Пређи на главни садржај

Постови

Приказују се постови за јун, 2026

IN MEMORIAM: Почина музичката ѕвезда Владо Јаневски

Владо Јаневски почина вчера на 66 годишна возраст на една од скопските клиники по кратко боледување... Македонскиот пејач, композитор и текстописец Владо Јаневски почина вчера на 66-годишна возраст, по кратко боледување, на една од скопските клиники. Имено, Јаневски во август требаше да одржи концерт во Охрид, кој се рекламираше на почетокот на годината, па потоа се откажа. Како што ни рекоа соработниците на пејачот, тој се лекувал во една од скопските приватни болници во последниве неколку месеци. Јаневски е едно од најзначајните имиња на македонската поп-музика, а во текот на повеќедецениската кариера создаде голем број хитови, меѓу кои „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“ и „Еден бакнеж“. Јавните личност, блиските пријатели на Јаневски и пошироката јавност денес преку социјалните мрежи и медиумите му ја оддаваат последната почит и последниот поздрав. Инаку, утре на платото пр...

Сергеј Ќетковиќ најавува вечер за љубов, музика и спомени што остануваат

Нова охридска приказна: Сергеј Кетковиќ со концерт во Охрид... Постојат концерти што се слушаат, а постојат и концерти што се чувствуваат. Токму еден таков ја очекува охридската публика на 9 август 2026 година, кога Сергеј Ќетковиќ како дел од актуелната турнеја насловена Live Tour 2026, повторно ќе застане на сцената на Античкиот театар во Охрид. Во еден од највпечатливите амбиенти на Балканот, меѓу древните камени ѕидини и погледот кон Самоиловата тврдина, публиката ќе има можност уште еднаш да доживее концерт исполнет со емоции, искреност и музика која допира до срцето. По настапот што минатата година остави силен белег кај охриѓани и бројните посетители од регионот, Ќетковиќ се враќа на местото каде што музиката и емоциите природно се спојуваат во едно. „ Охрид има посебна душа. Секогаш кога настапувам тука чувствувам дека пеам пред пријатели, а не пред публика. Античкиот театар е приказна сам по себе, место кое носи историја, емоција и некаква посебна магија. Со нетрпение ја очек...

ЕДНО ВИДЕО, ИЛЈАДНИЦИ ЕМОЦИИ – концертот што ја исполни арената Борис Трајковски

Највпечатлив момент беше големото оро... Љубителите на македонската народна музика од денес имаат можност повторно да го проследат концертот на Влатко и Златко Миладиноски, кој минатата година се одржа во арената „Борис Трајковски“. Целосната снимка од настанот е објавена на официјалниот YouTube канал на Влатко Миладиноски. Концертот предизвика голем интерес кај публиката и беше еден од најпосетените музички настани во арената. Во текот на вечерта беа изведени бројни љубовни, печалбарски, патриотски и народни песни, а публиката активно учествуваше во програмата пеејќи заедно со изведувачите. Еден од највпечатливите моменти беше големото оро кое се формираше во салата, создавајќи атмосфера што многумина ја опишаа како вистинска прослава на македонската песна и традиција. На сцената настапија повеќе од 30 музичари, а програмата беше збогатена со настапи на играорци, балетски и современи танчери. Покрај Влатко и Златко Миладиноски, како гости настапија Виданка Георгиевска, Влатко Л...

Кнап со концерт на „Од 0 до Култура“ во Прилеп

 Кнап со трибјут на неповторливата Any Winehouse... Со оживување на суровата емоција, џез-магијата и препознатливиот ретро звук на неповторливата Amy Winehouse бендот Кнап со голема почит кон музичкото творештво на Winehouse го одржаа двочасовниот музичко-концертен настап на Камената бина на плоштадот „Александрија“ во Прилеп. Овој нивен музичко-концертен настап беше дел од циклусот на музичката манифестација „Од 0 до Култура“ која во летниот период еднаш неделно во четврток навечер се одржува во Прилеп. Пред многубројната публика Кнап покрај иведбата на музичкото творештво на Winehouse изведоа бевременски хитови на Тијана Дапчевиќ, Дупер, Зана, Бјело Дугме, Прљаво казалиште и многу други безвременски хитови од некогашните ЈУ простори. Имено, публиката која е љубител на овие познати ЈУ хитови во еден глас со многу емоција и прекрасна интеракција заедно со членовите во еден глас од почетокот пак, се до крајот од музичката вечер ги изведуваа овие музички рефрени. Инаку, сега ве...

