Пређи на главни садржај

Постови

Приказују се постови за јун, 2025

Уметничко-музички настан „Детски цртеж и филмска музика“ во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

  Настанот е во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... Уметничко-музички настан под наслов „Детски цртеж и филмска музика“ во Прилеп. Настанот ќе се одржи на 20 Јуни 2025 година (понеделник) од 19 часот во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп. На настанот уметничките фотографии и цртежи ќе имаат изложено младите уметници и членови од Атељето Артика од Прилеп кои се под менторство на Елена Димоска и Методи Исков, професионални уметници и професори по ликовна уметност. На настанот покрај изложбата на младите уметници филмска музика ќе свират Катерина Поповска (пијано), Илија Чакароски (гитара) и Филип Бурнески (тапани). Инаку, влезот за настанот е слободен. #Култура

Детскиот хор „Мали Ангели“ со концерт во центарот на Прилеп

  Концертот беше на Камената Бина во центарот на Прилеп... Градскиот детски хор „Мали Ангели“ кој работи под капа на продукцијата „Артист Медиа“, а чиј ментор е наставничката Маја Џопа имаа извонреден концерт. Концертот се одржа синоќа на Камената Бина на плоштадот „Александрија“ во Прилеп. Дечињата од хорот заедно со наставничката Џопа на сцената пред многубројната публика ги изведоа старите и безвременски хитови на Влатко Лозаноски-Лозано, Даниел Кајмакоски, Брејк како и хитовите на еден од најпознатите детски македонски хорови „Златно Славејче“. Имено, концертот беше извонредно прекрасен со прекрасните гласови на малите ангели како и со гласовите на Матеа Николоска (солист) и Теодора Настоска (солист), а како специјални гости на концертот беа поканети и свој настап имаа Ана и Алексеј кои беа претставници од Македонија на минатогодишниот јуниорски евросонг кои се одржа во салата Саја Magica во Мадрид (Шпанија). Нас посебно ни се допадна настапот на Матеа Николоска која во ж...

„Нема правила“ е насловот на новата песна од Наташа Малинкова

Наташа Малинкова има нова песна под наслов „Нема правила“... Наташа Малинкова  деновиве на јавноста реши да ѝ ја претстави својата нова песна со наслов  „ Нема правила" .  Станува збор за, како што вели,  емотивна баладa  која  допира длабоко и зборува за љубов која не  познава и  признава граници,  која нема  логика  и, се разбира,  ниту   правила.   „’ Нема правила’ е искрен крик на срцето што сè уште чека, што се буди со спомени и живее и кога љубовта е далеку.   Текстот и интерпретацијата ја доловуваат болката, страста, но и надежта што останува во едно срце што љубело длабоко. Во песната доминира чувството дека понекогаш не можеш да го објасниш ниту да го контролираш она што го носиш во себе. Љубовта не следи правила, не се води по план – таа е хаос, сила и убавина во иста мера " , вели Наташа и додава:  „Имам само еден живот, една песна – недопеана."   Комплетен автор на песната која претендира да...

Калиопи со втор голем концерт на 6 Декември во „Македонската филхармонија“

Организатор на концертите е продукцијата „Прагма“... Првиот концерт на Калиопи кој е закажан на 14 ноември во „Македонска филхармонија" е пред распродавање, а поради големиот интерес од страна на публиката, Прагма продукција отвори и нов датум и тоа на 6 декември во „Македонска филхармонија" Ексклузивен акустичен концерт на Калиопи "100% LIVE" во Скопје! Публиката ќе има ретка можност да ги слушне нејзините најголеми хитови и евергрини од нејзиниот богат репертоар, преработени во акустични верзии со нов аранжман и автентична звучна естетика. Секоја нота, секој стих, секој молк ќе има своја тежина. Влезници може да се набават преку продажната мрежа на Купи Карти во Розе Веро 2, ЈК травел ви ТЦ „Бисер’’ и ЈК травел во Дајмонд Мол, а истите може да се набават и он-лајн на веб-страната на Купи Карта ( набавка на влезници за концертите на Калиопи ) #Естрада

Целовечерен концерт на Ана Мазнејкова во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Концертот ќе се одржи во фоајето на НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... На 26 Јуни (четврток) со почеток од 20 часот во фоајето до ЦК„Марко Цепенков“-Прилеп целовечерен солистички концерт ќе одржи пијанистката Ана Мазнејкова. Имено, на програмата се дванаесетте годишни месеци-композиции на Петар Илиќ-Чајковски, а концертот е поддржан од Министертсво за култура и туризам на Македонија. #Култура

Во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп концерт на Нинослав Димов и Маја Поповиќ

