Пређи на главни садржај

Постови

Приказују се постови за септембар, 2026

Штип во знакот на македонската музика: На 30 и 31 октомври „Макфест“ во Штип

На 30 и 31  октомври во Штип ќе се одржи 41. издание на фестивалот за забавни мелодии „Макфест“... Македонската музичка сцена повторно ќе биде во фокусот на јавноста. На 30 и 31 октомври (петок и сабота) 2026 година во домот на култура „Ацо Шопов“ во Штип ќе се одржи 41. издание на фестивалот „Макфест“, една од најзначајните манифестации посветени на македонската забавна музика. И годинава фестивалот ќе понуди две вечери исполнети со нови композиции, различни музички стилови и современи аранжмани. На сцената се очекува да се сретнат искусни автори и интерпретатори, но и нови имиња кои допрва го градат своето место на македонската музичка сцена. Уметничкиот директор на „Макфест“, Роберт Саздов, најавува интересна селекција на песни, зад кои стојат автори со долгогодишно искуство, но и препознатлив музички израз. Очекувањата се годинашното издание да донесе нови мелодии кои ќе продолжат да живеат и по завршувањето на фестивалските вечери, како дел од радио и телевизискиот етер. „Макф...

„S tobom najbolje“ – нова емотивна далматинска поп-песна на Џино Марино

Новиот сингл „S tobom najbolje“ пристигнува пред публиката со емотивна љубовна приказна, препознатлив далматински израз и современа поп-продукција... Песната зборува за љубовта која носи мир и сигурност – за личноста покрај која, и покрај сите немири, сомнежи и тешки денови, човек знае дека едноставно му е најдобро. Преку медитеранската топлина и далматинскиот музички сензибилитет, „S tobom najbolje“ носи искрена љубовна приказна, заокружена со рефренот „S tobom uvik mi je bilo najbolje“, кој ја пренесува главната порака на песната. Музиката и текстот ги потпишува самиот изведувач, додека аранжманот и продукцијата му се доверени на порековскиот далматински продуцент Хрвоје Домазет, добитник на наградата „Порин“. Домазет зад себе има соработки и аранжмани со голем број познати имиња од регионалната музичка сцена, меѓу кои Петар Грашо, Марко Шкугор, Магазин, Тончи Хуљиќ и Данијела Мартиновиќ. „S tobom najbolje“ доаѓа како продолжение на авторскиот музички пат по настапот на Сплитскиот фе...

Калиопи ја претстави новата песна „Бебе“

Македонската пејачка Калиопи денеска ја објави својата најнова песна „Бебе“, која пристигнува заедно со видеоспот... „Бебе“ е ново музичко издание зад кое повторно стои препознатливиот авторски тандем на Калиопи и Ромео Грил. Ромео Грил ги потпишува музиката, аранжманот и продукцијата, додека текстот е дело на Калиопи. Песната од денеска е достапна на дигиталните музички платформи, овозможувајќи им на слушателите веднаш да ја преслушаат. За визуелната приказна на „Бебе“ се погрижи Александар Ристовски – Принц, кој го изработи видеоспотот за песната. Видеото е објавено на официјалниот YouTube канал на Калиопи, каде што публиката може да ја погледне и новата музичка приказна. Со „Бебе“, Калиопи продолжува со нови музички изданија и уште еднаш ја потврдува долгогодишната соработка со Ромео Грил. #Естрада

Солзи во баражот: Овие четорица испаднаа, а еве и кој слави поминување во втор круг од „Ѕведите на Гранд“

Синоќа ширум балканот беше емитувана втората емисија од музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, а еве кој испадна и кој помина во вториот круг од ова најгледано балканско музичко натпреварување... После спектакуларните 20 настапи во втората емисија од музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гарнд“  дојде и моментот кога натпреварувачите требаше да ја искористат последната шанса за опстанок во ова најпопуларно музичко натпреварување. Приликата уште еднаш да запеат на сцената во Гранд  и себе си да си обезбедат премин во нареден т.е втор круг од баражот добија: Лејла Зукиќ, Стефан Дејановиќ, Тијана Јашаревиќ, Тијана Шалипур, Седина Халиловиќ, Јован Тројиќ, Теодора Топузовиќ, Ана Босиќ, Александар Попов, Немајна Правдиќ и Владимир Јовичиќ. Воја Недељковиќ соопшти дека одлуката на продукцискиот тим од баражот во вториот круг од натпреварувањето поминуваат седум од кандидатите, а додека четворица кандидати ќе го напуштат т.е завршат натпреварувањето. Во втор круг од натпреварувачкио...