Водителот Давид Давидовски денес слави роденден

Патот до успехот на Давид Давидовски... По повод својот 24. роденден, вреди да се потсетиме на животната и професионалната приказна на Давид Давидовски – телевизиски и радио водител, новинар, уредник, продуцент, режисер, уметник и автор, кој и покрај младата возраст изгради препознатливо име на македонската медиумска сцена. Роден е на 23 јуни 2002 година во Скопје, кадешто расте во чесно и угледно семејство. Уште како дете покажува голема љубов кон уметноста и медиумите. Наместо детски игри, повеќе време поминувал во разговор со возрасните, а неговата зрелост и креативност биле забележливи уште од најрана возраст. На само 13 години ги прави своите први актерски чекори во Македонската радио-телевизија, кадешто учествува во повеќе детски телевизиски проекти, а настапува и на сцената на Македонскиот народен театар. Веќе на 14 години е прогласен за најдобар млад актер. Иако пред него се отвора успешна актерска кариера, поради предрасудите со кои се соочува во средношколските денови одлучув...

Андреј Јовановиќ Дре со прв соло албум „ИТПК – Нов Лист“: 15 песни, легендарни гости и автентична хип-хоп приказна

Талентираниот прилепски музичар, продуцент и ем-си Дре ова лето го најавува своето најголемо музичко остварување, додека паралелно работи и на развојот на хип-хоп сцената преку фестивалот „Ритамот под кулите“... Андреј Јовановиќ Дре, талентиран музичар, продуцент и ем-си од Прилеп, оваа година интензивно работи на издавањето на својот прв соло албум со наслов „ИТПК – Нов Лист“, кој ќе биде објавен во текот на јули 2026 година. Албумот е целосно авторско и продукциско дело на Дре, а е снимен во „Студио 048“, додека дел од материјалот е реализиран и во студиото „Алшар“ кај Ивица Јанкулоски – Штраф. „ИТПК – Нов Лист“ ќе содржи 15 песни, збогатени со гостувања на легендарни музички имиња, препознатливи Boom Bap класици и искрени приказни кои ја отсликуваат реалноста на светот околу нас – свет на кој, според авторот, дефинитивно му е потребен еден „нов лист“. Покрај својата соло кариера, Дре е дел од хип-хоп дуото „Без Дозвола“, басист во бендот „Brooka“ и гитарист во „Public Band“. Во теко...

ТРИДНЕВЕН ЛЕТЕН БАЗАР - „СЀ ШТО ТИ ТРЕБА ЗА СОВРШЕНО ЛЕТО“, УНИКАТНИ ИНСПИРАЦИИ ОД ДОМАШНИ РАКОТВОРЦИ

Овој три дневен летен базар ќе се одржи од 19 до 21 јуни на приземјето од Скопје Сити Мол... Во рамки на платформата Сити Базар, од 19 до 21 јуни на приземјето во Скопје Сити Мол ќе се одржи лет ен базар „Сѐ што ти треба за совршено лето“, на кој , своите рачно изработени производи ќе ги претстават 26 современи ракотворци.   На тридневниот базар ќе бидат претставени рачно изработени производи како органска козметика за заштита од сонце , рачно изработени летни шаторчиња, лепези, термоси и летни аксесоари за плажа, природни сапуни, уникатни летни чанти и марами, лековити и ароматични билки, етерични масла, летни аксесоари, уникатен накит, производи од кожа, декоративни предмети за домот, рачно насликана керамика, миризливи свеќи, детски изработки ... Базарот се издвојува и по разновидноста на занаетчиските техники и материјали – од филигрански сребрен накит со современ дизајн, до рачно насликана керамика, накит од епоксидна смола и полимерна глина, како и производи изработени ...

