Пређи на главни садржај

Постови

„Вонка": ново поглавје за ронка

Недавни постови

Впеток се одбележуваат 20 години од смртта на Димитрие Османли и 65 години од „Мирно лето“

Настанот ќе се одржи во Кинотеката на Македонија со почеток во 19:00 часот... Во петок, на 30 октомври, со почеток во 19:00 часот, Кинотеката на Македонија ќе одбележи две значајни годишници од историјата на македонската кинематографија: 20 години од смртта на режисерот и филмски автор Димитрие Рули Османли и 65 години од снимањето на „Мирно лето" (1961), првата македонска филмска комедија и првиот филм во македонската кинематографија режиран од македонски филмски автор. Освен „Мирно лето", во рамките на програмата ќе бидат прикажани и документарниот филм „Девојките од Мали" (1963), како и Филмските журнали бр. 4 и бр. 6 од 1946 година, исто така во режија на Османли, кои претставуваат драгоцено сведоштво за времето и за развојот на филмската продукција во Македонија. Димитрие Османли е автор и на редица други значајни остварувања во македонската играна и документарна продукција. Покрај гореспоменатите, тука се и играните филмови „Мементо" (1967), „Жед" (1971) ...

УТРЕ ПОЧНУВА ФЕСТИВАЛОТ НА ЧАЈ: „АРОМАТИЧНАТА МОЌ НА БИЛКИТЕ“ СО ПОВЕЌЕ ОД 30 УЧЕСНИЦИ

Фестивалот на чај е на приземјето од Скопје Сити Мол... Од 30 октомври до 1 ноември, на приземјето во Скопје Сити Мол, ќе се одржи единаесеттото издание на „Фестивалот на чај“ , во знакот на „Ароматичната моќ на билките“ . Повеќе од 30 учесници, сертифицирани билкари, чајни мајстори, креатори на чајни тинктури и љубители на чај од земјава и од странство ќе ги претстават своите производи и знаење, нудејќи им на посетителите ретка шанса да откриваат различни вкусови да дегустираат и да уживаат во аромите што ги слават природата и нејзината разновидност.   Фестивалот и годинава ја поврзува традицијата со едукацијата, културата и современите практики. Посетителите ќе можат да проследат и работилници, панел-дискусии, презентации и уметнички перформанси, преку кои, чајот и билките ќе бидат претставени од различни перспективи – од македонското традиционално билкарство и планинските чаеви до размена на меѓународно знаење и искуства.   Во фестивалската понуда ќе учествуваат: La Soy ...

Наде Талевска и Бојан Стојков со „Barcelona“ на сцената на Филхармонија

Рокот и операта се среќаваат во „Barcelona“: Наде и Бојан во заедничка изведба... Кога Фреди Меркјури посакал да запее со Монсерат Кабаље, не ни можел да замисли дека нивната соработка ќе создаде песна по која ќе се памети една цела олимпијада. На 16 ноември, оваа песна ќе биде дел од „Flowers Symphony 2“ во Македонската филхармонија, каде што Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует во придружба на Оркестар DIVA под диригентска палка на Владимир Димовски. Зад песната стои долгогодишното восхитување на Меркјури кон оперската пејачка Кабаље. Иако публиката го познавала по настапите со Queen и по неговата сценска енергија, операта имала посебно место во неговиот музички свет. Во телевизиско интервју во 1986 година зборувал за гласот на шпанската сопранистка и за желбата да ја запознае. Неговите зборови стигнале до неа, а во март 1987 година двајцата конечно се сретнале во Барселона. Она што Меркјури првично го замислувал како соработка за една песна добило многу поголеми...

КОКИ СО СОЛЗИ ЗА ДУЛЕ: ПОСЛЕДНАТА СРЕДБА, АЛКОХОЛОТ И ВЕСТА ШТО ГО СКРШИЛА!

Коки Јанков во емисијата „Icon Show“ зборуваше за Дуле... По 13 години, Коки Јанков во „Icon Show“ кај Давид Давидовски со потресна исповед за својот пријател и музички партнер Дуле. Последната средба, проблемите со алкохолот, несогласувањата и болниот момент кога дознал дека Дуле починал – приказна што отвора стари рани и буди силни емоции. Коки откри и детали за својот живот, а најави и голем концерт на 14 ноември во Македонската филхармонија, по повод 30 години од легендарната „Виолина и гитара“. #Магазин

МАКЕДОНСКИOT КРЕМ – ДЕ ЛА КРЕМ НА КОНЦЕРТЕН ПРЕДНОВОГОДИШЕН СПЕКТАКЛ СО ЕДЕН НЕЗАБОРАВЕН КОНЦЕРТ...СУЗАНА, НАУМ, МИЛЕ И БАЖЕ И НИВНИТЕ ГОСТИ ВО КАФЕАНСКА НОЌ ЗА ПАМЕТЕЊЕ!

Наум Петрески, Миле Кузмановски, Сузана Гавазова и Благоја Грујовски со предновогодишен концерт на 25 декември во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје... Нашите македонски музички ѕвезди Сузана Гавазова , Наум Петрески, Миле Кузмановски и Благоја Грујовски најавуваат музички предновогодишен спектакл каков што до сега немаме видено. Тие од оваа година, па секоја наредна започнуваат традиција која ќе се памети. Серија концерти кои ќе бидат предновогодишна традиција за сите љубители на добрата македонска песна. Концертот е закажан за 25 декември (петок) со почеток во 20:00 часот во специјално подготвен амбиент во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. „Време е за нешто поинакво... Време е македонската музика да ја ставиме во прв план! На 25 декември во Јане Сандански нема да се случи обичен концерт, ќе се случи вечер за паметење, каде што ние изведувачите, придружувани од голем оркестар ќе бидеме едно со нашата публика. Ќе приредиме традиционален македонски амбиент со вис...

„ТАНЦОВИЗИЈА 2026“ – прослава на танцот, различностите и заедништвото

 Престставата ќе се игра во Националната опера и балет во Скопје...   Танцовото студио Dancers United на 9 декември 2026 година ќе ја одржи „ ТАНЦОВИЗИЈА 2026 “, својата 13 инклузивна танцова претстава, посветена на славењето на различностите, инклузијата и моќта на танцот да ги обединува луѓето. Претставата се реализира по повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост , ден посветен на подигнувањето на свеста за правата, достоинството, можностите и еднаквото учество на лицата со попреченост во општеството.   Настанот ќе се одржи на сцената на Националната опера и балет во Скопје, со две претстави, во 18:00 и во 20:00 часот.   Инклузивните танцови претстави се важен дел од приказната на Dancers United. Нивната традиција со години испраќа порака дека танцот е универзален јазик што ги поврзува луѓето, без оглед на возраста, можностите и способностите. Преку овие настани, студиото создава простор за изразување, прифаќање и заедничко славење на...