Македонија со „Идната јас“ на Ана Стојаноска ќе се претстави на детската Евровизија 2026

Детската Евровизија за 2026 година ќе се одржи во Валета, Малта... Македонија официјално ја започна својата приказна за Детската Евровизија 2026. Младата и талентирана Ана Стојаноска ја промовираше песната „Идната јас“ , со која на 24 октомври ќе ја претставува Македонија на престижниот детски музички фестивал што годинава ќе се одржи во Валета, Малта . Истовремено со песната, Македонската радио-телевизија го објави и официјалниот видеоспот, а уште по првите часови од премиерата, композицијата добива бројни позитивни реакции од публиката и љубителите на Евровизија. Зад „Идната јас“ стои проверен авторски тим. Музиката ја компонираше Никола Мицевски , еден од најреномираните македонски композитори, додека текстот е дело на Илчо Нечовски , музичар и член на популарниот бенд „Дупер“ . Резултатот е современа песна која носи силна емоција, но и инспиративна порака за секое дете. Од Македонската радио-телевизија истакнуваат дека „Идната јас“ зборува за вербата во сопствените способности, хр...

Лепа Брена со концерт во Скопје

Концертот на Брена е закажан за 18 декември во Т Арената „Борис Трајковски“ во Скопје... Како што дознава портал Инфо-Прилеп, една од најголемите музички ѕвезди на Балканот, легендарната Лепа Брена , повторно ќе настапи пред македонската публика. По пауза од осум години, популарната пејачка се враќа во Скопје со голем предновогодишен концерт кој веќе предизвикува огромен интерес кај нејзините обожаватели. Концертот е закажан за 18 декември 2026 година (петок) во спортската арена „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток во 20:00 часот . Публиката ја очекува вечер исполнета со врвна продукција, многу емоции, спектакуларна сценографија и најголемите хитови кои повеќе од четири децении ја прават Лепа Брена една од најуспешните и најомилените пејачки на овие простори. На концертот ќе се слушнат безвременските „Југословенка“ , „Хајде да се волимо“ , „Чачак, Чачак“ , „Миле воли диско“ , „Болиш и не пролазиш“ , „Ја немам други дом“ , „Луда за тобом“ , „Ти си мој грех“ , „Голубе“ , како и ушт...

Отворена изложбата „Градот во мене“ на уметникот Александар Џинго

Изложбата е поставена во Ликовната галерија при НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп... „Градот во мене“ е изложбата на  уметнички дела од м-р  Александар Џинго, отворена синоќа во Ликовната галерија од Центарот за култура "Марко Цепенков" во Прилеп , во присуство на многубројни љубители на неговото творештво, меѓу кои и градоначалникот Дејан Проданоски и директорката на Центарот, Марија Попова Јованоска. На почетокот вечерта ја отвори хорот Св.Петка со убава македонска песна, а потоа актерката Марија Спиркоска Илиеска се осврна на творештвото на Џинго, посочувајќи дека е уметник со слобода на духот, на мислата и изразувањето. „Секое дело , секој лик има приказна од каде иди што чувствува и каде заминува. Важно е што ние користиме од градот од позитивните работи, за да оставиме позитивно дела“ - рече Марија Спиркоска Илиеска, посакувајќи му на уметникот да продолжи да сонува и да креира. За циклусот " Градот во мене" зборуваше Бранче Трајкоски, кој рече дека делата комуниц...

ОД УТРЕ СТАРТУВА НОВАТА СЕЗОНА НА „НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА“

  Mузика, емоции и животни приказни што го освојуваат Балканот...      Љубителите на добрата музика и искрените животни приказни од утре, недела (20 септември), конечно доаѓаат на свое. Ширум Балканот започнува новата сезона на едно од најомилените и најгледаните музички шоуа во регионот – „Никогаш не е доцна“ .      Гледачите во Македонија новите епизоди ќе можат да ги следат ексклузивно на програмата на Телевизија Сител , со почеток во 21:15 часот .      И оваа сезона ветува незаборавни вечери исполнети со врвни вокални изведби, емотивни исповеди и кандидати кои докажуваат дека за остварување на соништата нема возраст. Под водство на добро познатиот тим и жири-комисија составена од истакнати музички имиња и јавни личности од регионот, гледачите ги очекува уште едно незаборавно музичко патување.      Не пропуштајте да ги поддржите вашите фаворити – резервирајте ја утрешната неделна вечер во 21:15 часот на Сител ТВ ! Христ...

