Пређи на главни садржај

Изложбата на дела „Сеќавање“ ќе биде отворена утре во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Утре во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ќе биде отворена изложбата „Сеќавање“...

Изложбата на дела под наслов „Сеќавање“ од уметникот Васил Костов ќе биде отворена утре во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп. Отворањето е закажано за 18:00 часот во ликовната галерија од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп.

Историчарот на уметност Елена Чагороска за изложбата „Сеќавање’’ од уметникот Васил Костов вели дека со ликовната поставка „Сеќавање“ се заокружува и се остварува замислата на Костов  за комплетна презентација на уметничко достигнување како и најголем успех во ликовната дејност кој остава печат на уметник на прилепската, макдедонската но и на пошироката ликовна сцена.

„Со ликовната поставка насловена „Сеќавање“ се заокружува и се остварува замислата на Васил Костов – комлетна презентација на уметничкото достигување, најголем успех во ликовната дејност кој остава печат на уметник на прилепската, македонската ликовна сцена и пошироко. Уметничкото достигнување во творечкиот период од шест децении како активен неуморен на речиси сите ликовни полиња со разновидна техника и материјали: масло на платно (каде што е доминантен), акварел, гваш, графика, обиди на работење во дрво и други материјали. Подолги години работи како сценограф во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ и повремени студиски престои во Париз, Венеција, Москва, Варшава. Од значење е што сите создадени и објавени ликовни дела се систематизирани и проучени од ликовните критичари. Последните години од животот ги посветува на непополнети моменти, сеќавања од детсвото, како бегалец од Егејска Макеоднија, со многу страдања и слики од доживеани настани. Полн со емотивни чувства, уметникот започнува секоја слика, сеќавања и доживувања да ги сублимира, со идеја да започне серијал на слики насловени како „Сеќавање“ - бегалски сеќавања од 1945 – 1952 година. Така последните години од животот ги посветува во создавање на циклус ликовни дела со тематика бегалците од Егејска Македонија. Костов претпочита посредно да ја вознемири нашата индолентност, нашата духовна пасивност, да го поттикне нашиот интелект на размислување, акција, определување. Творбите на Костов во богатството на своите потенции, содржат извонредно доследен, естетски, сублимиран вид создавање, на едно колористички и обликувано, диференцирано и специфицирано ликовно творештво. Костов успеваше да постигне ефекти на рамнотежа помеѓу формата, идејата, композицијата, тоналитетот и нарацијата. Делата предизвикуваат естетско доживување, ја покренуваат фантазијата кај гледачите, а уметникот умее да си поигра со колоритот на боите, хармоничност и потези кои го напојуваат окото на гледачот.“-вели Чагароска.

Уметникот Васил Костов реализирал повеќе самостојни изложби во земјава но и во странство, бил дел од групни изложби, а исто така е добитник и на повеќе награди како што се Првата награди за млади уметници, Скопје во 1958 година, наградата за сценографија за претставата „Балада за орканата“ во 1968 година, награда за сценографија за претставата „Од глава си патиме“ во 1970 година, наградата за сликарство, Прилеп во 1980 година, откупна награда „Свети Климент Охридски“ , Скопје во 1986 година, наградата за сликарство, Прилеп во 1987 година како и 9-то ноемвриската награда во Прилеп во 1993 година.

Изложбата „Сеќавање“ што ќе биде отворена утре во ликовната галерија од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ќе може да се погледне до 19.12.2024 година (четврток) до 10:00 часот наутро.

#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...