Пређи на главни садржај

Постови

Приказују се постови за октобар, 2026

„Вонка": ново поглавје за ронка

Компилацијата „вонка" е прво заедничко дискографско издание на Стотројка и Мртов коњ...   Неодамна излезе „вонка" , компилација од песни на Бранко Бјадов, млад музичар и композитор од Струмица, селектирани од неговите досегашни музички изданија под името alone in a crowded room . Со ова издание, Бранко го претставува и својот нов псевдоним ронка и започнува ново музичко поглавје. Бранко Бјадов е ненаметлив автор кој со години гради свој музички свет, интимно дневничарејќи низ звук и збор. „вонка" е истовремено ослободување и заокружување на еден долгогодишен креативен опус. . „ ронка се свива и легнува точно во празнината што ја носиш сред твоето јадро. Ги шепоти кревкостите премали за да ги видиш. Ги чувствува болките преголеми за да ги соочиш."- в ака за компилацијата пишува Рина Јанкуловска од Стотројка. Дигиталното издание доаѓа заедно со лимитиран тираж разгледници со мотиви од анимираниот филм на младата ликовна уметница Ангела Георгиевска, инспириран од и...

Впеток се одбележуваат 20 години од смртта на Димитрие Османли и 65 години од „Мирно лето“

Настанот ќе се одржи во Кинотеката на Македонија со почеток во 19:00 часот... Во петок, на 30 октомври, со почеток во 19:00 часот, Кинотеката на Македонија ќе одбележи две значајни годишници од историјата на македонската кинематографија: 20 години од смртта на режисерот и филмски автор Димитрие Рули Османли и 65 години од снимањето на „Мирно лето" (1961), првата македонска филмска комедија и првиот филм во македонската кинематографија режиран од македонски филмски автор. Освен „Мирно лето", во рамките на програмата ќе бидат прикажани и документарниот филм „Девојките од Мали" (1963), како и Филмските журнали бр. 4 и бр. 6 од 1946 година, исто така во режија на Османли, кои претставуваат драгоцено сведоштво за времето и за развојот на филмската продукција во Македонија. Димитрие Османли е автор и на редица други значајни остварувања во македонската играна и документарна продукција. Покрај гореспоменатите, тука се и играните филмови „Мементо" (1967), „Жед" (1971) ...

УТРЕ ПОЧНУВА ФЕСТИВАЛОТ НА ЧАЈ: „АРОМАТИЧНАТА МОЌ НА БИЛКИТЕ“ СО ПОВЕЌЕ ОД 30 УЧЕСНИЦИ

Фестивалот на чај е на приземјето од Скопје Сити Мол... Од 30 октомври до 1 ноември, на приземјето во Скопје Сити Мол, ќе се одржи единаесеттото издание на „Фестивалот на чај“ , во знакот на „Ароматичната моќ на билките“ . Повеќе од 30 учесници, сертифицирани билкари, чајни мајстори, креатори на чајни тинктури и љубители на чај од земјава и од странство ќе ги претстават своите производи и знаење, нудејќи им на посетителите ретка шанса да откриваат различни вкусови да дегустираат и да уживаат во аромите што ги слават природата и нејзината разновидност.   Фестивалот и годинава ја поврзува традицијата со едукацијата, културата и современите практики. Посетителите ќе можат да проследат и работилници, панел-дискусии, презентации и уметнички перформанси, преку кои, чајот и билките ќе бидат претставени од различни перспективи – од македонското традиционално билкарство и планинските чаеви до размена на меѓународно знаење и искуства.   Во фестивалската понуда ќе учествуваат: La Soy ...

