Пређи на главни садржај

Постови

Приказују се постови за октобар, 2025

Теа Таировиќ го најави спектакуларниот концерт во Спортскиот центар „Борис Трајковски“-Скопје (фото+видео)

Концертот е на 15 ноември 2025 година (сабота) во Спортскиот центар „Јане Сандански“-Скопје...           Теа Таировиќ е една од најпознатитите и најмалдите естрадни уметници кои се занимваат со балканска музика. Таировиќ по минатогодишниот концерт во Скопје што се одржа на 30 ноември, денеска на пресконференцијата што се одржа во просториите на Спортскиот центар „Борис Трајковски“-Скопје го најави големиот, спектакуларен и долгоочекуван овогодишен концерт што ќе се одржи на 15 ноември 2025 година (сабота) во големата сала од Спортскиот центар „Борис Трајковски“.           Теа вели дека Македонија и била втора куќа, трета година по ред имала солистички концерти во Скопје, а во овој момент најмногу за концертот се подготвувала кондиционално. „Македонија е мојата втора куќа . Трета година по ред имам солистички концерт во Скопје, а исто така сум возбудена и голема е одговорноста. Се подготвувам така да имам се н...

СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп со настан го одбележа розовиот октомври, месецот за превенција против карцином на дојка

Како аимбол на розовиот октомври, беа засадени и розови хризантеми во дворот од СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп... Месецот октомври или уште т.н розов октомври е месец кога се одбележува поддршката и едукацијата како и првенцијата против карциномот на дојка. СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп со настан го одбележа токму розовиот месец октомври.             СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп заедно со Центарот за развој и едукација во рамките на одбележувањето на розовиот октомври организираа настан кој беше посветен на подигањето на свеста за раното откривање и превенцијата од ракот на дојката.             Имено, со инспиративни пораки, засадување на хризантеми во розова боја и заедничко дружење од колетивот ученици и вработени во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп изразија солидарност до сите жени кои се соочиле и се соочуваат со оваа болест.            ...

Октетот Прилеп со концерт во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

 Концертот е впеток во големата сала од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... На 31.10. 2025 ( петок ), во големата сала од НУЦК „Марко Цепенков“ со почеток од 18.30 часот целовечерен концерт ќе одржи Октет Прилеп. Гости се: Сашо Башески, Викторија Георгиеска ,Дани Даниела. Ќе биде убава вечер со староградска музика, во која публиката ќе ужива. Октетот Прилеп постои повеќе од 30 години и работи во рамките на НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп. Со години ја негува староградската песна и учествува на многубројни фестивали низ Македонија. Досега има издадено неколку албуми. Резервациите за влезници можат да се направат на телефонскиот број 078/664-701 #Култура

Без да кажеш збор" – новиот сингл на Мартинијан Кириловски што зборува со тишина, а освојува со емоција

Песната на Кириловски премиерно беше изведена на овогодишното 40. издание на фестивалот за забавни мелодии „Макфест“... По својот впечатлив настап на овогодинешниот Макфест, каде публиката првпат ја слушна „Без да кажеш збор", Мартинијан Кириловски го претстави и видео записот за песната која веднаш го освои вниманието на јавноста. Ова е композиција со која Мартинијан го потврдува својот автентичен израз и зрелоста што ретко се среќава кај млади изведувачи, комбинација на современ звук, емоционална длабочина и беспрекорна интерпретација. Песната е целосно авторско дело на Илија Ќосевски, кој ги потпишува музиката, текстот и аранжманот. Таа носи брз и динамичен ритам, но зад енергичниот пулс се крие приказна што говори за најнежната форма на љубов, онаа што не бара зборови. „Сакав да покажам дека и во брз ритам може да се раскаже нешто што се чувствува, не само што се пее. Понекогаш токму тишината зборува најмногу. Оваа песна е за тој миг кога не ти треба ништо освен нечиј поглед з...

Теа Таировиќ со голем солистички концерт во Скопје

Концертот ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ во Скопје... Балканската ѕвезда Теа Таировиќ доаѓа во Скопје со голем, спектакуларен концерт на 15 ноември 2025 во арената „Борис Трајковски“! Концертот се најавува како музички спектакл со врвна продукција, импресивна сценографија, танчери, специјално осмислени кореографии, костими и светлосни ефекти кои ќе ја претворат арената во вистинска концертна магија. За Теа, концертот не е само изведба, туку големо уметничко дело во кое секој тон, секој кадар и секоја емоција имаат своја улога. Минатата година, токму во ноември, Теа ја наполни скопската арена до последно место, концерт кој беше распродаден до последна карта и кој остави силен белег кај публиката. Овој пат интересот е уште поголем, а очекувањата уште повисоки. Со својот нов албум, кој веќе е објавен и предизвикува огромно внимание во регионот, Теа отвора ново поглавје во својата кариера. Скопската публика ќе има единствена можност првпат во живо да ги слушне песните од овој пр...

