Пређи на главни садржај

Премиера на претставата „Ученикот’’ во Народниот Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп

Премиерата е утре (среда), а првата реприза е во четврток од 20 часот...

Во Народниот Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп утре во 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Ученикот’’ која е под режисерска капа на Кирил Петрески.

Според драмскиот текст „Маченик“ на драмскиот писател Мариус Фон Маербург е создадена претставата „Ученик’’. Драмскиот текст на Маербург прв пат на сцена е одигран во 2015 година, а една година подоцна, во 2016 година направена е филмска адаптација на драмскиот текст од Маербург, а филмот е преведен и снимен во Русија со наслов „Студент“.

Режисерот на претставата „Ученикот“  , Кирил Петрески на денешната прес-конференција вели дека претставата „Ученик“ е со кратки филмски сцени и јазик, и се прикажани совреемените предизвици на младата генерација.

„Претставата „Ученик“ со кратки филмски сцени и јазик ги прикажува современите предизвици на младата генерација. Во време на политички и социјални екстремности, една млада личност се спротивставува на сите општествени препреки. Својот борбен начин го одбира во фанатизмот“-вели Петрески.

Имено, Петрески на прес-конференцијата додава дека не само на прилепскиот туку и на сите театри во Македонија им е потребен подмладок од млади актери, а како што вели Петрески во прилепскиот театар  скоро една деценија немало вработување на актер.

Актерот и толкувач на главната улога во претставата „Ученикот“, Зоран Иваноски на прес-конференцијата не ја криеше возбудата како и фактот дека за краток период се создала квалитетна театарска претстава.

„Вакво нешто јас немам доживеано во мојата дваесет годишна актерска кариера. Толку позитивно, сложено, едноставно, чисто и’ истовремено. Овие пет мина млади актери ми ја вратија желбата за творење и желбата да доаѓам на работа, и да творам онака како што јас знам“-вели Иваноски.

Во претставата „Ученикот“ улогите ги толкуваат Зоран Иваноски, Марија Спиркоска-Илијески и Александар Тодески, но и студентите по глума при Факултетот за Драмски Уметности во Скопје и тоа Лора Штарго, Иво Јездиќ, Марија Талеска, Наум Ѓорѓиески и Димитар Паскоски.

Сценографијата и дизајнот на плакат за претставата се на Владо Ѓорески, Александар Џинго е одговорен за костимографијата, а додека пак музиката е на Серафим Черенит.

Инаку, премиерата е закажана за утре, среда со почеток од 20 часот, а првата реприза е закажана за в’четврток на 26.12.2024 година од 20 часот.

Претставата „Ученикот“ е последна театарска премиера за оваа година која што е во продукција на Народниот Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...