Претставата „Ученикот“ во Народниот Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп (фото)

Премиерата беше во средата, а првата реприза беше синоќа...

Љубителите на театарот имаа можност на театарската сцена од Народниот Театар„Војдан Чернодрински“-Прилеп да ја видат претставата „Ученикот“ која е работена по текст од драмскиот писател Мариус Фон Маербург, а во режија на Кирил Петрески. Петрески исто така ја изврши и драматургијата на драмскиот текст.

Имено, претставата е работена според драмскиот текст „Маченик“ од Маербург, а во истата се прикажани проблеми со кои сите ние се среќаваме, но ги прикажува и современите предизвици на младата генерација. Претставата има кратки сцени со филмски јазик.

Режијата и драматургијата за претставата „Ученикот“ се на Кирил Петрески, сценографијата и дизајнот на плакат се на Владо Ѓорески, а музиката е на Серафим Черенит.

Во претставата улогите ги толкуваа Зоран Иваноски, Марија Спиркоска-Илијески и Александар Тодески, но и студентите по глума кој завршуваат на Факултетот за Драмски Уметности Скопје, а тоа се Лора Штарго, Наум Ѓорѓиоски, Димитар Паскоски, Марија Талеска и Иво Јездиќ.

Инаку, публиката која беше присутна на премиерата и на првата реприза од претставата имаше само пофални зборови за истата, а претствата „Ученикот’’ беше последната театарска премиера за оваа година, која што беше во продукција на Народниот Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп.


#Култура

Коментари