Пређи на главни садржај

Постови

Приказују се постови за фебруар, 2026

Дали водителката Драгана Катиќ ќе биде член на жири-комисијата во „Никогаш не е доцна“?

Ова прашање доаѓа по емитувањето на минатата емисија од „Никогаш не е доцна“ каде Катиќ беше во улога на член на жири комисијата... Во минатата емисија која беше емитувана на 22.02.2026 година гледачите ширум балканот имаа можност водителката на „Никогаш не е доцна“ Драгана Катиќ, да ја видат како член на жири комисијата во ова балканско музичко шоу. Авторот на емисијата познатиот Саша Јакшиќ-Жика ја отвори емисијата сам на сцената, бидејќи водителката Катиќ овој пат седеше на познатата жири столици до сталниот член на жири комисијата Саша Милошевиќ-Маре. Покрај Маре и Катиќ во минатата емисија на „Никогаш не е доцна“ член на жири комисијата беше и естрадниот уметник Миле Китиќ., а сите тројца го оцнеуваа пеењето на кандидатите. Имено, како што објаснува Жика Јакшиќ, одлучил да ја исполни желбата на водителката Катиќ да не стои на штикли неколку часови. „Така се договоривме. Тоа го пишува и во нашиот меѓусебен договор да барем еднаш да се одмори од штикли“ -вели Жика Јакшиќ. Инаку, Жик...

Голем концерт на Рита Ора во Охрид

Концертот е закажан за 1 август 2026 година на стадионот Биљанини Извори во Охрид... Светската музичка сензација Рита Ора, на 1 август ќе одржи голем концерт на стадионот „Билјанини извори" во Охрид. Со низа интернационални хитови што го обиколија светот, милијарди стримови, престижни признанија и соработки со најголемите имиња од глобалната музичка сцена, Рита Ора се етаблираше како глобален бренд и еден од најпрепознатливите симболи на современиот поп звук, модна икона и артистка со јасна визија. Кариерата ѝ е обележана со континуиран успех, но и со способност постојано да се трансформира, да експериментира и да остане чекор пред времето. Нејзиниот пат на светската сцена претставува редок спој на комерцијален успех, уметничка конзистентност и прецизно изграден идентитет. Од своите почетоци до денес, Рита Ора континуирано го проширува својот креативен израз, комбинирајќи современ поп, денс и урбан звук со моќен визуелен стил и впечатливо сценско присуство. Таа е препознатлива не ...

Голем осмомартовски базар со најкреативните ракотворци

„За таа што ти е се“-голем осмомартовски базар со најкреативните ракотворци... Во пресрет на Денот на жената – 8 март на приземјето во  Скопје Сити мол   од 5 до 8 март ќе се одржи голем базар под слоганот „ ЗА ТАА ШТО ТИ Е СÈ ".   На базарот учество ќе земат успешните и докажани брендови:  Solar creations,   СОС Детско село,   Coral Jewelry,   LaSoy & LA CHA ,   МЕДЕНА,  Stardust Kejt Rakotvorbi, tilia.organica,  Тиноски,  Добро ми стои ,  M&M Luxury Soap Bouquet, Nebula jewelry, Игнеа Козметика,  Монкдолс,  CustomCakes  од   Бојана Митовска ,  Small piece of joy ,  Epoxy handmade by clay,  Елена Ристовска , MORPHO, Шарено ќоше, ByMimiCosmeti c s, Јулија Барбун,  marcy_s_handmade,  Џули Декупаж,   ЈУНИК КОРНЕР ,   к ожарска работилница Карло Хорват,  Filigree LARGO ,  Botanikly ,   Филигран од срма Софија   и   Витрум Студио.   Кр...

Филмот „Соучесници“ на Марко Новаковиќ вчетврток во киното „Мис стон“

Филмот на Марко Новаковиќ „Соучесници“ ќе се прикажува вчетврток во киното Мис стон“ во Прилеп... На 26 февруари 2026(четврток) од 19:00 часот во киното Мис стон ќе се прикажува филмот „Соучесници“. Влезници на билетарницата од киното од 10 до 13 часот секој работен ден и еден час пред проекцијата на филмот. Податоци за филмот: Автор на сценариото: Огњен Обрадовиќ, Режисер: Марко Новаковиќ, Кинематографер:  Бојан Ракиќ.   „Соучесници“ е  психолошка и социјална драма. Раскажува за идиличниот живот на главните ликови кој нагло се менува по сообраќајна несреќа. Додека се борат да се справат со последиците, ги прогонува совеста, трансформирајќи ја нивната врска и доведувајќи до низа неочекувани настани. Играат: Невена Неранџиќ, Радован Вујовиќ, Аница Добра, Даница Ристовски, Зоран Цвијановиќ, Милица Јаневски, Златан Видовиќ, Анита Огњановиќ, Јован Белобрковиќ, Сара Климоска, Стојан Матавуљ, Хана Јапунџиќ, Факета Салихбеговиќ-Авдагиќ и Петар Новаковиќ. „Соучесници“ е копр...