Новата книга на Милчо Манчевски ќе биде промовирна во Италија

Книгата на Манчевски ќе биде промовирана во Рим и Пезаро... На Универзитетот во Павија, Италија, се одржа промоција на нова книга на режисерот Милчо Манчевски со наслов „ Manchevski: Fiction and Non-Fiction “ . Издавач е римската куќа „ Cue press “ , во едиција со томови од и за Самјуел Бекет, Федерико Фелини, Марко Ферери .. . Уредник на изданието е младиот италијански писател и публицист Лудовико Кантисани, а воведот го напиша легендарниот директор на Венецискиот филмски фестивал Алберто Барбера. „ Manchevski: Fiction and Non-Fiction “ содржи поезија и проза од Манчевски, негови теоретски размислувања за природата на уметничкиот процес, серија длабински италијански интервјуа со него и сѐопфатна уметничка биографија и анализа на опусот. Покрај тоа што претставува своевиден водич низ досегашното филмско и уметничко творештво на реномираниот македонски режисер, овој кардинален опус ги истражува и границите меѓу фикцијата и документарниот израз, еден од централните дискурси во творештв...

Најдобриот босански фудбалер, Џеко, во копачки од Сатја Грабулоски на Светско првенство

Един Џеко со настап на светското првенство... Најдобриот босански фудбалер и капитен на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Един  Џеко, на Светското првенство во фудбал ќе настапи во уникатни OneOfAKindS копачки, изработени од македонскиот уметник Сатја Грабулоски и неговото студио Swithadot Studios. Дизајнот е инспириран од прекарот „Босанскиот змеј“ и вклучува рачно изработени елементи во сина боја, со босанското знаме и детали изведени со 18-каратно течно злато - симбол на големината, лидерството и наследството што Џеко го остава зад себе. „Един е еден од најголемите спортисти што излегле од Балканот - капитен, лидер и, пред сè, одличен човек. Особено ми е драго што успеавме да го реализираме овој проект, бидејќи тој беше на самиот врв на нашата листа на желби. Сите имиња со кои сме соработувале имаат статус на GOATs и се најдобрите во своите генерации и лидери на своите репрезентации. Со овие соработки, на некој начин и Македонија ќе биде присутна на Светското првенство“- ...

Јован Јованов и Елвир Мекиќ поставија нови стандарди со концертот во Скопје - Спектакл за кој ќе се зборува уште долго

Пред преполаната сала на А1 арената „Борис Трајковски“ во Скопје, Јован Јованов и Елвир Мекиќ го одржаа нивниот долгоочекуван и долго најавуван концерт под мотото „Само еден концерт за цела Македонија“... По неколкумесечни подготовки за настапот со видео ефекти, танчари на секоја песна, аероакробации, по 4 сменети аутфити за двајцата, Јован Јованов и Елвир Мекиќ на 06.06 го одржаа големиот концерт во Скопје. И поставија нови стандарди за тоа како треба да изгледа концерт на еден македонски артист. Скоро два часа пееја, танцуваа, беа активен дел од секоја кореографија, комуницираа со публиката, а и самите се забавуваа додека беа на бина. Љубовта што ја добија од публиката додека ги пееја „Слаба точка“, Адреналин“, „Некаде после 2“, „Магија“, „Опасно“, „Ти ме сакаш знам“, „Итно ми требаш“... им ја вратија двојно на своите фанови, со секоја следна песна. Арената Борис Трајковски беше преполна, и повеќето гости дојдоа облечени во бело, според дрес кодот и идејата на Јован и Елвир оваа ноќ ...

