Светскиот вокален феномен Емели Санде на 7 ноември во Скопје... Скопје станува дел од светската музичка мапа со концертот на единствената Емели Санде, најмоќниот женски вокал на новата светска соул ера. На 7 ноември, во арена „Борис Трајковски", македонската публика ќе има привилегија да ја доживее во живо артистката која ја редефинираше емоцијата во музиката и со својата автентичност го освои светот. Со повеќе од 20 милиони продадени изданија, милиони стримови и бројни меѓународни признанија, Емели Санде е уметник со несомнен светски статус. Низ годините, нејзините песни како "Next to Me", "Read All About It", "Clown", "Beneath Your Beautiful" и "My Kind of Love" станаа химни на милиони луѓе. Таа е позната по способноста секоја нота да ја претвори во приказна, а секој настап во незаборавен момент. Нејзиниот вокал, опишан како еден од најпрепознатливите на современата сцена, носи сила, длабочина и искреност што ретко кој артист ден...