Пређи на главни садржај

Постови

Приказују се постови за август, 2026

Музичкото училиште „Ентерпрајз“ ги објави уписите за 25-та рок сезона

Без аудиции и приемни испити – доволни се желбата за музика, ентузијазмот и љубовта кон свирењето или пеењето... Ентерпрајз е единственото рок училиште во Македонија, кое во изминатите две децении има низ своите простории повеќе од 1.500 ученици. Наставата во Ентерпрајз се одвива во групи во кои се изучуваат соло пеење, гитара, бас гитара, тапани и клавијатури, со можност за комбинирање и паралелно изучување на повеќе сегменти. За да станете дел од големото и насмеано семејство на Ентерпрајз, доволно е да имате желба за свирење или пеење – а може и двете. Ентерпрајз работи според филозофијата дека секое дете е талентирано за музика, но потребно е некој да го насочи и охрабри. Затоа во училиштето нема аудиции и приемни испити. Тимот на Ентерпрајз верува дека учењето музика треба да биде весел и забавен процес, кој најлесно се реализира доколку учениците го свират или пеат она што го сакаат. Токму затоа, уште од самиот почеток тие имаат можност да ги изберат жанровите преку кои ќе го изу...

Таско: „Луда“ настана многу спонтано, а публиката ја прифати одлично

 Таско и Теа ја продолжуваат успешната приказна со „Луда“... Таско и Теа Трајковска повторно ги спојуваат своите енергии во новата песна „Луда“. Станува збор за модерна и разиграна поп-рап тема, исполнета со љубов, страст и препознатлив урбан звук. „Таа песна настана многу спонтано. Јас имав некоја идеја каде што би сакал да направам некоја летна регетон песна и на некој начин да се тргнам од тој мој потврд стил на музика. Многу спонатно настана, јас имав некоја мелодија ја повикав Теа   со оглед на тоа дека имавме една соработка пред тоа, а тоа е песната „Сатурн“ за „Макфест“. Ја завршивме таа песна, некако убаво ја прифати публиката и природно дојде да направиме уште една соработка“- вели Таско за песната „Луда“ По успешната „Сатурн“, ова е нивна нова заедничка приказна, дополнета со летен видеоспот кој е снимен во Охрид.   Христијан Ангелески #Естарда

Игор Џамбазов за песната „Понеделнички“

Џамбазов: Идејата беше песната секој понеделник да ја има на радио... „Понеделнички“ е новата песна со која Дарко Гроздановски се враќа на музичката сцена по тригодишна пауза. Музиката и текстот ги потпишува Игор Џамбазов, а песната носи брза, разиграна и љубовна приказна за едно срамежливо момче и девојката во која е вљубено. „Песната е моја авторска, но ја пее Дарко Гроздановски. Тој е еден талентиран млад пејач од Битола кој ми се допадна и ме „купи“ од прва. Песната е добро прифатена, а спотот одлично поминува. Секој понеделник ја има на радио станиците што всушност тоа ни беше и идејата. Дарко е еден од оние што ќе бидат следните ѕвезди на македонската пејачка сцена, едно преталентирано дете што за мене е чесно умно и чисто дете. Му предвидувам светла иднина“- вели Игор Џамбазов, за песната „Понеделнички“. Инаку, песната е проследена и со интересен видео спот во кој директно е интригиран и во кој се појавува самиот Џамбазов.   Христијан Ангелески

Концерт на Нина Бадриќ оваа сабота во Охрид

Нина Бадриќ вечерва со концерт во Охрид...  На 29 август (сабота), Охрид ќе биде домаќин на концертна вечер што има сè за да стане едно од највпечатливите музички случувања на крајот од летото. На сцената на Античкиот театар пристигнува Нина Бадриќ, артист чиј глас, стил и музички идентитет повеќе од три децении имаат посебно место на регионалната сцена. Во време кога музичката индустрија постојано создава нови имиња и краткотрајни трендови, Нина Бадриќ останува ретка константа. Кариера изградена без компромиси, репертоар што го издржа тестот на времето и песни што денес се пеат со истата сила како и во моментот кога беа создадени. „Čarobno jutro", „Takvi kao ti", „Dani i godine", „Rekao si", „Dodiri od stakla", „Dat će nam Bog" се само дел од музичката приказна што на 29 август ќе прозвучи под отвореното охридско небо. Античкиот театар во Охрид на 29 август нема да биде само концертна локација. Ќе биде местото каде што песните што обележаа години, љубови,...

