложбата „Благовестие во бои” од уметникот Златко Лечковски



Изложбата е посветена на семејството христијански светци…


По повод празикот и патрон на град Прилеп, Свети Никола денеска во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков”-Прилеп беше отворена изложбата на икони од битолскиот уметник Златко Лечковски. Изложбата е во годишната програма за работа на НУЦК„Марко Цепенков”-Прилеп и истата е со наслов „Благовестие во бои”, а е организирана од страна на Општина Прилеп и НУЦК„Марко Цепенков”-Прилеп.

На изложбата има изложени 20 дела (икони), а како главна се двои иконата на светиот Никола.

Златко Лечковски за неговата изложба вели дека делата се изработени во техниката акрил, а меѓу нив е мотивот на христијанските светци. Лечковски во својата изјава за медиумите додава дека неговото творештво го посветува на целата иконографија затоа што тоа била неговата мисија.

Горјан Василески кој е куратор на изложбата од Лечковски за изложбата од Л вели дека византиската уметност се доближувано кон духовниот свет и преку него го забележуваме тој спој помеѓу материјалното и духовното. Фреските најмногу се анализираат преку очите. Василески исто така вели дека Лечковски е сериозен иконописец затоа што тој ги живее правилата, а христијанското чувство и сваќање го пренесува на другите.

Имено, на изложбата присутни беа прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, претседателката на Советот на Општина Прилеп, Ирена Стерјовска-Локвенец, портпаролот на Општина Прилеп, Христијан Тунески како и директорот на НУЦК„Марко Цепенков”-Прилеп, Марија Попова-Јованоска.

Инаку, Златко Лечковски е роден во Битола во 1982 година.

Од најмала возраст се пронаоѓа во ликовната уметност.Како средношколец, две години работи како ученик во ателјето при храмот “Пресвета Богородица“ во Битола, кај еминентните зографи Ристо Димовски и Никола Крнчев, и тогаш за првпат зема учество во групната изложба на икони, во организација на таа иконописна работилница.

Во периодот што следува, се посветува на изработка на икони за иконостаси, како и делови од живопис на ѕид, во неколку цркви и манастири во Преспанскиот регион, како и во соседна Грција. Со негови икони учествувал во неколку заеднички изложби, како и 10-тина самостојни, во најразлични градови од нашава земја Негови дела можат да се видат низ земјите од Европа, а значајно е да се спомнат неколкуте икони што ги изработува за бискупот на Англиканската црква Ричард Чартрес и една икона за папата Франциско.Денес Лечковски живее и работи во родната Битола.


Љубителите на уметноста изложбата од Лечковски ќе можат да ја видат до 25.12.2024 година до 10:00 часот наутро.

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...