Пређи на главни садржај

Постови

Приказују се постови за јануар, 2025

Давидовски: Периодов ми беше медиумски и приватно тежок

Давид Давидовски даде екслузивно интервју за нашиот портал... Еден од најпознатите, највлијателните и најквалитетни медиумски лица, водител Давид Давидовски поминуваше низ медиумски и приватен тежок период. Тој за нашиот портал вели дека неправдите кои што се на негова сметка ги поминуал така што се борел чесно, колку и да било тоа невозможно во Македонија. Имено, пораката што Давидовски ја испрати до сите оние млади кои сакаат да се занимаваат со јавна професија е истите тие да бидат свои и да работат чесно, а никогаш да не тргаат по лошите и нечесни животни патишта. Во продолжение е целото интервју што нашата новинарска екипа го направи со Давид Давидовски. Инфо-Прилеп: Давид знаме дека овој месец јануари кој завршува денес, тебе ти беше исклучително тежок барем медиумски, дали и како ги надминуваш неправдите? Давид Давидовски: Медиумски и приватно ми беше многу тежок овој период! Неправдите ги надминувам така што се борам чесно, колку и да е невозможно чесните да успеаваат во оваа ...

Пијанистката Анастасија Кочева со концерт во Културно Информативниот Центар во Скопје

Кочева работи и живее во Скопје... На 31.01.2025 (петок) во Културно информативниот центар – Салон 19’19, концерт ќе одржи пијанистката Анастасија Кочева. На програмата се дела од Франц Шуберт и Морис Равел. Анастасија Кочева која што е родена во 1997 година  е дел од новата генерација активни и надоаѓачки пијанисти на домашната сцена. Своето формално музичко образование го започнува на 7 годишна возраст, а го заокружува на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на д-р Ана Гацева, каде дипломира и магистрира. Добитник е на повеќе награди и признанија на голем број државни и меѓународни натпревари. Освен на класичната, таа е активна и на алтернативната и независна музичка сцена, создавајќи авторска електронска музика како и со учество во различни импровизациски формации. Минатата година го објави нејзиниот деби албум насловен  „Тар” , во издание на „Стотројка” – издавачка куќа зад која стои независното радио „Канал 103″. Кочова, моментално работи како на...

Концерт за деца „Имате ли ритам?“ ќе се одржи во Македонската Филхармонија

Концертот ќе се одржи в четврток и в петок во Македонската Филхармонија во Скопје... Оркестарот на  Македонската филхармонија ,  со почеток во 12 часот,  во четврток и петок ќе одржи два концерти за деца  со наслов „Имате ли ритам?"  преку организирана училишта посета. Диригент е  маестро Виктор Митревски , а а ниматор и овојпат ќе биде миленикот на младата публика, актерот Мартин Јорданоски, кој ќе ги воведе децата во тајните на ритамот и неговата разновидност. Посетителите ќе имаат можност да слушнат композиции од класичната, но и од модерната музичка литература, во кои акцент е ставен токму на ритмичкиот импулс – дела од Смокварски, Калифе, Андерсон, Бернштајн, Штраус, Де Фаља.   Концертот ќе ги донесе звуците и ритмите на Македонија, Либан, Куба, Шпанија, а Јорданоски низ игра и хумор ќе се обиде да ги анимира децата „свирејќи" на разно-разни предмети, докажувајќи дека ритамот го има насекаде околу нас. Овој пат посебно ќе се истакнат перкуси...

Свечена академија по повод Свети Сава во Македонскиот Народен Театар

Светосавска академија ќе се одржи вечерва во МНТ... Во Македонскиот Народен Театар Во Скопје, вечерва ќе се одржи свечена академија по повод националниот празник на српската заедница во земјава Свети Сава. Академијата е во организација на Српскиот Културен Центар. Иван Стојилковиќ, министер за односи меѓу заедниците најави дека на академијата ќе присутвува и патријархот на Српската Православна Црква господин Порфириј. Организтаорите од Српскиот Културен Центар најавија дека од страна на Никола Селаковиќ ќе има светосавска бесада. На академијата според информациите од организаторите настапи ќе имаат првото белградско пејачко друштво, хорски ансамбл и уметнички ансамбл при Министерството за одбрана на Србија „Станислав Банички“ #Магазин