Концертот ќе се одржи во фоајето на НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... Целовечерен концерт во фоајето при ЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ќе одржат Нинослав Димов (саксофон) и Маја Поповиќ (пијано). Концертот е со почеток од 19 часот и ќе се одржи на 23.06.2025 година (понеделник), а истиот е поддржан од Министертсвото закултура и туризам на Македонија. #Култура

Изложба „Автопортрет“ во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Изложбата е во ликовната галерија... Вечерва со почеток од 19:30 часот во ликовната галерија од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ќе биде отворена изложбата „Автопортрет“ од уметникот Дарко Талески. Имено, изложбата е во годишната програма за работа на ЦК„Марко Цепнков“-Прилеп, а истата е поддржана од Министерството за култура и туризам и од конфекцијата „Комфи Ангел“. #Култура

Концерт на Три Џентлемен во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Концертот е впонеделник во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... На 16 јуни 2025 (понеделник) со почеток од 20.00 ч. во фоајето од НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп  целовечерен концерт ќе одржи Три Џентлемен. Под слоганот „Македонска рапсодија“ на концертот ќе бидат исполнети следните композиции: Тајно моја Кога те нема Чукни во дрво Штом се сака Che sara L’Italianovero Mamma son tanto felice O sole mio Се посврши сербез Донка Мајка на Марика думаше Јовано Јованке Не стој Доне, Донке Трио Џентлeмен е составено од тројца професионални оперски пеjачи: Дејан Стоев (тенор), Кристијан Антовски (баритон) и Јане Дунимаглоски (тенор). По урнекот на светските поп-класични состави се трудат тој жанр на пеење за прв пат да го презентираат и на нашите простори. На нивниот репертоар освен класичните композиции се наоѓаат и најголемите светски поп хитови изведени во поп-класичен манир, наполитански канцони, шпански песни, руски романси и секако македонското творештво. За ова кратко време колкушт...

Вечерва во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ќе биде отворена изложбата „Уметност во простор“

Изложбата е во Ликовата галерија од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... Вечерва со почеток од 19.00 часот во Ликовната галерија од НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп ќе биде отворена изложбата „Уметност во простор“ од уметниците Катерина Деспот и Касиопеја Наумоска. Во изложбата „Уметност во простор“, авторките Катарина Деспот и Касиопеја Наумоска ја обработуваат темата на интимноста преку специфичен визуелен пристап, кој произлегува од внимателно „грабнување со поглед“ на моменти од секојдневната реалност. Преку суптилна обработка на емоциите и нивната визуелна интерпретација,  го изразуваат својот карактерен уметнички манир, обидувајќи се да ги доловат и сокриат истовремено. Интимниот ефект е постигнат преку свесен фокус врз предметната стварност, со што се гради простор исполнет со колоритна носталгија, која од една страна потсетува на плакатната уметност, а од друга страна отвора длабоки лични и емотивни слоеви преку фрагментирани еротиконски форми. Овие елементи функционираат како движеч...

Четири награди за претстаавата „Слепци“, претставата „12“ на МНТ ја доби наградата за уметничко остварување на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Вечерва со враќување на наградите и претставата „Вистината 2“ ќе заврши 59. МТФ„Војдан Чернодрински“-Прилеп... Претставата „12“ во режија на Синиша Евтимов ја доби наградата за уметничко остварување на претставата во целина на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“. Жирито во состав Лилија Абаџиева, претседател и членовите Иван Меденица и Нела Оташевиќ, ја додели наградата со мнозинство гласови, а на истата претстава ја додели и специјалната награда за колективна актерска игра за ансамблот на Мaкедонскиот народен театар. На прес-конференцијата што се одржа денес во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, уметничкиот директор на МТФ„Војдан Чернодрински“ Ана Стојаноска, се заблагодари на жири-комисијата и на сите што го поддржаа фестивалот. „59. издание на МТФ беше исклучително интересно, возбудливо со многу предизвици. Се заблагодарувам на жири комисијата. Наградата за најдобра претстава од публиката ја доби претставата „Слепци“ и прв пат имавме оценка 5.00 од публиката“-вели Стојаноска....

Во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ќе се реализира работилница за мозаик за млади

  Работилницата е од 11 до 13 Јуни... Од 11-ти до 13-ти јуни 2025 година ( три дена среда, четврток и петок) ЦК „Марко Цепенков“ за првпат реализира работилница за мозаик за млади. На работилницата ќе учествуваат талентирани ученици од општинските училишта. Овој проект работилница за мозаик се реализира со поддршка на  Министерството за култура и туризам.  „Како искуство и позитивен исход од веќе релизираната работилница во 2021 година и во 2022 година, во Штип, решивме да го реализираме проектот во Прилеп и да ја поттикнеме мотивацијата и желбата кај младите за изучување на оваа дисциплина во ликовната уметност. Интересот за учество на учениците беше голем, бидејќи практично ќе научат како се создава мозаик. Предавач е м-р Александра Димитрова“  –  велат од ликовната дејност од ЦК „Марко Цепенков“. #Магазин