ПЕТ ВЕЧЕРИ, ПЕТ БЕНДОВИ И ДЕСЕТ ДИЏЕИ: AERO STREET FOOD FESTIVAL 2026 СО ФЕНОМЕНАЛНА МУЗИЧКАТА ПРОГРАМА!

  Од 4 до 8 септември, паркот „Авионче" ќе пулсира во ритамот на македонската музиката во живо, диџеј-сетовите, гастрономските натпревари и специјалните трибјути посветени на Владо Јаневски и ДНК... Од 4 до 8 септември 2026 година , паркот „ Авионче " повторно ќе стане највкусната и најразиграната точка во Скопје. Второто издание на AERO Street Food Festival носи пет фестивалски вечери исполнети со улична гастрономија, концерти, диџеј-сетови и интерактивна забава за публиката. Под мотото „ Поголем, позвучен и поразновиден! ", фестивалот годинава подготвува богата музичка програма. Секоја вечер на сцената ќе настапуваат по еден бенд и по двајца диџеи. „AEROStreetFoodFestival е настан што потврдува дека Аеродром е општина во која се создаваат убави моменти, се негува културата и се гради заедништвото. Навистина ми е драго што и годинава паркот „Авионче" ќе биде место за музика, дружење, добра храна и забава за сите генерации. Како Општина, секогаш ќе ги поддржу...

Пејачката Бојана Скендеровски за нејзината нова песна „Оди си“

 „Оди си“ е новото музичко парче на Бојана Скендеровски... Македонската поп-пејачка Бојана Скендеровски го претстави својот нов сингл „Оди си“ – песна со модерен звук, многу енергија и препознатливата емоција на Бојана. Музиката и текстот се дело на Александар Тарабунов – Тара, додека аранжманот го потпишува Димитар Андоновски. „Оди си“ е динамична женска песна со став и темперамент, создадена да се пее и да се игра. „Навистина сум среќна што во последно време некако ненамерно излегуваат „женски песни“ иако тоа не би било намерата. Веројатно „Не сум ти ни мајка“ е нешто што ние жените често пати си го кажуваме за партнерите кога сме лути, така да веројатно момците треба да размислуваат на стихот „Не сум ти ни мајка“. Песната е едно ново модерно музичко парче од мене“- вели Бојана Скендеровски, музичар.            Имено, в идеоспотот за „Оди си“ на Скендеровски е снимен во Тирана , Република Албанија, а од нејзиното објавување пак, ...

Александар Тарабунов: Кога ја слушнав „Прва љубов“ реков морам да ја преработам

 Песната е музички хит на радио и тв програмите... Пејачот и кантавтор Александар Тарабунов – Тара ја оживеа култната македонска песна „Прва љубов“, која за првпат ја отпеал неговиот татко Ванчо Тарабунов во 1973 година на Скопскиот фестивал. Новата верзија носи современ звук, но ја задржува емоцијата и духот на оригиналот. Музиката и аранжманот се дело на легендарниот Драган Ѓаконовски – Шпато, а текстот е на Благоја Стефановски. Со оваа преработка, Тарабунов му оддава почит на својот татко и на богатото македонско музичко наследство. „Песната ми е многу драга, бидејќи јас на татако ми му најдов цел албум во тие години каде што работеле со биг бендот, Со колеги од биг бенд оркестарот тогаш имале големи компизтори кој што пишувале сериозни и светски теми. Еден од нив е и Драган Ѓаконовски-Шпато кој ја има направено музиката и го има направено аранжманот за „Прва љубов“. Песната ми се допадна бидејќи има рефрен како „Ај лав ју бејбе“.Кога ја слушнав „Прва љубов’’ реков дека мора...