Либеро Бенд одбележува 15 години постоење со голем музички проект

  Либеро Бенд оваа година одбележува значаен јубилеј и тоа 15 години успешно музичко творештво и настапи... Либеро Бенд оваа година одбележува значаен јубилеј и тоа 15 години успешно музичко творештво и настапи.  Токму по тој повод, бендот најавува серија специјални проекти кои ќе бидат реализирани во текот на годинава, како вовед за големиот јубилеен настан планиран за крајот на 2026 година, круна на нивното петнаесетгодишно музичко патување. Првиот од најавените проекти ќе ја доживее својата премиера на 17 јуни на официјалниот YouTube канал на Либеро Бенд. Станува збор за уникатен музички проект снимен во просториите на Skopje City Mall, кој обединува дел од најубавите македонски поп песни во едно несекојдневно музичко доживување. Изведени во живо и обработени на препознатливиот начин на Либеро Бенд, песните добиваат нова енергија и современ музички израз. Снимен низ ходниците и амбиентот на Skopje City Mall, проектот носи модерна визуелна приказна, динамична атмосфера и све...

„Ружа са југа" – песната за Македонија ги освои срцата на публиката: Бобан Рајовиќ благодарен за огромната поддршка и реакциите

Бобан Рајовиќ со песна за Македонија под наслов „Ружа са југа“... Песната „Ружа са југа", која Бобан Рајовиќ - едно од најпрепознатливите музички имиња од соседството , ја посвети на Македонија за само неколку дена по промоцијата се наметна како најголем фаворит меѓу новите теми од неговиот актуелен проект. Реакциите од публиката, гледаноста и бројните пораки што , како што вели, пристигнуваат од сите страни на светот ја потврдуваат силната емоција што песната ја разбуди кај слушателите. Уште при најавата на песната Рајовиќ откри дека „Ружа са југа" е приказна која долго време ја носел во себе и која е производ од неговата искрена љубов и почит кон Македонија, земја која, како што вели, одамна има посебно место во неговото срце. Денес, по првите реакции на публиката, вели дека не можел ниту да претпостави колку силно ќе одекне оваа музичка приказна. „ Многу сум задоволен од секоја песна, но и реакциите кои се навистина одлични. О собено ми е фасцинантно тоа што „ Ружа ...

Легато бенд со нова емотивна балада - „Со тебе засекогаш" веќе станува химна на вљубените

 Легато бенд со нова песна под наслов „Со тебе засекогаш“... Љубовта, искрените емоции и животните ветувања добија своја музичка приказна во новата песна „Со тебе засекогаш", најновиот проект на Легато Бенд од Струмица. Станува збор за моќна балада која за многу кратко време по објавувањето го привлече вниманието на публиката, а веќе се наметнува и како еден од омилените избори за првиот свадбен танц на младенците. Станува збор за композиција која ја слави љубовта, верноста и заедничкиот живот, а нејзината порака е пренесена преку искрени стихови и моќна мелодија која буди силни емоции уште при првото слушање. За квалитетот на ова музичко остварување се погрижи добро познатото име на македонската сцена Јордан Митев, кој се потпишува како автор и продуцент на песната и видеото. Неговото долгогодишно искуство и препознатлив музички печат уште еднаш резултираа со проект кој носи силна емоција и автентична приказна. За визуелниот дел и постпродукцијата беше задолжен познатиот Zati, ко...

Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си" е новиот музички адут

 Бојана Скендеровски со нова песна под наслов „Оди си“...           Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и публика што заедно со неа ги пее најголемите хитови, Бојана Скендеровски не запира. По концертите во повеќе градови низ земјата, а непосредно по емотивната вечер во Тетово, Бојана носи нова музичка приказна , песната со наслов „Оди си". Станува збор за композиција што уште на прво слушање носи ритам, став и енергија, но и препознатливата емоција што Бојана ја носи со себе на сцената. Автори на песната се Александар Тарабунов, кој ги потпишува музиката и текстот, и Димитар Андоновски како автор на аранжманот – тандем кој веќе важи за сигурен рецепт за современ домашен хит. „ Можеби низ годините публиката ме препознаваше повеќе преку баладите, но „ Оди си " е песна што навистина многу личи на мене. Има темперамент, има движење, има енергија. Тара и Диме ме познаваат доволно добро за да знаат што чувствувам и ...