Процеп во процес 7 во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... Вечерва од 19 :3 0 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи седмата панел дискусија од проектот „Процеп во процес“ на која ќе се дебатира за Бекет и Пинтер и за актуелноста на театарот на апсурдот денес. З а овие прашања од драматуршки, семантички, но и од аспект на преводот на драмските дела на театарот на апсурдот на македонски јазик, ќе говорат драматургот и преведувач Лидија Митоска-Ѓорѓиевска и книжевникот и преведувач Марио Стојаноски. Модератор ќе биде Александар Еленин . Она што некогаш беше филозофски пристап и концепт на драмската и театарската уметност кон реалноста преку акцентирање и актуелизирање на егзистенцијални прашања и ситуации, денес е претворено во гола реалност на постоењето во актуелното општество и устројство на светот. Воведната „Не може ништо да се направи“ од „Чекајќи го Годо“, од семантички и повеќеслоен симбол на „удобната изгубеност“ на драмскиот лик, стана сурова реалност на ак...