Театарската претстава „По име Господин“ в четврток во НТ„Војдан Чернодрински“

Во Народниот Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп ќе се прикажува претставата „По име Господин“... Во прилепскиот Народен Театар „Војдан Чернодрински“ во четврток на 30 јануари од 20:00 часот ќе се прикажува театарската претствата „По име Господин“. Претставата „По име Господин“ е правена по текст на Филип Лоле  и е во режија на Борис Василески.  Драматургијата за претставата е на Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, сценографијата е на Ненад Тонкин, Марта Дојчиноска е одговорна за костимографијата, музиката е на Серафим Черенит, Бобан Смилкоски е одговорен за дизајнот на светлото. Имено, инспицинет за оваа претстава е Елена Иваноска, Лидија Батлеска е суфлер, тон мајстор е Томе Темелкоски, Ристе Гркоски е светло мајстор, светло оператер е Бобан Смилкоски, Пеце Ритески е сликар исполнител, Гоце Тодорски е реквизитер, гардеробер е Снежана Ѓорѓиоска, Даринска Богоеска е фризер и перикер, а додека пак Сашо Смоквоски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски и Јане Јанкулоски се декоратери. В...

Пејачката Александра Пријовиќ доби филмска улога (фото)

Пејачката Алексндра Пријовиќ доби филмска улога во филмот „Убијците на мојот татко“... Многу познати пејачи од балканските простори во текот на своите музички кариери се пробале и во улогата на глумци, а истите беа дел од многу познатите филмови кои влегоа во историјата на балканската кинематографија. После филмските улоги на Светлана Ражњатовиќ-Цеца, Зорица Брунцлик, Лепа Брена и Зорица Марковиќ филмска улога доби и Александра Пријовиќ. Имено, Пријовиќ ја толкува улогата на Мила во телевизиската серија „Убијците на мојот татко“. Музичката нумера „Ми должиш два животи“ која е напишана за потребите на филмот ја изведува Пријовиќ. Како што пренесува Гранд видеото за спотот е снимено во клуб каде што Пријовиќ ја избеде оваа музичка нумера, а во истата уживаше Миш Зворник. Зворник е лик од серијата „Убијците на мојот татко“, а истиот го игра актерот Бане Томашевиќ кој откри како Пријовиќ се снашла во самата филмска улога. Според Томашевиќ, Александра нема искуство во глума, но одли...

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ на „ПНВ Публикации“ в сабота во Прилеп

Гостувања имаше во Куманово, Штип, Охрид, Струмица и Демир Хисар... Издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, во соработка со „МА Продукција“ од Прилеп и „Култура Бета“ од Скопје , в сабота , на 25 јануари, во Прилеп ќе го реализира седмото издание на проектот „Добри гости“, преку кој иницира серија книжевни гостувања на автори од Скопје во внатрешноста на земјата на заеднички читања со локални автори, а во соработка со локални чинители.                                                    Настанот ќе се одржи на 25 јануари, во кафе -галерија „Лувр“ во Прилеп , со почеток од 1 2:30 часот, и поддржан е од Општина Прилеп .                                                                  ...

Кристијан Демјански ја промовираше својата прва авторска песна „Јас морам да се борам“ (Видео)

Демјански се прослави по учеството и победата на „Пат до ѕвездите“... Кристијан Демјански е новото музичко име кое ја освојува македонската сцена. Почнувајќи од својот прв настап на детскиот фестивал во Берово, па сè до освојувањето на престижното музичко шоу „Пат до ѕвездите“, Кристијан е пример за тоа како упорноста, талентот и страста се клучни за успех во музичката индустрија. Во 2023 година, Кристијан го круниса својот успех станувајќи првиот победник на популарното шоу „Пат до ѕвездите“. Како дел од наградата, тој сними три песни, а неговиот прв сингл „Јас морам да се борам“ стана вистински хит веднаш по објавувањето. Песната е резултат на соработката со реномираниот композитор и аранжер Мите Стоилков и текстописецот Огнен Неделковски. Снимањето се одвиваше во елегантниот хотел Аурора спа ресорт, а за визуелната продукција беше задолжена една од најдобрите - Арт Студио Продукција. „Јас морам да се борам“ е љубовна балада која преку својата емотивна мелодија и инспиративна пор...

Прилепскиот водител Христијан Ангелески денеска слави роденден (фото)

Христијан покрај водителството се занимава и со новинарство, а во моментов е дописник од Прилеп за Музика 24... Христијан Ангелески е познат водител и новинар од Прилеп, Македонија. Христијан е познат по својата професионалност и способност да комуницира со публиката. Во текот на кариерата Христијан водел различни радио емисии и програми, кои се фокусирани на актуелни теми. Имено, Христијан во својата кариера има водени интервјуа со различни јавни личности од музичката, културната и модната сцена како и со многу други личности, а има водено и други забавно-рекреативни содржини и концерти. Христијан својата популарност ја стекнал благодарение на својот специфичен стил на облека, говор, харизма и работата во радио. Инаку, Христијан во моментов е дописник од Прилеп за порталот Музика 24, а денеска на овој убав празник Богојавление-Водици го прославува својот 19-ти роденден. Дежурната екипа на ИНФО-ПРИЛЕП на Христијан му го честита роденденот и му посакува здравје, среќа и убави незаборвни...