Македонија повторно на Евровизија во 2027 година

 Евровизијата ќе се одржи во градот Бургас во Република Бугарија...      Македонија повторно ќе биде дел од најголемиот европски музички спектакл. По петгодишна пауза, Македонската радио-телевизија (МРТ) официјално потврди дека земјава ќе учествува на Евровизија 2027 , која ќе се одржи во Бургас, Бугарија .      Со враќањето на евровизиската сцена, МРТ најавува и нов пристап во организацијата на македонскиот настап. Генералниот директор на јавниот сервис, Зоран Ристоски , истакнува дека МРТ има поддршка од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) во промоцијата на македонските културни вредности, а воедно се очекува и поповолен финансиски пакет за повторното учество. Една од најзначајните новини е најавата за целосно транспарентен процес при изборот на македонскиот претставник.       „Завршува практиката на нетранспарентен избор. Јавноста ќе знае како и според кои критериуми е избран претставникот што ќе ја претставува Македонија на Евровизиј...

МРТ ги враќа „Македонски идол“, „Икс фактор“ и Евровизија

  Стартува и нов 24 часовен музички канал...      Македонската радио-телевизија најави една од најголемите програмски реформи во својата понова историја, а најмногу причини за задоволство има токму македонската музичка сцена. По неколку години во кои домашната музика речиси и да немаше свое место на националниот јавен сервис, МРТ најавува вистинско враќање на музичките содржини – од нов музички телевизиски канал, преку враќање на најпознатите музички натпревари, па сè до повторното учество на Македонија на Изборот за песна на Евровизија.      Најголемата новина е трансформацијата на МРТ 3, кој од 28 септември во 17 часот официјално ќе стане 24-часовен музичко-забавен телевизиски канал. Наместо спортска програма, гледачите ќе добијат канал посветен на македонската музика , новите изведувачи, концертите, музичките емисии и промоцијата на домашната продукција.      Одговорниот уредник на МРТ 3, Зоран Мирчевски, истакна дека новиот канал ќе...

Од вечерва започнува новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“: Нов жири-состав и премиера на Сител во 21:15 часот

Премиерата е вечерва од 21:15 часот на националната телевизија Сител...      Љубителите на најпопуларното музичко шоу во регионот имаат причина за славење  од вечерва, во добро познатите телевизиски термини ширум Балканот, официјално започнува новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“.      Оваа сезона носи значајни промени и освежување во жири-составот, со што се најавува уште повозбудлива и понапрегната борба за новите музички таленти. Најголемата новост е влезот на популарната пејачка Сања Вучиќ , која станува постојан член на жирито на местото на Ана Бекута. Покрај неа, судбината на кандидатите ќе ја кројат и добро познатите имиња: Снежана Ѓуришиќ , Дара Бубамара , Ѓорѓе Давид , Драган Којиќ – Кеба и Александар Милиќ – Мили .      Гледачите во Македонија ќе можат да ја следат првата епизода ексклузивно на програмата на Телевизија Сител, со почеток во 21:15 часот .      Инаку, гледачите ширум балканот ќе имаат можност повто...

По петти пат Slow Food во Прилеп

 „Руралната жена денес“ е мотото на петтото издание на Slow Food во Приле п...      Со богат избор на млеко и млечни производи, традиционална ракија и рачни изработки викендов во Прилеп по петти пат се одржа манифестацијата „Млеко 2026“ која е во организација на здружението Slow Food. Годинава темата на настанот беше Корени и трпеза Руралната жена денес, бидејќи таа е од особено значење за создавање на здрава и квалитна храна.      Филип Петкоски, лидерот на Slow Food Прилеп вели дека со настанот руралната жена во Прилеп сакаат да ја подигнат на пиедесталот, а целта на настанот е жената да го зајакнува бизнисот и стопанството, и да биде економски конкурентна на пазарот.      „Денес со овој настан сакаме истата да ја подигнеме на пиедесталот. Целта е истата – економски понатаму да зајакнува, да го зајакнува својот бизнис, своето стопанство и да биде економски конкурентна на пазарот. Имаме повеќе производители, од повеќе места, со млеко, с...

