Локациите на фестивалот се кино салата на Котур и и платото пред домот на АРМ... Со особена чест и задоволство Кафе и филм КОТУР го најавува седмото издание на фестивалот на филм и музика - ЅИРНИ. Со почеток од 29 Септември до 6 Октомври годинава ќе имате шанса да го проследите добро познатиот коктел од филмови со интернационална и национална селекција, 48часовниот филмски предизвик, специјална проекција во чест на Илинденка Петрушева, концерт на Луфтханза пред Дом на АРМ, интервјуа, изложби, вкусна храна и внимателно селектирана музичка програма. На наше големо задоволство, покрај кино салата на КОТУР, фестивалот ќе се одржи и на Платото пред Дом на АРМ , место од големо културолошко значење за нашиот град, место кое претставуваше собиралиште на младата алтернативна сцена , а и еден од ретките, сеуште слободни јавни простори во центарот на градот. Фестивалот ќе се одвива во текот на седум фестивалски денови, со две натпреварувачки филмски програми од официјалната и студентс...