Пређи на главни садржај

Во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп утре ќе биде отворена изложбата на дела од „Мал Битолски Монмартр“

Изложбата е во ликовната галерија од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

Во ликовниот салон од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп утре ќе биде отворена изложбата на дела од Малиот Битолски Монмартр.

Иложбата е единаесетта изложба по ред од светската ликовна колонија „Мал Битолски Монмртр“ во Прилеп која што е во соработка со НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп. Битолското детско ликовно студио свети „Кирил и Методиј“ кое работи 57 години, во последниве 44 години редовно ја организира оваа најстара светска детска ликовна колонија, на која што само на конкурсот „Битола“ за 2024 година имаше пристигнато околу 800 пратки од исто толку државни и приватни школи од над 85 држави кои генерираат фонд од над 60.000 детски ликовни цртежи. Всушност, тоа е и основ и мотив од 23 до 31 мај во Битола да бидат поканети 25 делегации од 22 држави кои учевствуваат со над 180 учесници на 43 издание на „Мал Битолски Монмартр“ на кој традиционално 7 дена се твореше на тема староградска битолска архитектура, а беа реализирани и еднодневни посети во Охрид и илјада годишниот манастир свети „Јован Битолски“.

Колонијата има генерирано над 600 дела со што вкупниот збир на цртежи на конкурсот и колонијата надмина над 1.500.000 цртежи за 44 години. Во Прилеп е под насловот „Мал Битолски Монмартр“. Детското ликовно студио свети „Кирил и Методиј“-Битола со НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп веќе 11 години без прекин ја реализираат изложбата на сегмент од овие дела со надеж дека учесниците наскоро ќе можат еден работен колонски ден да поминат и во Прилеп.

 

#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...