Целовечерен концерт на „Чалгија Саунд Систем“ во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

 Концертот е во големата сала од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... На 14 јуни 2025 (сабота) од 20.00 ч. во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ целовечерен концерт ќе одржи групата „Чалгија саунд систем“. Влезот за концертот е слободен. Бендот Чалгија саунд систем постои од 2008 година со една цел: да истражува низ оставнината на македонската музика, да ги открие нејзините скриени тајни и звуци и да се вложи одржувајќи ја во добра форма македонската чалгија без да се изневери традицијата. Во таквото музицирање и растење, Чалгија саунд систем како да ја откри најважаната тајна која ја носи во себе чалгијата – а таа е одлепувањето од индивидуализмот и залепувањето за заедничкото убаво и добро. Бендот првиот албум  го објави  во 2010 година со истоимен албум во кој беа без никакво двоумење отсвирени и отпеaни некои од најубавите македонски чалгиски песни. Созревајќи, во 2019 год, бендот го издаде својот втор албум именувајќи го „Тихувај“ како провокација за авторски поглед на н...

Вечерва во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одигра претставата „Пар Распар“ како дел од 59.МТФ„Војдан Чернодрински“

Денеска е шести ден од МТФ„Војдан Чернодрински“-Прилеп... Вечерва со почеток од 18 часот на големата сцена од ЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одигра театарската претстава „Пар Распар“ во изведба на НУ Театар „Комедија“-Скопје. Претсавата е во режија на Нина Николиќ, а улогите во претставата ги толкуваат актерите: Валентин Костадиновски, Атанас Атанасовски, Григор Јовановски, Тони Денковски, Сергеј Димоски, Виктор Арсов, Жаклина Петровска и Маја Љутков. Имено, вечерва исто во големата сала од ЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ќе биде изведена претставата „Слепци“ во изведба на НУ„Турски Театар“-Скопје. Претставата е во режија на Ќендрим Ријани, а улогите во претставата ги толкуваат актерите: Џенап Самет, Хакан Даци, Јеткин Сезаир, Сузан Акбелге, Фунда Ибрахим, Несрин Таир, Слаѓана Вујошевиќ, Емине Халил, Зубејде Али, Инес Радончиќ и Един Јакуповиќ. Инаку, утре со почеток од 20 часот во големата сала од ЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ќе бидат доделени наградите за најдобри театарски претстави и ќе би...

Со доделувањето на наградите за животно дело и претставата „12“ беше отворено 59 издание на МТФ„Војдан Чернодрински“-Прилеп

Нагарада за животно дело добија актерите Снежана Конески-Руси, Гоце Тодороски и Соња Михајлова... Во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп со претставата „12“ беше отворено 59 издание на МТФ„Војдан Чернодрински“-Прилеп. Свеченото отворање беше синоќа на големата сцена во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп, а истото започна со свеченото доделување на наградите за животно дело на актерите Снежана Конески-Руси, Гоце Тодоровски и Соња Михајлова. Снежана Конески-Руси за наградата вели дека додека ги допирала сценските штици значи дека постоела и затоа ја добила наградата, а и била радосна и горда за истата. „Веста за наградата за мене беше изненадување не сум очекувала такво нешто, бидејќи сум заборавила на наградите, повеќе мислам на следните проекти и актери. Ова е како ново чувство кое прв пат го доживувам, а во домот веќе по трет пат реално кажано но штом штиците ги допрам значи дека постојам и ја добивам нагарада. Радосна сум и горда.“ -вели Конеска-Руси. Актерката Соња Михајлова за наградата вели дека...

Во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп в четврток ќе биде отворена изложбата „75 за 75“

 Изложбата е по повод 75 години постоење на Народниот Тетатар „Војдан Чернодрински“-Прилеп... На 5 јуни 2025/ четврток/ од 19.30 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на фотографии „75 за 75“. Автор на проектот е м-р Каролина Мицевска. Ќе бидат изложени 75 фотографии на канвас, на која ќе бидат претставени претстави кои оставиле белег во децениското постоење на театарот „Војдан Чернодрински“. И зложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам во програмата за 2025 година.   T еатарот „Војдан Чернодрински“, 75 години опстојува , и ќе опстојува , раскажувајќи ни за минатото, сегашноста, но фокусирајќи сé на иднината. Од сите уметности само Театарот е директен посредник со публиката и затоа ни е насушно потребен. Тој е светлина сам по себе, што свети од сите страни и е препознатлив за секој човек. Целта на театарот во сите времиња била и ќе биде, како што вели Хамлет „... да стои, како огледало пред природата, да ја покажува доб...