Изложба е во кафе галеријата „Лувр’’во Прилеп...
Друштвото на ликовни
уметници Прилеп (ДЛУП) вечерва во 19:00 часот во кафе галеријата „Лувр’’-Прилеп
ќе ја претстави својата последна изложба за оваа година. Изложбата е под наслов
„Избери ме“, а носител на овој проект е уметникот Александар Џинго.
Имено, организторите за
изложбата велат дека е обелоденување на уметниците и повикаа на интеракција со
набљудувачите за разбудување на важноста за уметноста во секојдневниот живот. Организаторите
во изјавата за медиумите додаваат и дека преку уметничкото дело треба да се
избере уметноста како највисок фактор за препознавањето за една култура,
традиција како и за цивилизациски развој.
На изложбата со свои дела ќе се претстават уметниците Кирил Гегоски, Елена Димоска, Александар Џинго, Емил Солески, Методи Исков, Славчо Павлески, Филип Јовески, Верче Николоска, Марјан Стојаноски, Маја Ралева-Миладиноски, Филип Перески, Стефан Анчевски, Александар Џинго и Дарко Талески, а изложбата на ДЛУП е поддржана од Општина Прилеп.
#Култура

Коментари
Постави коментар