Во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ќе се случи промоција на книгата „Дијалози“ од Коста Бојчески

Промоција на книгата „Дијалози“ содзавање на ликовите од страна на читателот во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп.... Во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи промоција на книгата „ Дијалози“ од писателот Коста Бојчески. Датумот, времето и местото на промоција се веќе познати. Промоцијата ќе се одржи на 22.1.2025 година (среда) со почеток од 18:00 часот во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп. Промотор на книгата е Виктор Јованоски, а Александар Еленин е модератор. Со автентична сценска изведба на некои од дијалозите настанот ќе го облагородат актерите од Прилеп Даниела Иваноски и Димитар Ѓорѓиески, а музичка магија и поубава атмосвера на настанот ќе му дадат членовите од музичката група THE HOUNDS. Модераторот Александар Еленин, за книгата од Бојчески вели „ Замислете една од оние „најобични секојдневни“ ситуации кои постојано ни се случуваат на сите нам. Земете ја првата која ќе ви текне. Токму таа или некоја слична таква најбанална секојдневна ситуација (ако не и повеќе) секој од нас ...

Започнува јануарска викенд приказна „Сити Базар“

 „Сити Базар“ ќе се одржи во Скопје во „Сити Мол“... Од јануари, на првиот кат од Скопје  С ити  М ол започнува нова и возбудлива иницијатива  „Сити базар". Оваа  платформа  подразбира организирање месечни настани ,  кои ќе го оживеат духот на  оригиналните  и современи производи, како и  на  традиционалните уметности, нудејќи  широка палета продукти   изработени од вештите раце на македонските ракотворци . Како општествено одговорна компанија, Скопје Сити Мол активно се грижи за поддршка на локалните производители и занаетчии, создавајќи платформа која ќе им овозможи да ги прикажат своите уникатни ракотворби. Со оваа иницијатива, Скопје Сити Мол не само што ќе обезбеди простор  за промовирање на иновативните занаетчии , туку и ќе ги поттикне посетителите да го поддржат домашното производство и да г о  ценат  креативниот влог на  македонските  ракотворци . Со  поттикнување на локалната заедниц...

Браво Бенд ја промовираше новата песна насловена како „Те Љубам“

 Браво бенд со нова песна „Те Љубам“... Страниците од приказната на момците од Браво бенд, како што и најавија, продолжуваат да се испишуваат со нови нумери, а овој пат место на нив има за песната со наслов  „ Те љубам ". Свежина во звукот сега дечките внесуваат преку Весна Малинова, која се потпишува како автор на музиката и текстот и која во музицирањето на Браво бенд го внесува својот препознатлив стил. Аранжманот, пак, на оваа поп-балада е со потписот на Јован Лазаревиќ – Тукс и Милан Мијаловиќ. Песната излегува во исто време со спот, за кој и овој пат беше задолжен веќе проверениот соработник на Браво бенд, Ѓорѓи Вацев, а кадрите за видеото се снимени на локации во Битола и на Пелистер. „Те љубам" е композиција за која е снимена и српска верзија и истата според најавите во етерот ќе биде пуштена во текот на следната недела, а доаѓа по одличните „Катаклизма" и „Љубав преко мреже". „ Како што и ветивме на промоцијата на „Љубав преко мреже" овој пат сакавме н...

Јелена Томашевиќ на денот на жената со концерт во Скопје

 Томашевиќ концертот ќе го одржи во Македонската Опера и Балет... На 8 март 2025 година, Македонската опера и балет ќе биде домаќин на ексклузивен концерт на една од најпочитуваните музички ѕвезди на Балканот – Јелена Томашевиќ. Со овој настан, таа ќе го одбележи својот 20-годишен јубилеј на музичката сцена, прославувајќи две децении посветеност, уметност и искрени емоции што го освојуваат регионот. Во интимната и елегантна атмосфера на Македонската опера и балет, Јелена ќе им подари на присутните ноќ која ќе биде повеќе од концерт – ќе биде музичка приказна што ги поврзува срцата на сите генерации. Со нејзиниот извонреден вокал, кој е симбол на сила и нежност, Јелена ќе ги оживее своите најголеми хитови, како и песни кои оставија длабок печат на музичката сцена. Во изминатите две децении, Јелена Томашевиќ се издвои како музички феномен кој го спојува традиционалното и современото. Нејзиниот глас допира до сите, а нејзините песни се химни на љубовта, вербата и животот. Од незаборав...

