Нова кавер-приказна од младиот кумановски вокал Никола Милосковски: Емотивната балада „Лутка“ доби нова душа (фото+видео)
Новата кавер верзија од страна на Милосковски е на песната „Лутка'' во оригинална верзија од Саша Ковачевиќ... Ако ова лето вниманието ви го привлече младиот, харизматичен и исклучително талентиран кумановец Никола Милосковски со неговиот прв кавер за култната песна „Полско цвеќе“ отпеана од македонската музичка икона Тоше Проески, тогаш неговото најново музичко изненадување сигурно ќе ве натера повторно да притиснете „play“. Овој пат, предновогодишно и токму во вистински момент, Никола се претставува со своја верзија на емотивната балада – песната „Лутка“ од Саша Матиќ. Станува збор за песна што, како што самиот тој признава, одамна ја носи во себе. „Ја имам слушнато многу одамна и некако буди посебна емоција во мене. Во комбинација со мелодиската линија, буквално ми е по мој вкус“- вели Никола, додавајќи дека токму ваквите балади му дозволуваат да го покаже својот вистински вокален и емоционален израз. Во време кога каверите често звучат исто, Милос...