Наде Талевска и Бојан Стојков со „Barcelona“ на сцената на Филхармонија

Рокот и операта се среќаваат во „Barcelona“: Наде и Бојан во заедничка изведба... Кога Фреди Меркјури посакал да запее со Монсерат Кабаље, не ни можел да замисли дека нивната соработка ќе создаде песна по која ќе се памети една цела олимпијада. На 16 ноември, оваа песна ќе биде дел од „Flowers Symphony 2“ во Македонската филхармонија, каде што Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует во придружба на Оркестар DIVA под диригентска палка на Владимир Димовски. Зад песната стои долгогодишното восхитување на Меркјури кон оперската пејачка Кабаље. Иако публиката го познавала по настапите со Queen и по неговата сценска енергија, операта имала посебно место во неговиот музички свет. Во телевизиско интервју во 1986 година зборувал за гласот на шпанската сопранистка и за желбата да ја запознае. Неговите зборови стигнале до неа, а во март 1987 година двајцата конечно се сретнале во Барселона. Она што Меркјури првично го замислувал како соработка за една песна добило многу поголеми...

КОКИ СО СОЛЗИ ЗА ДУЛЕ: ПОСЛЕДНАТА СРЕДБА, АЛКОХОЛОТ И ВЕСТА ШТО ГО СКРШИЛА!

Коки Јанков во емисијата „Icon Show“ зборуваше за Дуле... По 13 години, Коки Јанков во „Icon Show“ кај Давид Давидовски со потресна исповед за својот пријател и музички партнер Дуле. Последната средба, проблемите со алкохолот, несогласувањата и болниот момент кога дознал дека Дуле починал – приказна што отвора стари рани и буди силни емоции. Коки откри и детали за својот живот, а најави и голем концерт на 14 ноември во Македонската филхармонија, по повод 30 години од легендарната „Виолина и гитара“. #Магазин

МАКЕДОНСКИOT КРЕМ – ДЕ ЛА КРЕМ НА КОНЦЕРТЕН ПРЕДНОВОГОДИШЕН СПЕКТАКЛ СО ЕДЕН НЕЗАБОРАВЕН КОНЦЕРТ...СУЗАНА, НАУМ, МИЛЕ И БАЖЕ И НИВНИТЕ ГОСТИ ВО КАФЕАНСКА НОЌ ЗА ПАМЕТЕЊЕ!

Наум Петрески, Миле Кузмановски, Сузана Гавазова и Благоја Грујовски со предновогодишен концерт на 25 декември во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје... Нашите македонски музички ѕвезди Сузана Гавазова , Наум Петрески, Миле Кузмановски и Благоја Грујовски најавуваат музички предновогодишен спектакл каков што до сега немаме видено. Тие од оваа година, па секоја наредна започнуваат традиција која ќе се памети. Серија концерти кои ќе бидат предновогодишна традиција за сите љубители на добрата македонска песна. Концертот е закажан за 25 декември (петок) со почеток во 20:00 часот во специјално подготвен амбиент во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. „Време е за нешто поинакво... Време е македонската музика да ја ставиме во прв план! На 25 декември во Јане Сандански нема да се случи обичен концерт, ќе се случи вечер за паметење, каде што ние изведувачите, придружувани од голем оркестар ќе бидеме едно со нашата публика. Ќе приредиме традиционален македонски амбиент со вис...

„ТАНЦОВИЗИЈА 2026“ – прослава на танцот, различностите и заедништвото

 Престставата ќе се игра во Националната опера и балет во Скопје...   Танцовото студио Dancers United на 9 декември 2026 година ќе ја одржи „ ТАНЦОВИЗИЈА 2026 “, својата 13 инклузивна танцова претстава, посветена на славењето на различностите, инклузијата и моќта на танцот да ги обединува луѓето. Претставата се реализира по повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост , ден посветен на подигнувањето на свеста за правата, достоинството, можностите и еднаквото учество на лицата со попреченост во општеството.   Настанот ќе се одржи на сцената на Националната опера и балет во Скопје, со две претстави, во 18:00 и во 20:00 часот.   Инклузивните танцови претстави се важен дел од приказната на Dancers United. Нивната традиција со години испраќа порака дека танцот е универзален јазик што ги поврзува луѓето, без оглед на возраста, можностите и способностите. Преку овие настани, студиото создава простор за изразување, прифаќање и заедничко славење на...