Рада Манојловиќ ја откри вистината за љубовта со пејачот Милан Станковиќ

Рада вистината за љѕбовта со Милан ја откри во емисијата „Претрес“ на ТВ Хајп... Радмила Манојловиќ-Рада долго време беше во љубовна врска со музичарот и пејач Милан Станковиќ, со кој што планирала дури и брак. Во медиумите долго време се пишуваа текстови дека Рада сака да му роди дете на Милан, а и за тоа дека замрзнала јајце клетки. Манојловиќ во изјава за српските медиуми вели дека тие со Милан често разговарале за таа тема и дека личните работи не ги кажувала на никој. „Старшно, тоа навистина е страшно. Често јас и Милан се шегуваме на оваа тема. Незнам од каде им е тоа на медиумите. Темата е приватна, а јас моите лични работи не му ги кажувам апсолутно на никој“ -вели Рада за медиумите. Рада и Милан според информациите од српските медиуми се запознале после учеството во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а неодамна откри и како се родила љубовта помеѓу нив двајца. „Нашата љубов се роди во комбе. Милан го сакав искрено. Ме маѓепса со неговиот изглед. Милан е многу интели...

Александра Пријовиќ по втор пат ќе се оствари во улога на мајка

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ го очекуваат второто дете... Српската пејачка која што минатава година наполни две арени и одржа музички концерти ширум на балканот, Алексндра Пријовиќ по втор пат ќе се оствари во улога на мајка. Пејачката добрите вести ги сподели на почетокот од новава 2025 година. Како што се пишува во српските медиуми Пријовиќ веста за бременоста од јавноста ја криела два месеци, а убавата вест и среќата ја споделила само со најблиските. Имено, Пријовиќ на почетокот на годинава организирала интимна прослава само со најблиските членови на фамилијата, а тие први ја дознаа убавата вест. Сопругот на Пријовиќ, Филип Живојиновиќ како што пренесуваат српските медиуми кога дознал дека по втор пат ќе стане татко бил пресреќен, а убава вест посебно ги разнежнила бабата и дедото на Пријовиќ. Имено, после веста за бременоста, Пријовиќ се огласи на социјалните мрежи каде што потврди дека по втор пат ќе се оствари во улогата на мајка. „Точно е, по втор пат ќе се ...

Современи муабети за современ театар со Звонко Димоски во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

„Современи театарски осврти“ е книгата која ќе биде промовирана во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... На 15.1.2025 година (среда) од 18:00 часот во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ќе биде промовирана книгата „Современи театарски осврти“ од Звонко Димоски. „Современи театарски осврти“, книгата која е предмет на оваа промоција, е иницијална збирка аналитички профилирани размисли на Звонко Димоски, со која авторот ги манифестира своите неколкугодишни гледачки искуства на театарски претстави низ македонските театри. Оваа книга умешно балансира по работ на личниот есеистички израз и дискурзивниот пристап кон анализираната проблематика. Солидно исполнувајќи ги формалните естетски, стилистички и јазични критериуми, ова четиво нуди удобност да се фокусираме на суштината и содржината на истото. Истовремено, со дистанцата од личните ставови преку обраќањето во граматичко трето лице множина, авторот се позиционира од страната на пошироката публика, а не како осамен и ригиден критичар. Со тоа, ...

„Земји туѓи болки наши“ нова емотивна песна од Classico Band

Classico Band ја издаде својата најнова песна.... Classico Band, еден од водечките македонски музички состави, го објави својот најнов сингл „Земји туѓи болки наши“. Оваа емотивна песна е посветена на сите македонци кои поради животни околности заминале од татковината во потрага по подобра иднина. Со длабоки и искрени стихови, песната ги допира срцата на многумина, особено на оние кои се наоѓаат далеку од домот. Инспирирани од своите бројни настапи пред македонската дијаспора ширум светот, Classico Band го создаде овој музички бисер како прва авторска песна која ги опишува чувствата на печалбарите. Како што велат самите членови, ваквите песни секогаш се најдраги на оние кои се далеку од дома, бидејќи во нив ги пронаоѓаат своите емоции и приказни. Музиката за „Земји туѓи болки наши“ е дело на познатиот македонски музичар Златко Миладиновски, а текстот е напишан од Анита Даева, која со својата поетска дарба успева да долови длабоки чувства и носталгија. Снимањето на песната е во реномира...