Нов бенд на прилепското и македонското музичко небо... Прилеп добива нов музички бенд. KNAP веќе ќе биде добропознато музичко име не само на локалното прилепско туку и на регионално и на национално македонско музичко небо. Новосоздадениот бенд KNAP е во состав на Леонид Насески (клавијатури), Димитар Колевски (бас гитара), Стефан Самарџиоски (тапани), Леонид Гешоски (гитара) и Ана Цветаноска (вокал). Сите членови се ученици во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“-Прилеп. Водени од добрите и квалитетните ноти на поп и рок музиката дечките од KNAP решаваат да запловат во професионалните музички води на поп и рок музиката со тоа што на 24 ноември 2025 година го оформуваат бендот кој ќе се занимава и кој за слушатлите ќе ја пласира само поп-рок музиката. KNAP нема да биде KNAP доколку првиот нивни настап не е закажан непосредно по нивното составување. Првиот настап на KNAP ќе се одржи вчетврток во клубот „Калинка“ во страта прилепска чаршија со почеток од 21:30 часот. Побрзајте и резервира...