Изложба на икони „Благовестие во бои“ од уметникот Златко Лечковски всреда во Цепенков

Изложба на икони во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

Изложбата на икони насловена како „Благовестие во бои“ од уметникот Златко Лечковски ќе биде отворена во среда (18.12.2024 година) во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп.

Изложбата  може да се каже дека е и дел од одбележувањето на празникот Свети Никола кој всушност е патрон празник на град Прилеп.

Уметникот Златко Лечковски е роден во Битола во 1982 година. Уште од најмала возраст тој се пронашол во ликовната уметност. Лечковски како средношколец, две години работи како уметник во ателјето при храмот „Пресвета Богородица“ во Битола, кај еминентните зографи Ристо Димовски и Никола Крнчев, а тогаш за прв пат зема учевство во групната изложба на икони, во организација на таа иконописна организација. Во периодот што следува, Лечковски се посветува на изработка на икони за иконостаси, како и делови од живопис на ѕид во неколку цркви и манастири во Преспанскиот регион, како и во Грција. Со негови икони учествувал во неколку заеднички изложби, како и 10-тина самостојни, во најразлични градови од државава. 

Имено, дела од Лечковски можат да се видат во повеќето земји од Европа, а исто така значајно е да се споменат неколкуте икони што ги изработува за бискупот на Англиканската црква Ричард Чартрес, и една икона за папата Фарнциск. Лечковски живее и работи во Битола.


#Култура

Коментари