Поп-рок забава за Прочка во Прилеп: Прилепската група КНАП настапи на летната сцена од НУЦК „Марко Цепенков“

Кнап со настап на летната сцена од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...      Додека најголем акцент за време на празникот Велики Поклади-Прочка во Прилеп се става на тардиционалниот карневал Прочка се забораваат и останатите музички забави во Прилеп и неговата околина.      На самиот ден Прочка на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“-Прилеп се одржа и забава за оние љубители на поп и рок музиката. Присутните на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ ги забавуваше новоформираната група која се занимава со поп-рок музика Кнап.      Ана Цветаноска вокалот на Кнап за Инфо-Прилеп вели дека немаат договор за тоа што ќе свират и дека едноставно изборот и жанрот на музика му дошол по природен пат од музиката која тие самите ја слушаат во слободно време.      „Немавме никаков догвор за тоа што ќе свириме. Едноставно поради музиката која што ја слушаме почнавме да ги свириме овие песни. Природно ни дојде изворот на песни и жанро...

Во Италија промовирано ново вино „Пред дождот"

 Виното е инспирирано од филмскиот класик на режисерот Милчо Манчевски... Реномираниот и талијански новинар и вински  експерт  Марко Поцали го претстави новото авторско вино „Пред дождот" (на италијански Прима дела пјоџа), инспирирано од македонскиот и светски филмски класик на режисерот Милчо Манчевски.   Станува збор за ограничено производство на вино од 100% сорта аглијанико, создадено на падините на Везув, во регионот околу Неапол, на вулканска почва и од органски одгледувани лозја.   Виното е создадено како посвета на култниот „Пред дождот", добитник на Златен лав и уште 9 други награди на Филмскиот фестивал во Венеција во 1994 ,  кој во Италија беше и филм на годината и е вклучен во школското филмско образование, а е и првата македонска номинација за Оскар во 1995.   „Филмот  „ Пред дождот "  ме следи од 1994 година , кога силно ме погоди .  Убавината на филмот, кружната порака што ја носи, идејата дека времето никогаш не чека и ни...

Битолскиот диригент Владимир Димовски ќе гостува во Ниш

 Битолскиот диригент Владимир Димовски денес гостува во Ниш... Битолскиот диригент Владимир Димовски ќе гостува во Ниш, каде ќе диригира со Нишкиот камерен оркестар на концерт посветен на творештвото на Антонио Вивалди. На програмата е „Четирите годишни времиња“, едно од најзначајните и најизведувани дела од барокниот репертоар. Концертот ќе се одржи на 20.02.2026 во Офицерскиот Дом во Ниш со почеток од 19 часот. Роден во 1984 година во Битола, Димовски своето музичко образование го започнува на отсек виола, а академската надоградба ја продолжува на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Уште за време на студиите се истакнува како водач на групата виоли, што претставува рана најава за неговата подоцнежна уметничка и диригентска определба. Во периодот од 2004 до 2025 година, Владимир Димовски е ангажиран во Македонска опера и балет како виолист и заменик-водач на групата виоли. Владимир Димовски е основач на НУ Камерен оркестар на Битола, институција која по повеќегодишна негова ...

Полина Тас ја објави новата песна „Феномен“

 Песната „Феномен“ на Тас е почеток на новомузичко поглавје... Македонската пејачка Полина Тас ја претставува својата нова авторска песна„Феномен“, проследена со впечатлив и визуелно силен видео запис. Со овојпроект, таа започнува ново музичко поглавје во кое автентичноста, емоцијата иличната слобода се во центарот на нејзиниот израз. „Феномен“ е современа поп композиција со модерен звук, која носи порака заиндивидуалност, различност и храброст да се биде свој. Песната зборува заличност која не се вклопува во шаблони, туку токму во тоа ја наоѓа својатасила“- вели Полина Видео записот за песната е снимен на неколку локации, со симболични иминималистички елементи каде ја прикажува уметницата во различни состојби – од ранливост до самодоверба. Преку динамични сцени и внимателно избрана естетика, видеото ја пренесува пораката дека вистинската слобода доаѓа кога ќе ги надминеме сопствените ограничувања. Со ова издание, Полина Тас продолжува да го гради својот препознатлив музички и визу...

