Детскиот анимиран филм „Божиќната магија на животните“ всабота во киното „Мис Стон“ во Прилеп

Детскиот филм „Божиќната магија на животните“ во Прилеп...

Детскиот анимиран филм „Божиќната магија на животните“ ќе биде прикажан во сабота (14.12.2024 гдина) со почеток од 12:00 часот во прилепското кино „Мис Стон“. Возрасната категорија за вилмот е за целата публика, а додека пак таргет групата е од 3 до 6 години и времетраењето на филмот е 75 минути. 

Волшебни приказни се расплетуваат во „Божикната магија на животните“, каде празничните чуда оживуваат. Нурнете во овие прекрасни и модерни сказни во кои животните тргнуваат на магични патувања од Франција до Јапонија, до Далечниот север и неговата поларна светлина, ширејќи радост и великодушност. Секоја приказна е чудна и шармантна авантура зачинета со хумор и убавина специфична за зимската сезона. Дозволете поезијата да ви го плени срцето и да ве пренесе во свет каде божиќната магија нема граници, е кратката содржина за дејството во филмот.

Имено, филмот „Божиќната магија на животните“ премиера имаше на најпрестижниот фестивал за анимиран филм во светот „Анеси“ во Франција во 2024 година, а режијата е на Камиле Алмерас, Чејлан Бејоглу, Наталија Чернушева, Харуна Киши, Олесја Шчукина, Каролина Атиа-Ларивиере.

Влезниците за филмот можат да се набават на билетраницата од киното во петок од 10:00 часот се до 12:00 часот како и еден час пред проекцијата на филмот.


#Култура

Коментари