Кети Пери и Мартин Герикс добија јакни со потпис на Сатја Грабулоски - македонски шмек во плакарите на светските ѕвезди

Кети Пери и Мартин Герикс со јакни со потпис на Сатја Грабулоски... Канадската пејачка Кети Пери и холандскиот диџеј Мартин Герикс се најновите имиња на А- листата на селебрити кои добија јакни со потписот на Сатја Грабулоски. Двете јакни се изработени рачно, специјално за нив, од вегански материјал, а потао се рачно насликани. „Јакната на Кети е инспирирана од нејзината неверојатна кариера, а во четирите букви од нејзиното име, кои доминираат на грбот, се насликани четири приказни инспирирани од четири нејзини песни. Онаа на Герикс, пак, е инспирирана од неговата страст за уметност, а низ неа е скриено името Marty, како што го викале кога бил дете, но и како што ќе се вика неговиот претстоен албум. За оваа јакна ни требаа околу 120 часа рачна работа.“-  вели Грабулоски. Јакните на светските уметници им беа предадени летово, на фестивалот Sunny Hill, од страна на Дуа Липа и нејзиниот татко Дукаѓин (Дуги) Липа, кој е основач на фестивалот. Тие неколку години наназад соработуваат со ...

18 години по култната „Итно ми требаш“, Јован Јованов и Тони Зен ја снимија „Уште ми требаш“

Песната премиерно ќе биде изведена на овогодишното издание на фестивалот за забавни мелодии „Макфест“... Пред полни 18 години Јован Јованов, Тони Зен и Ламбе Алабаковски ја испеаја култната „Итно ми  требаш“, а сега, на 31 октомври, на Макефест 2026, Јован и Тони се враќаат со продолжение,  песната наречена „Уште ми требаш“. „Уште ми требаш“ е продолжение на приказната од „Итно ми требаш“. Некои песни не можат да се повторат, но некои приказни заслужуваат да продолжат. „Итно ми требаш“ беше приказна за незаборавна ноќ - излегуваш во клуб, некоја намерно те погледнува и намерно ти се насмевнува и... итно ти треба. „Уште ми требаш“ е поемотивна, се работи за спомен кој не е избледен, едно убаво сеќавање.  Целта на приказната е тоа што се случува сега. Затоа и текстот на песната е поемотивен. Веќе не се работи за провод се работи за чувства што останале.“- вели Јованов за новата песна. „Уште ми требаш“ ќе ја има својата премиерна изведба на годинашниов „Макфест“ (сабота, 31 ...

Беслатен онлајн час по биоградинарство

ЗОКУМ со бесплатен онлајн чаc по биоградинарство... Здружението за образование, култура и уметност ЗОКУМ-Прилеп, в четврток на 5 ноември од 19:00 часот ќе реализира бесплатен  онлај час по биоградинарство.  „Целта е луѓето кои се заинтересирани за еколошко производство на храна да се запознаат со биоградианрството како метода на одгледување храна без користење на хемиски средства и вештачки ѓубрива. Часот најмногу е  наменет на оние што сакаат да почнат со производство за свои потреби, но немаат знаење и искуство, како и на оние искусни производители кои сакаат конвенционалното земјоделство да го заменат со биоградинарење.“- велат организаторите. Темите за кои ќе се зборува е производството на биозеленчук, подготовка на средства за заштита и прихрана на растенијата како и агротехнички методи во производството.  Предавањата ги води, дипломираниот  земјоделски инженер во насоката градинарство и цвеќарство Филип Димкоски.  Часот ќе се одвива онлајн преку платф...

