Македонското радио месецов одбележува 80 години постоење...
„Зборуе Радио Скопје, зборуе Радио Скопје" се зборовите со кои Владо Малески, писател и борец во НОВ, го означи почетокот на работата на Македонското радио. Овие зборови прозвучија во етерот на 28 декември 1944 година, за време на одржувањето на Второто заседание на АСНОМ.
На 27 декември, во предвечерјето на овој исклучително значаен јубилеј за македонската државност и култура, Канал 103 во соработка со Партизанска штампа, 5060 и Фликер студио, го претставува пригодниот свечен постер во авторство на македонскиот ликовен уметник Иван Ивановски, едноставно насловен „Зборуе Радио Скопје". Се работи за графика во сито печат техника, достапна во ексклузивен лимитиран тираж.
Вечерта на 28.12.1944 година звучно ќе ја обликува Ѓорѓи Јаневски со широк спектар на македонска музика во сите правци, архивски материјали, теренски снимки и некои необјавени ушни задоволства.
#Магазин


Коментари
Постави коментар