Пређи на главни садржај

Постови

Приказују се постови за новембар, 2024

Филмот „УБИЈ ги ПРВО ДЕЦАТА“ прикажан синоќа во киното „Мис Стон’’ во Прилеп

   Премиера на филмот „УБИЈ ги ПРВО ДЕЦАТА“ прикажан во Прилеп... Филмот „УБИЈ ги ПРВО ДЕЦАТА“ чиј режисер е Димитар Оровчанец, продуцент Атанас Ѓорѓиев и Александар Русјаков беше прикажан синоќа во киното „Мис Стон“ во Прилеп. Продукцијата за филмот е на „Трис Филмс“ и „ДМС Филмс“ .  Имено, сцените за филмот се снимани во Скопје во Центар како и во скопски Рекорд, а улогите во филмот ги толкуваат актерите Мартин Ѓорѓиоски, Миа Жаро, Стефан Спасов, Александар Ѓорѓиески, Марко Трајковиќ, Стефан Вујисиќ, Анастас Тановски, Адриан Азири, Марија Јанчевска, Марина Поп Панкова, Лео Поповиќ, Никола Кумев, Ненад Нацев, Благица Трпковска, Ана Лавајковиќ, Предраг Павловски, Тања Кочовска, Филип Трајковиќ, Александар Микиќ, Емилија Мицевска, Миа Кантарџиева, Ангела Стојановска, Нино Леви, Фаик Мефаилоски, Береда Решит, Ендмонд Сотир, Наталија Ристеска, Хакан Даци и Филип Миленковски. Филмот„УБИЈ ги ПРВО ДЕЦАТА“ е македонски долгометражен филм кој што е сниман годинава, а неговата прв...

„Песна за Свети Наум Охридски“ нова песна на Влатко Миладиноски

Влатко Миладиноски со нова песна „Песна за Свети Нуам Охридски“... Фотографија од видео-записот за песната Утринава на јутјуб каналот на еден од најпознатите македонски фолк и народни пејачи Влатко Миладиноски беше промовирана неговата нова песна под наслов „Песна за Свети Наум Охридски“. Имено, музиката е на Тоде Новачевски, текстот е на Крсте Наумовски, а додека пак арнжамнот за новата песна од Миладиноски „Песна за Свети Наум“  е на Златко Миладиноски.  Како што пишува во појаснувањето под видео-записот на јутјуб каканлот од Миладиноски песната е посветена на неповторливиот музички чудотворец Тоде Новачевски. Исто така има упатена благодарност до Архимандритот господин Доситеј Бигорски и до Дончо кој што ги пречекал во манастирот „Свети Наум’’ во Охрид каде што всушност е сниман и видео-записот за песната. Зад видео-спотот се потпишува продукцијата „Х’’. Во продолжение слушнете ја новата песна на Влатко Миладиноски со налсов „Песна за Свети Наум Охридски“, а ние се надеваме...

„Даме од Македонија“ нова песна на Наум Петрески, Зуица Лазова и Стефан Петрески

Новата „Даме од Македонија“ е трует песна на Зуица Лазова, Наум и Стефан Петрески... Фотографијата е од видео-записот  Пред повеќе од две недели на јутјуб каналот од „Гарски Продукција“ беше промовирана новата трует песна на Наум Петрески и Зиуца Лазова кој овој пат ја снимија заедно со нивниот син Стефан Петрески. Песната носи наслов „Даме од Македонија“. Музиката и текстот за песната се на Соња Дојчиновска, арнжамнот е на Дејан Момироски, а додека пак зад видео-записот се потпишува продукцијата „Гарски’’. Во продолжение слушнете ја новата песна на Наум, Зиуца и Стефан со наслов „Даме од Макеонија“, а ние се надеваме дека и вие ќе уживате исто како ние. Дежурната екипа на ИНФО-ПРИЛЕП на Наум, Стефан и Зуица им посакува многу успеси како на приватен така и на профеионален план. #Естрада

Песната „Молитва“ е една од трите најавени преработки кои премиерно ќе се изведат на концертот „Македонијо во срце те носиме“ што ќе се одржи во Македонската Филхармонија

„Молитва“ е една од трите највени преработки за концертот „Македонијо во срце те носиме’’ што ќе се одржи во Македонската Филхармонија... Во еден од најпознатите македонски музикчки проекти „Македонијо во срце те носиме“ има преубави преработки на дванаесет македонски песни со патриотски мотиви. Проектот одржа 18 концерти ширум Македонија, а одржа и еден во дијаспората, ова всушност е двегодишната работа на овој проект. Во прокетот вклучени се македонски народни и забавни пејачи како Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Огнен Здравковски, Миле Кузманоски, Наум Петрески, Зиуца Лазова, групата ДНК, Мина Блажев, Андријана Јаневска, Марија Спасовска и Александар Тарабунов. На концертот што ќе се одржи на 7.12.2024 година (сабота) покрај добро познатите 12 песни од „Скендеровски Продкција“ најавија уште три нови преработки кој премиерно ќе бидат изведени на концертот, а една од нив е песната „Молитва“. Песната „Молитва“ во оригинално издание е изведена од Виолета Томовска, а е  ...

Филм „УБИЈ ги ПРВО ДЕЦАТА“ во киното „Мис Стон“ во Прилеп

Филм „УБИЈ ги ПРВО ДЕЦАТА“ во прилепско „Мис Стон“... Филмот „УБИЈ ги ПРВО ДЕЦАТА“ премиерно ќе се прикажува во прилепското кино „Мис Стон“ кое работи во склоп на НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп. Премиерата е закажана за 26.11.2024 година (вторник) од 19:00 часот. „УБИЈ ги ПРВО ДЕЦАТА“ е младалачки, шармантен, шизички и љубовен филм кој прво ќе ви ја убие досадата, а потоа и ќе го привлече вашето внимание. Филмот исто така е и урбана тема, гај рачиевски ритам, супер музика, одличен микс на професионални глумци и натуршчици, реплики за паметење, а и филм кој ќе ве освежи вас и вашето внимание. Имено, режијата за филмот е на Димитар Оровчанец, продукцијата е на „Трис Филмс“ и „ДМФ Филмс’’, а годината на негово производство е 2024. Дизајнер на продукцијата е Сашо Блажевски, костимите се на Ина Чолак, Калина Игновска е одговорна за монтажата, а музиката за филмот е доверена на Игор Василев-Новоградска.  „Убиј ги прво децата“ е комична приказна за тинејџерка балерина, нејзиниот лудо вљубен ...