Во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ се подготвува претставата „Животинска фарма“

 Премиерата на претставата се очекува во октомври...      Во театарот „Војдан Чернодрински“ во тек се пробите за новата претстава „Животинска фарма“ според Орвел, што ја режира режисерот Чендрим Ријани. „Животинска фарма“ е сатирична алегорија напишана од Џорџ Орвел во 1945 година.      Претстaвата сe реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам и е дел од годишната програма на театарот „Војдан Чернодрински“ за 2026 година.      Режисерот Чендрим Ријани вели дека „Животинска фарма“ е еден од најдраматизираните романи во светот.      „ Орвел е прекрасен автор и мислам дека во овој момент текстот е погоден да се постави во театарот. Тоа е еден концепт што се надградува над „Животинска фарма“ и многу му личи на театарот „Војдан Чернодрински“. Освен она што има внатре во делото, тука е моментот во кој се наоѓа театарот, без театар, се надградува и се вградува во концептот на „Животинска фарма“. Прилепскиот теат...

Мото фестивал „Росови“ во Прилеп (фото галерија)

  Во центраот на Прилеп од мото изложба, преку музика и мото спектакл синоќа се одржа мото фестивал „Рисови“...      Синоќа во централното градско подрачје, на плоштадот „Арт“ во Прилеп се одржа традиционалноиот фестивал на повеќе видови мотори, мото фестивалот „Рисови“.      Од изложба на мототри, преку добра музика и забава до мото спектакл Прилеп синоќа живееше во духот на мото фестивалот „Рисови’’ за 2026 година.      Музички настапи на фестивалот имаа Dj- џеј Биџо, српската музичка група „ Hound Dogs “   и „Бело копче’’ со препев на познатите песни на „Бјело дугме“.      Имнео, мото фестивалот „Рисови“ 2026 во Прилеп беше поддржан од повеќе фирми и претрпијатија, а на истиот ученици од сообраќајната струка при СОУ„Ристе Ристески-Ричко’’ на посетителите им делеа флаери со сообраќајни совети кои ќе им послижат за нивната безбедност и здравје во сообраќајот.   Христијан Ангелески   # Магазин...

ГРОМОГЛАСНАТА ТИШИНА СИЛНО ОДЕКНА – ЕМОТИВНА СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА „ДОБРИ ЛУЃЕ“ НА МАНЧЕВСКИ НА САРАЕВСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ И ШИРОК МЕДИУМСКИ ОДГЛАС

Светска премиера на филмот „Добри луѓе'' од Милчо Манчевски...   Документарниот филм „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски синоќа имаше светска премиера пред публика, која не можеше да ги скрие силните емоции. Филмот се прикажа во официјалната документарна конкуренција на 32. Сараевски филмски фестивал.  После проекцијата во салата завладеа заглушувачка тишина, која траеше бесконечно – за потоа да биде разбиена со силен аплауз од емотивната публика. „Во оваа громогласна тишина се собра сета тага на Кочани што ја почувствува светот“, изјави режисерот Манчевски. По аплаузот се одржа жив разговор со публиката која одушевено го прими филмот. Во разговорот, кој го водеше селекторката на програмата Рада Шешиќ, учествуваа Манчевски, директорот на фотографија Иван Ивановски и дел од соговорниците во филмот – преживеани од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На премиерата присуствуваше и директорот на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски, кој дојде од почит кон Манчевски, иако „Добри луѓе...