JALA BRAT & BUBA CORELLI СО „GOAT TOUR” ВО СКОПЈЕ — СПЕКТАКЛ КАКОВ ШТО НЕ Е ВИДЕН ДОСЕГА!

Музичко-визуелниот спектакл ќе се одржи на 29 ноември  од 21:00 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“... Подгответе се за невиден музички и визуелен спектакл  –  „GOAT TOUR” пристигнува во Скопје! На 29 ноември, во  Спортскиот центар  „Јане Сандански”, регионалните хип-хоп титани Jala Brat и Buba Corelli ќе приредат аудиовизуелно шоу што ќе ги помести сите граници и ќе ја крене македонската публика на нозе! Датум: 29 ноември 2025 Локација:  Спортски центар  „Јане Сандански”, Скопје В ратите  се отвораат во  19:30 , а шоуто стартува во  21:00  часот Со години на врвот на балканската сцена, со безброј хитови и милионски прегледи, Jala и Buba  ја стартуваат големата  GOAT TOUR  во чии рамки ќе посетат  повеќе од 10 европски метрополи.  Турнејата потпишана од  Music week  пл a тформата   стартува од  Скопје  по што ќе  следуваат нас...

На 27 октомври светски ден на аудиовизуелното наследство во Кинотека

Настаните се со почеток од 12:00 часот напладне во кинотечното кино... На 27 октомври (понеделник), сите архиви, кинотеки, филмски музеи и институти во светот ќе го одбележат Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со активности, промоции и настани со кои фокусот на светската јавноста го насочуваат кон значењето и ранливоста на аудиовизуелното наследство. Како дел од тоа големо семејство на професионалци и институции посветени на заштитата и сочувувањето на филмското културно наследство, и Кинотеката се вклучува со свои активности во одбележувањето на овој значаен ден. Во таа насока, на 27 октомври (понеделник) со почеток во 12 ч. во кинотечното кино  ќе се одржи блу – реј промоција   на филмот МИС СТОН на Живорад Жика Митровиќ од 1958 г., а до крајот на октомври пак, во вечерните термини на филмската програма, ќе бидат прикажувани наслови од македонската кинематографија кои годинава одбележуваат своевиден јубилеј. Од понед...

Македонската филхармонија гостува на престижната сцена на „Музикферајн“ во Виена

Концертот на филхармонија во „Музикферајн“ е закажан за 28 октомври (вторник)... Оркестарот на Македонската филхармонија во вторник ( 28  октомври) ќе одржи концерт во „Златната сала” на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн” во Виена – дом на Виенската филхармонија и место каде што секој 1 јануари се одржува најпознатиот Новогодишен концерт во светот. Настапот на Македонската филхармонија на сцената на „Музикферајн” во Виена претставува заокружување на прославата на 80 годишнината од формирањето на оркестарот, а воедно ќе се одбележат и 30 години од воспоставување на дипломатски односи меѓу Австрија и Македонија. На концертот во Виена, како солисти ќе настапат Ана и Игор Дурловски, а диригент ќе биде маестро Јерухам Шаровски од Израел. На програмата се пет традиционални македонски песни во оркестарски аранжмани на композиторот Сони Петровски, „Тешкото” од Глигор Смокварски, „Македонска парафраза бр.2″ од Бете Илин и Симфонијата бр.8 од Антонин Дворжак. Програм...

Концерт на Влатко Миладиноски на 28 декември во арена „Борис Трајковски“

Концертот на Влатко Миладиноски ќе биде во придружба на орекестарот на Златко Миладиноски... По низа распродадени концерти, илјадници аплаузи и безброј песни, Влатко Миладиноски ја заокружува оваа 2025 година со голем музички спектакл и тоа на 28 декември во арената „Борис Трајковски”, во придружба на големиот оркестар на Златко Миладиноски.   Овој концерт ќе биде круна на една година исполнета со успеси, патувања и средби со публиката низ целата земја, но и надвор од неа. Ноќ кога ќе се слави македонската песна, но и трудот, љубовта и вербата дека уметноста е вечна само кога се создава со душа.   Со својата посветеност и искреност, Влатко успеа да ја издигне македонската народна песна на едно ново ниво. Симболично, токму тој го постави историскиот рекорд и стана првиот фолк пејач од Македонија кој настапил на Античкиот театар во Охрид, со што ја впиша оваа вечер во златните страници на македонската музичка историја.    А сега, Влатко повторно пишува историја. Токму ...

