Изложбата е поставена во ликовниот салон при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... Со денешното отворање на традиционланата изложба на маски започнаа чествувањата за празникот Прочка во Прилеп. На изложбата можеа да се видат стотици убави маски кои беа изработени во различни техники. Традиционланата изложба на маски во Прилеп е од награден карактер, поставена е во ликовниот салон од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп, а граѓаните ќе можат да ја погледант во наредниве седум дена. Хана Ајровиќ, ученичка во ООУ„Пере Тошев’’ во прилепско Десово вели дека нејзината маска ја правела две недели, дека немислела дека ќе освои награда и дека на изложбата учевствувала од шесто одделние. „Маската ја започнав да ја правам пред две недели. Маската е направена од природни материјали како пердуви од гулаби, вуница, кора од дрво и слично. Маската ја правев сама и не мислев дека ќе освојам награда, а на изложбата учевствувам од шесто одделение.“ –вели Ајровиќ. Матеј Тодоров, ученик во ООУ„Блаже Конески“-Прилеп...