Јован Јованов и Елвир Мекиќ подготвуваат концертен спектакл на Пастрмалијада во Штип - нова можност публиката да ужива во нивните безвременски хитови

Јован Јованов и Елвир Мекиќ со концерт на Штипска Пастрмалијада во Штип... По концертниот спектакл во Скопје на 6 јуни, со кој поставија нови стандарди за домашни концерти, Јован Јованов и Елвир Мекиќ ја продолжуваат својата турнеја низ земјава и најавуваат ново грандиозно музичко шоу. Следниот од низата планирани концерти ќе се одржи на 19 септември (сабота) на Градскиот стадион во Штип, во рамките на Пастрмалијада, каде Јован и Елвир ќе бидат ѕвезди на вечерта. Ова ќе биде ноќ исполнета со безвременските хитови на двајцата музичари: „Магија“, „Армија“, „Слаба точка“, „Адреналин“, „Некаде после 2“, „Итно ми требаш“, „Ти ме сакаш знам“ и многу други. И овој пат со Јован и Елвир ќе бидат бендот и танчарите што ги придружуваа во Скопје, а специјални гости ќе бидат нивните пријатели Маја Саздановска и Тони Зен. Сите што го пропуштија концертот на Јован и Елвир во Скопје, но и оние што ќе сакаат одново да ја доживеат истата енергија, заедно со многу носталгични моменти и преубава музика, ќ...

Два светски гласа – еден Завет: Ана и Игор Дурловски со свој најголем концерт досега во Македонија!

Ана и Игор Дурловски со концерт во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје... „Пасворд продукција“ има особена чест да го најави и организира најголемиот концерт досега на двата најголеми оперски гласа кои Македонија му ги подари на светот – Ана и Игор Дурловски! На 6. декември 2026 година, во Спортскиот Центар  „Јане Сандански“, Ана и Игор Дурловски, придружувани од 100 македонски музичари од големиот симфониски оркестар „Ајга“ и нивните пријатели ќе приредат ексклузивна концертна вечер во која ќе се спојат безвременските теми од филмската музика, ремек-делата од оперскиот репертоар и богатството на македонското музичко наследство – сите во комплетно нови аранжмани.  Низ двочасовниот концерт, Ана и Игор премиерно ќе ви презентираат дела преработени во соработка со аранжерот Сони Петровски, а со музичка поддршка на 100 музичари под диригентската палка на диригентката Ана Спасовска. Ќе пропатуваме заедно низ светот на филмот, од Shallow, Parla piu’ piano и The Book of Love...

Утре „Љубење со стихови“ на поетите Лина Димоска и Филип Димкоски во Прилеп

Настанот е закажан за од 20:00 часот на платото пред градската Саат кула во Прилеп... На трети септември, в четврток од 20.00 часот на платото пред Градскиот саат во Прилеп, ќе се одржи осмото издание на поетскиот пеформанс „Љубење со стихови“ на поетите Филип Димкоски и Лина Димоска. Како што веќе е навикната прилепската публика, и овојпат од грлата на нашите сограѓани ќе прозвучат нивните авторски стихови, но и избор поезија од македонски поети од повеќе генерации како Кочо Рацин, Блаже Конески, Светлана Христова Јоциќ, Анте Поповски, Славко Јаневски, Евгенија Шуплинова, Даница Ручигај, Јован Котески, Петре М. Андреевски, Трајан Петровски, Тихомир Јанчовски и Вања Изова Велева. „Поезијата, а особено нејзиното сценско изведување, малку и ретко е застапена на  домашната уметничка сцена. Тој факт, како и нашата страст кон јавното интерпретирање на стиховите беше иницијална каписла за создавањето на „Љубење со стихови“ кое еве три години подоцна, го доживува своето осмо издание. Секо...