Александар Тарабунов-Тара со нова песна под наслов „Љубов“

„Љубов“ е најинтимното, најзрелото и најкомплетното музичко дело на Тара досега... Во време кога искреноста ретко ја среќаваме во музиката  Александар Тарабунов- Тара  ни ја подава својата душа  -  сурова, чиста, автентична. Со новата песна  „Љубов" , овој талентиран  изведувач и  автор ја отвора вратата кон своето најинтимно, најзрело и најкомплетно музичко дело досега. Создадена во еден здив, во тишината на едно дождливо попладне, песната „Љубов" не е само уште една баладa ,  таа е емотивна ерупција, вулкан од страст и жив доказ за уметничката зрелост на Тара. Песната е напишана, компонирана и изведена од самиот автор што ја прави уште посилна, уште повистинита . Слична е приказната и кога станува збор за видеото зашто истото е работено по идеја на Тара, а реализирано со помош на Никола Марковски.  „Трепериш ко капка утринска... Ѕвезден прав ни спои патишта... Во сите мои животи знам ќе те пронајдам..." Секоја строфа носи по еден ...

ЕКСКЛУЗИВНО! Џенан Лончаревиќ со голем концерт на 6 декември во Скопје

Концертот ќе се одржи во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје... Џенан Лончаревиќ е српски естраден уметник кои со својата 30 годишна музичко-естрадна работа е доста познат, признат и баран на балканските простори и држави. На големо иненадување Лончаревиќ солистички концерт ќе одржи во Скопје. Концертот е веќе закажан за 6 декември (сабота), а истиот ќе се одржи во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје со почеток од 21:00 часот. Според информациите со кои располагаме до подготовка на прилогот Лончаревиќ со својот бенд за верната публика, слушателите и фановите ќе приреди концертна вечер која ќе ја разбуди сета љубов во вас. Имено, влезниците се веќе во продажба и истите може да се набават на  wayin.mk   по цена од 700 денари, a ВИП резервации може да се направат на телефонскиот број 071/224-937. Според информациите до кој дојдовме местата за концертот на Лончаревиќ во Скопје се ограничени, а организатор на концертот е продукцијата Вајб. Не го пропуштајте концер...

На 13 декември во Македонската филхармонија Бојана Скендеровски ќе го одржи нејзиниот прв солистички концерт „Бесмртна“

Концертот е најавен како концерт посветен на љубовта и носталгичните чувства... Бојана Скендеровски е естраден уметник со повеќе од две децениско музичко искуство. Во песните на Бојана се искажани доста емоции кој допираат до секое срце, до секое тело и до секој мозок. Бојана својата 20 годишна кариера ќе ја круниса со нејзиниот солистички концерт кој ќе се одржи на 13 декември (сабота) од 20:00 часот во големата сала на Македонската филхармонија. Концертот е под наслов „Бесмртна“ и тој всушност е првиот солистички концерт на Бојана по две децениска музичко-медиумска работа. Имено, концертот наголемо се најавува како концерт т.е вечер која ќе биде исполнета со многу љубов, носталгични чувства но и како вечер во која публиката и фановите ќе имаат можност да ја видат Бојана во едно поинакво светло. Бојана за концертот вели дека концертот е нејзината благодарност кон публиката, музиката и моментите што ја обликувале како уметник. „Овој концерт е мојата благодарност кон публиката, кон музи...

Утре во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп изложба на дела од уметникот Синиша Новески

Изложбата е во ликовната галерија од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... На 24 октомври 2025 (петок) од 19.00 ч. во Ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на дела од Синиша Новески. Изложбата е дел од годишната програма на ЦК „Марко Цепенков“ за 2025, поддржана од Министерството за култура и туризам. Изложбата на скулпторот и професор Синиша Новески содржи околу 20 скулптури во различни материјали,мотиви и тематики.Тие се работени во последните 20 години, али најмногу има од последниот негов циклус на скулптури наречен” Жар скулптури” кои се направени во дрво и се доста симболични и асоцијативни и на еден метафизички начин го прикажуват денешниот свет со елементи на македонската традиција и митологија. Тие како жар во дрвото зрачат со својата топлина и ја греат душата на посетителот и гледачот. Во неговите скулптури секогаш има некоја лиричност и порака, но и богата ликовност и естетика.Скулптурите се во мал галериски формат, но зрачат со нивната монументалност...

Глобалниот феномен ARGY – по Tomorrowland и Бразил, на 13 декември директно во Скопје!

ARGY на 13 демеври во Скопје... Најгласното, најмоќното и најочекуваното електронско доживување на годината ќе се случи на 13 декември 2025 година во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. ARGY, едно од најистакнатите имиња на современата електронска сцена, доаѓа со спектакл каков што досега не сме виделе. Шоу што ги руши сите граници на звукот, продукцијата и енергијата.   Во време кога светот живее во пулсот на електронската култура, Скопје ќе го почувствува врвот на тој бран, преку уметникот кој од подземјето создаде глобален феномен.    ARGY е артист што одамна го надмина статусот на диџеј и стана симбол на современиот хаус и техно звук.   Со сетови што предизвикуваат транс, со магична сценска естетика и харизма што ја поттикнува колективната еуфорија, тој создава атмосфера што ги брише границите меѓу уметност, звук и емоција. Во арената „Борис Трајковски“ ќе биде поставена продукција со највисоки светски стандарди.  Сценографијата и визуелните ефекти ќе созд...