Отворена изложбата „Конгломерати“ од уметникот Сашо Ацковски во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Изложбата е поставена во Ликовната галерија при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... Синоќа во Ликовната галерија од Националната установа центар за култура „Марко Цепенков" во Прилеп беше отворена изложбата на слики "Конгломерати" од академскиот уметник Сашо Ацковски, кој пред прилепчани се претстави со околу 25  дела, кои  се изработени во акрилна техника и на нив е преставена организирана концентрација на различни елементи по својата природа. Од една страна има апстрактни мотиви создадени од човечка рака, а од друга страна има електронски индустриски делови создадени од машина.На овој начин уметникот го пресликува современото општество во уметничкото дело. „Целта со изложбата ми е да ја поттикнам публиката  да размисли за балансирана и контролирана употреба на техниката и технологијата во секојдневниот живот. Да ја користи истата само како средство, односно алатка за подобро опстојување и функционирање во општеството, а со самото тоа  да се постигне враќање кон реалните...

Калиопи ја претстави новата песна „Лаж“

Калиопи премиерно на солистичкиот концерт минатиот викенд во Скопје ја престави нејзината нова песна под наслов „Лаж“... „Лаж“ е песната која  беше премиерно претставена на големиот солистички концерт на Калиопи минатиот викенд, пред многубројната публика во Т арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Комплетен автор на песната е Ромео Грил  кој ги има напишано музиката, текстот, аранжманот и продукцијата. Видео спотот е во режија на Лука Сеп , а продукцијата е на Kavakava Production . „Лаж“ можете да ја слушнете на сите дигитални платформи. #Естрада

11. ФЕСТИВАЛ НА ЧАЈ СО НАД 30 УЧЕСНИЦИ И МЕЃУНАРОДНА ПРОГРАМА

Од 30 октомври до 1 ноември, на приземјето во Скопје Сити Мол, ќе се одржи единаесеттото издание на „Фестивалот на чај“ , во знакот на „Ароматичната моќ на билките“ ... Повеќе од 30 учесници, сертифицирани билкари, чајни мајстори, креатори на чајни тинктури и љубители на чај од земјава и од странство ќе ги претстават своите производи и знаење, нудејќи им на посетителите ретка шанса да откриваат различни вкусови да дегустираат и да уживаат во аромите што ги слават природата и нејзината разновидност.   Фестивалот и годинава ја поврзува традицијата со едукацијата, културата и современите практики. Посетителите ќе можат да проследат и работилници, панел-дискусии, презентации и уметнички перформанси, преку кои, чајот и билките ќе бидат претставени од различни перспективи – од македонското традиционално билкарство и планинските чаеви до размена на меѓународно знаење и искуства.   Во фестивалската понуда ќе учествуваат: La Soy &LaCha , Билна Аптека „Матија“, Роза Канина Ресен, Ли...

МИЛА АНАСТАСОВСКА ПРОГОВОРИ ЗА НАЈТЕШКИТЕ МОМЕНТИ ВО ЖИВОТОТ: МАЈКА Ѝ ВО ЗАТВОР, ТАТКО Ѝ ПОЧИНАЛ, А ТАА СЕ БОРЕЛА ЗА ОПСТАНОК!

Мила Атанасовска гостуваше во емисијата Icon Show и проговори за нејтешките моменти во животот... Популарната тиктокерка гостуваше во емисијата ICON SHOW на Давид Давидовски, каде зборува за периодите од животот што ја ставиле пред сериозни искушенија. Меѓу најтешките моменти што ги споделува се престојот на нејзината мајка во затвор, смртта на нејзиниот татко и периодот кога возела камион за да обезбеди егзистенција. Анастасовска зборува и за сексуалноста, тема што и понатаму предизвикува поделени мислења во Македонија. Нејзината изјава „Секој човек е роден како бисексуалец!“ отвора дискусија за личните убедувања, сексуалната ориентација и општествените предрасуди. Во разговорот се испреплетуваат лични искуства и прашања за тоа колку е тешко да се продолжи напред кога животот носи загуби и неизвесност. Нејзиното гостување е можност публиката да слушне поинаква перспектива и да размисли за предизвиците со кои се соочуваат луѓето зад јавните профили на социјалните мрежи. Интервјуто отво...