Од 18 до 25 август повторно во Прилеп ќе се случува ликовната колонија „Марко Цепенков-Дрен 2026“

На меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков-Дрен 2026“ ќе творат уметници од Прилеп, Македонија, но и од странство... Од 18 до 25 август 2026 година Центарот за култура  „Марко Цепенков“ ќе ја реализира 18 -та ликовна колонија „Марко Цепенков - Дрен 2026“. На колонијата годинава ќе творат Дамјан Ѓуров, Никола Пијанманов, Марјан Стојаноски, Слободан Милошески, Озбек Ајваз, Славчо Павлески и Емил Солески, кои ќе работат монументални скулптури за во јавен простор. Колонијата е дел од годишната програма на Центарот за култура „Марко Цепенков“ за 2026 година во визуелни дејности поддржана од Министерството за култура и туризам. Со особено задоволство информираме дека 18-та ликовна колонија „Марко Цепенков - Дрен 2026“ годинава за првпат ја поддржува и Општина Прилеп. Колонијата годинава става посебен акцент на монументалната скулптура и нејзината улога во јавниот простор. „Колонијата е значајна средба на уметници, идеи и современи скулпторски изрази, со една јасна цел, уметноста д...

Македонски рок во Радовиш: На 28-ми август концерти на Меморија и Ареа

За Денот на македонските рудари... По повод „Денот на македонските рудари“, Радовиш ќе биде во знакот на македонскиот рок. На сцената доаѓаат две од најпрепознатливите имиња на домашната рок-сцена – групите „Меморија“ и „Ареа“*, со песни што обележаа генерации и звук што добро го познаваме.  28 август 2026 година, Паркинг Орел, Радовиш со почеток од 21:00 – 23:00 часот „Меморија“ и од 23:00 часот „Ареа“. Влезот е слободен. Настанот е поддржан од Општина Радовиш и Рудник Бучим. На 28 август во Радовиш - вечер исполнета со македонски рок, познати песни и добра атмосфера . Настанот е поддржан од Општина Радовиш и Рудник Бучим. На 28 август во Радовиш - вечер исполнета со македонски рок, познати песни и добра атмосфера. #Магазин

Со официјална прес-конференција најавен Меѓународниот фолклорен фестивал „Итар Пејо“

  Меѓународниот фолклорен фестивал „Итар Пејо“ се одржува на 14 август (петок) и 15 август (сабота) во Прилеп... Фолклорот е збир на народни песни, игри, ора, танци, хумор, а денес напалдне во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“-Прилеп со официјална прес-конференција беше најавен Меѓународниот фолклорен фестивал „Итар Пејо“ кој викендов за прв пат се одржува во градот под Марковите кули-Прилеп. Горан Василески од КУД „Мирче Ацев“-Прилеп кои се организатори на фестивалот „Итар Пејо“ во Прилеп за медиуми вели дека го избрале ликот и делото на Итар Пејо како фолклорен лик од Македонија, како симбол на итроштина и преку кои кожат да го продолжат и негуваат македонското културно наследство. „Го избравме ликот и делото на Итар Пејо како фолклорен лик од Македонија, како симбол на македонската итроштина и како тој маките и секојдневието ги пренесувал преку шегата. Ова е еден начин како да продолжиме да го негуваме македонското културно наследство. Преку фолклорот да пока...

Пејачката Александра Пријовиќ со сопругот и децата не ја пуштиле во ресторан во Хвар. Хостесата со вирално видео на Тик-Ток

Хостесата на Пријовиќ и Живојиновиќ им рекла дека за време на ручекот и вечертата во ресторанот не пуштаат гости кои немаат намера да јадат незнаејќи дека пред неа стои позната пејачка... Пејачката Александра Пријовиќ летово има работен распоред, но слободното време го користи за одмор со семејството и уживање на Јадранот. Една од дестинациите што ја посетила била и хрватскиот остров Хвар. Сепак, за време на престојот во Хвар се случила една необична ситуација, која набрзо стана хит на социјалните мрежи. Имено, хостеса која работи во еден од познатите ресторани на Хвар објави видео на Тик-Ток во кое откри дека неодамна, не знаејќи кого има пред себе, на сопругот на Александра Пријовиќ, Филип Живојиновиќ, му кажала дека не можат да седнат во ресторанот само на пијалок. Како што објаснила хостесата, во ресторанот за време на ручек и вечера примале само гости кои имаат намера да јадат, а не оние кои сакаат само да се напијат нешто. Хостесата раскажала дека пред ресторанот пристигнал „фин ...