Нов светски успех - STEP на нашиот Galoski меѓу 10-те најпуштани траки од диџеи во светот

 Македонскиот диџеј и продуцент Galoski бележи нов голем меѓународен успех... Неговото најново издание STEP се најде на место broj 9 меѓу 10-те најпуштани траки од други диџеи во светот во изминатиот месец, според податоците на 1001Tracklists. На глобалната листа STEP се најде во друштво со изданија од Swedish House Mafia, MEDUZA, Cloonee, Prospa, Adriatique и други актуелни имиња од светската електронска сцена. Ова е уште позначајно бидејќи STEP е независно издание објавено преку Side Effects, новата издавачка куќа на Galoski. Во август тој објави две нови изданија - STEP и Come Closer, со кои го започна новото поглавје на сопствената издавачка куќа. Зад најновиот резултат стои и исклучително активно лето за Galoski. Неговата музика се вртеше во сетови и радио емисии на David Guetta, Swedish House Mafia, Armin van Buuren, Martin Garrix, Dimitri Vegas & Like Mike, Fedde Le Grand, Nicky Romero и многу други, со што продолжи поддршката што тој ја добива од дел од најголемите ...

ПО 14 ГОДИНИ ДАРКО МИТРЕВСКИ ПОВТОРНО ДОМА – СО ПРОВОКАТИВЕН МАСТЕРКЛАС НА „БРАЌА МАНАКИ“

По 14 години Дарко Митревски со провокативен мастерклас на „Браќа Манаки“... Македонскиот сценарист и режисер со „привремена“ американска адреса, оваа есен, барем накратко, се враќа дома во Македонија. На претстојниот интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки„ кој ќе се одржи од 19-ти до 25-ти септември во Битола, Дарко Митревски ќе гостува како предавач со провокативно насловен мастерклас: „Како да НЕ снимите здодевен филм?“.   На нашиот најголем филмски фестивал, Митревски ќе сподели дел од неговите досегашни професионални искуства и неколку сценаристички „рецепти“ за помладите колеги. Мастеркласот „Како да НЕ снимите здодевен филм?„ е замислен како презентација на низа раскажувачки техники со кои писателите го пленат вниманието на публиката уште од времињата на античката драма, па се до епохата на современиот Холивуд.   Или кажано со неговиот пргав вокабулар: „Во пишувањето филмски приказни не постои нешто што се вика недостиг на инспирација. Постои само не...

Концерт на класична музика „Гласилски“ утре во Прилеп

 Концертот ќе се одржи во ликовниот салон од НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп... Концерт на класична музика „Гласилки“ ќе се одржи на 3.09.2026/ четврток/ од 19: 00 часот (чртврток) во ликовниот салон на НУЦК „Марко Цепенков“. Ќе настапат: СОФИЈА НИКОСКА МАЏАРОСКА – ВИОЛИНА и  ЕЛЕНА ЃОРГИЕВСКА – ВИОЛИНА Програма: Јохан Себастијан Бах: Двогласна инвенција – 1 BWV 772 Двогласна инвенција – 15 BWV 786 Двогласна инвенција – 2 BWV 773 Двогласна инвенција – 8 BWV 779 Двогласна инвенција – 13 BWV 784 Двогласна инвенција – 9 BWV 780 Двогласна инвенција – 4 BWV 775 Марјан Јанкоски: Пастирско (за две виолини) Р. Е. Глиер: Дуети за две виолини (оп. 49) Дует 11 – Cantabile Дует 10 – Con moto Дует 5 – Vivace Дует 9 – Andante Марјан Јанкоски: Два цвета Г. Ф. Хендл / Ј. Халворсен: Пасакаља Податоци за уметниците: Виолинистката Софија Никоска Маџароска е родена 1991 година во Прилеп. Своето музичко образование го започнува во родниот град, средното музичко образование го заокружува во ДМБУЦ „Илиј...

Вечерва концерт на Драган и Ратко Даутовски во Прилеп

 Концертот е на летната сцана од НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп... На 2.09.2026 година  (среда) од 20:00 часот на летната сцена на НУЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт на Драган и Ратко Даутовски. Влезот е слободен. Концертот е поддржана од Министерството за култура и туризам. Податоци за изведувачите: Проф. д-р Драган Даутовски е роден на 21.11.1957 година во с.Русиново.Потекнува од работничко семејство, кое на негова петгодишна возраст се преселува во Берово, каде што го завршува основното образование. Средно музичко училиште учи во Штип, за веднаш по звршувањето да се запише на Факултетот за Музичка уметност во Скопје, отсек музичка теорија и педагогија. За време на студиите пројавува голем интерес за Македонскиот музички фолклор, а веднаш по дипломирањето се вработува како професор по музичка култура. Како резултат на неговата работа на полето на фолклорот настанува детското фолклорно студио “Детелинки”, кое едно време активно работи и во ансамблот “Танец”. Во 1992 год....