Впонеделник во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп годишен конецрт на Октетот Прилеп

Концертот ќе се одрѓи во големата сала од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... На 26 -ти Октомври 2026 година  (понеделник) од 18:00 часот во големата сала од Националната установа центар за култура  „Марко Цепенков“-Прилеп концерт ќе одржи Октетот Прилеп. Октетот Прилеп ќе го одржи својот годишен концерт. Ќе се претстави со дел од својот репертоар на староградска песна , но и избор на ново подготвени композиции, со кои ќе го предизвика интерсот на јавноста. Гости на вечерта се Сашо Башески, Викторија Георгиеска и Михаил Милошески.  Октетот Прилеп, долги години работи под патронство на Центарот за култура „Марко Цепенков“-Прилеп и има реализирани многубројни концерти во земјава и учествувано на фестивали. #Култура

Вчетврток во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп изложба „Конгломерати“ на уметникот Сашо Ацковски

Изложбата ќе биде поставена во Ликовната галерија при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... На 22.10.2026 година (четврток) од 19:00 часот во Ликовната галерија од Националната установа центар за култура  „Марко Цепенков“-Прилеп ќе биде отворена изложбата „Конгломерати“ од Сашо Ацковски. Изложбата содржи околу 25 дела, изработени во акрилна техника на платно на блинд рамови, со прилепени (колажирани) електронски делови, со различни димензии. Како што кажува и самиот наслов, во делата е преставена организирана концентрација на различни елементи по својата природа, од една страна апстрактни мотиви создадени од човечка рака и од друга страна електронски индустриски делови создадени од машина, на тој начин пресликувајќи го современото општество во уметничкото делото. Иако спротивни по својата природа елементите меѓусебно се испреплетуваат и создаваат една меѓусебна синергија, односно нова целина, нова реалност. Се додека постои урамнотеженост помеѓу спротивностите, конгломератот функционира, ...

Утре во Прилеп проекција на филмот „Скејтбордингот не за девојчиња“ на Дина Дума

Проекцијата е закажана за во 19:00 часот ви киното Мис Стон во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... Утре, 21 Октомври 2026 година (среда) од 19:00 часот во кино Мис Стон  кое работи во склоп на Националната установа центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се прикажува филмот „Скејтбордингот не за девојчиња“, филм на Дина Дума За филмот: Кога сиромаштијата го загрозува нејзиното семејство, Адела мора да се бори преку својата страст кон скејтбордингот против конзервативното традиционално општество, за да ја спаси својата постара сестра – која сè уште е малолетна – од судбина што станува неизбежна: договорен брак. Времетраење: 83 минути/ Влезници можат да се набават на билетарницата од киното во понеделник, вторник и среда од 11:00 до 13:00 часот и еден час пред проекцијата на филмот. #Култура

Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола

Концертот на Скендеровски во Битола е закажан за 30 октомври... Најавениот битолски к онцерт на Бојана Скендеровски добива уште една музичка димензија. На 30 октомври, во Центарот за култура, покрај песните што ја одбележаа нејзината кариера, публиката ќе има можност да го слушне и Димитар Андоновски, нејзин драг колега и музичар со кого ја поврзува и соработката на песната „Оди си". Андоновски го потпиша аранжманот за оваа нумера, а сега со Бојана ќе се сретне и на сцената, во вечер во која музичката приказна ќе ја надополнат и нивната колегијалност и заедничката работа. Неговото гостување е дополнителна причина концертот во Битола да донесе и поинакви моменти, надвор од вообичаениот концертен репертоар. За Бојана, настапот во Битола, п о успешните дружења во Скопје, Штип и Тетово, е можност повторно да се сретне со публиката во градот што ѝ е особено драг, овојпат со изненадување за посетителите и музички гостин со кого ја поврзува и една од нејзините песни. Концертот е закажа...