AERO STREET FOOD FESTIVAL 2026 – Фестивалот на улична храна и музика оваа година поголем, позвучен и поразновиден!

Во скопски Аеродром фестивал на улична храна и музика... Од 4 до 8 септември, Аеродром повторно ќе биде центар на добрата храна, македонска музика и урбаната забава. Второто издание на AERO Street Food Festival пристигнува во уште поголем формат, со побогата гастрономска понуда, позвучна музичка програма и содржини наменети за посетители од сите генерации. Во текот на петте фестивалски дена, посетителите ќе можат да уживаат во разновидни специјалитети подготвени од повеќе од 15 познати гастрономски брендови, меѓу кои: Mustacos, Loras Sushi, Fat Kitchen, Jojo's BBQ, Oljo's, Noa Gyradiko, Scoop, Bistro 64, Smash Burger, Sorelle, 11: Eleven, Сутлијаш бар, Трансилваниско трдло, Pizza Vice City, Дестан, Milkey и други. Од бургери, такоси и гиро, преку суши и разновидни интернационални специјалитети, па сè до десерти – годинашното издание носи значително побогата понуда и можност секој посетител да го пронајде својот омилен вкус. AERO Street Food Festival и оваа година останува досле...

Barcelona Gipsy Balkan Orchestra ја завршува овогодишната турнеја во Србија со концерти во Ниш и Белград

Светски познатиот состав на 3 септември ќе настапи во Ниш, а на 4 септември ќе одржи голем концерт во белградскиот Dorćol Platz... По успешните и исклучително посетени концерти ширум земјата, светски познатиот состав Barcelona Gipsy Balkan Orchestra (BGKO) ќе ја заврши овогодишната турнеја во Србија со настапи во Ниш и Белград. Ова воедно ќе биде и последната можност публиката да ги види во Србија во текот на оваа година. Публиката во Ниш бендот ќе ја пречека на 3 септември во рововите на Тврдината, на теренот „Ровче“ кај Ниш експрес, додека завршниот концерт ќе се одржи на 4 септември, со почеток во 21 часот, во градината на Dorćol Platz во Белград. Познати по уникатниот спој на балканската музика, ромските ритми и медитеранскиот мелос со елементи на џез и свинг, овој бенд веќе со години ја освојува публиката ширум светот. Нивните настапи се спој на виртуозност, силни емоции и заразна енергија, а секоја песна се претвора во посебно патување низ различни култури, јазици и традиции. Со ...

ПО ПОВОД 15 ГОДИНИ АКВА ПАРК ПРОБИШТИП: БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ ЗА КОНЦЕРТИТЕ ВО АВГУСТ

Катарина Грујиќ и Марија Микиќ со летни концерти во Аква Парк Пробиштип... По повод големиот јубилеј – 15 години Аква Парк Пробиштип, влезот за двата претстојни концерти на регионалните музички ѕвезди Катарина Грујиќ и Марија Микиќ ќе биде целосно бесплатен. Катарина Грујиќ ќе настапи на 8 август, додека концертот на Марија Микиќ е закажан за 22 август 2026 година. Во соработка со своите партнери и добавувачи, Аква Парк Пробиштип одлучи двата музички настана да им ги подари на посетителите и заедно со нив да одбележи 15 години исполнети со летни авантури, забава и незаборавни моменти. Аква Парк Пробиштип работи секој ден од 10:00 до 19:00 часот и нуди повеќе од 20 водени атракции за посетители од сите генерации. Базени, тобогани, мрзлива река, базен со бранови и бројни забавни содржини го прават Аква Паркот идеална дестинација за целодневно летно уживање со семејството и пријателите. Иако влезот за двата концерта е бесплатен, резервацијата на маса е задолжителна поради ограничениот кап...