Претсавата „Бог на колажот“ на МНТ ќе биде изведена во Прилеп

Претставата ќе биде одиграна во големата сала при НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп... На 28 февруари (cабота) и на 1 Март/ (недела) од 20.00 часот во големата сала од ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде изведена претставата „Бог на колежот“ на МНТ. Претставата е работена по мотивите на „God of Carnage“ на Јасмина Реза.Адаптацијаи режија: Весна Петрушевска Влезниците за претставата по цена од 300 денари се во продажба од денес набилетарницата од Центарот и ќе се продаваат секој работен ден од 11 до 13 .00 часот иод 18 до 20.00 часот и во сабота од 11 до 14.00 ч. Податоци за претставата;  Ко-продукциски проект Превод: Рајна Кошка-Хот Сценограф: Татјана Христоска Костимограф: Наталија Терзија Сценски движења: Кренаре Невзати-Кери Избор на музика: Весна Петрушевска Автор на сонг „Пепел и мрак" Игор Џамбазов Извршни продуценти: Симона Угриновска и Виктор Рубен Играат: Ѓорѓи Јолевски Дарја Ризова Благој Веселинов Наталија Теодосиевa Актерска школа Весна Петрушевска Координатор на технички сл...

Симона Поповска има нова песна под наслов „Небитен"

 „НЕБИТЕН "  емотивна балада посветена на прифаќањето дека  си станал небитен за некој кој  ти е  сè... Симона Поповска   на јавноста ѝ ја претстави својата нова  емотивна поп-балада  насловена   „Небитен" .  Станува збор за   композиција  која ја раскажува приказната за моментот кога сфаќаме дека сме станале небитни за некој што сè уште ни значи.   Автор на м узиката и аранжманот  е  Панче Касапски, додека текстот е  со потписот  на Кристина Зимбакова - Маркоски . Зад п родукција та , микс от  и мастеринг от стои  Дулелуд ,  во соработка со самата Симона, која учествува и во  придружните  вокали . И тука не завршува целиот ангажман на Симона, овојпат таа се погрижи самата и за изгледот и изборот на модните комбинации, односно  уникатните одела на Сигнори. Видеото, пак, е снимено во  планински от  еко центар Grizzly  -   уникатна дестинација на нају...

Хит претставата „Спонзоруша и будала"на 5 април во Скопје - Љубов, пари и моќ на сцена

Претставата „Спонзоруша и будала“ на 5 април (недела) во МОБ... На 5 април 2026 година, сцената на Македонската опера и балет ќе биде домаќин на еден од најинтригантните и најкоментирани театарски проекти во регионот, претставата „Спонзоруша и будала", по текст на Вања Булиќ, во адаптација и режија на Раде Вукотиќ. Станува збор за интелигентна, провокативна и слоевита театарска комедија која под површината на хуморот отвора прашања што силно одекнуваат во современото општество - љубовта и интересот, моќта и манипулацијата, парите и емоциите, вистинските и лажните вредности. „Спонзоруша и будала" не е само приказна за односот меѓу маж и жена, туку огледало на времето во кое живееме, време во кое статусот често е поважен од суштината, а амбицијата знае да ја надмине искреноста. Низ динамичен дијалог, силни карактери и впечатливи сцени, претставата поставува прашања кои публиката долго ќе ги анализира и по спуштањето на завесата. Дејството следи двајца протагонисти, млада девојк...

Ексклузивен заеднички концерт на Тони Цетински и Нина Бадриќ на 28 ноември во Скопје

Тони Цетински и Нина Бадриќ со голем солистички дуетски концерт во Скопје... На 28 ноември 2026 година, Скопје ќе биде дел од концертен проект што обединува две од најконзистентните и највлијателни музички имиња на регионалната поп-сцена, Тони Цетински и Нина Бадриќ. Настанот кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски" е најавен како гала-концепт што ги става во фокус музиката, интерпретацијата и зрелата сценска енергија. Скопје одамна не бил домаќин на концерт во кој самото присуство на артистите е доволно за да ја носи тежината на вечерта.  Тони Цетински важи за еден од најмоќните машки вокали во регионот, интерпретатор чија способност да ја трансформира баладата во масовна емоција стана негов заштитен знак. Неговата кариера е обележана со хитови што повеќе генерации ги препознаваат како дел од сопствените животни приказни, што на неговите концерти создава уникатна синергија меѓу сцената и публиката. Нина Бадриќ, пак, претставува пример за уметничка зрелост, достоинство и стил...

Владо Георгиев со голем концерт во Скопје на 20 март во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје

На 20 март 2026 година (петок) Владо Георгиев со голем концерт во спортскиот центар „Јане Сандански“-Скопје... Еден од омилените балкански кантавтори, секогаш актуелниот Владо Георгиев на 20 март 2026 година ќе одржи голем солистички концерт во Скопје. По три рекордно распродадени концерти во Белградска арена и четврт концерт на 7 март за кој побаравувачката е голема. „Господски" концерт ќе се одржи во спортскиот центар „Јане Сандански". На македонската публиката ќе ѝ биде претставена Господска музичка приказна што ги надминува рамките на традиционалната концертна изведба. Препознатливата комбинација од боемски сензибилитет, музичка елеганција и емоционална искреност на Владо ќе го направат овој концерт посебно искуство што ќе се памети долго време. Ве очекува врвна изведба и звук што не е прилагоден на трендовите туку на моментот. Влезниците се веќе достапни во продажба на   ddtickets.rs .  #Естрада