Пређи на главни садржај

Завршен концерт од музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“

Завршен концерт од проектот „Македонијо во срце те носиме“...

Музичкиот прокет „Македонијо во срце те носиме“ во Македонската Филхармонија во Скопје го одржа својот „завршен’’ концерт. На концертот со свои македонски преработки на песни се претставија добро познатите од овој проект Бојана Скендеровски, Наум Петрески, Зуица Лазова, Мина Блажев, Сузана Спасовска, Андријана Јаневска, Огнен Здравковски, Миле Кузманоски, Ламбе Алабаковски, ДНК и Александар Тарабунов.

Концертот беше поделен во 4 мзучки блокови, а истиот беше отворен со песната „Молитва“ во преработена верзија на Бојана Скендеровски, а во оригинална верзија нејзин изведеувач е Виолета Томовоска. Веднаш по „Молитва“ на сцената свој прв настап на концертот имаше Ламбе Алабаковски со песната „Како пиреј“ , а оригиналната верзија од оваа песна е на Гоце Николовски и за крај од овој ние би го нарекле прв блок музичко-дуетски настап имаа Сузана Спсовска и Александар Тарабунов со изведбата на песната „Има една земја што сонце ја грее“. Всушност ова беа трите најавени нови преработки што требаше премиерно да бидат изведени на концертот. 

Имено, веднаш по првиот блок на премиерно изведените песни следуваше и вториот блок на музички нумери, а во истиот свој музички настап имаа груата ДНК кој што во дует со едно од најпознатите и најдобрите македонски грла Наум Петрески ја изведоа „Послушајте патриоти“, веднш по нив следуваше Мина Блажев која што ја отпеа добро познатата „Ој вардаре македонски“ и овој втор блок од музички нумерни беше затворен од страна на Анријана Јаневска со песната „Ми заплакало селото ваташа“.

Во третиот музички блок со „Налеј налеј“ , „Земјо Македоснка“ и „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ се претсавија Миле Кузмановски, Огнен Здравковски и Наум Петрески, а додека пак во третиот музички блок на синоќешниот „завршен“ концерт од проектот „Македонијо во срце те носиме“ свој музички настап имаа Зуица Лазова, Сузана Спасовска и Александар Тарабунов со нивните добро познати музички нумери од овој проект „Земјо мила“ , „Народе Македонски“ и „Едно име имаме“.

Инаку, пред самиот крај на концертот од страна на проедукцијата „Скендеровски’’ и нејзиниот прв човек Васко Скендеровски беа додели награди на Игор Копров кој е автор на песната „Има една земја“. Нагарада за песната „Земјо мила“ беше доделена на нејзиниот автор Јане Коџобашија. За песната „Оган да го гори“ постхумано беше додела наградата на нејзиниот автор Војо Стојаноски, а наградата ја прими неговиот син Драган Стојаноски. награда исто така беше доделена и на Ѓорѓи Барбаровски кој е текстописец на песната „Заветна“. Награда доби и Миле Барбаровски кој е автор на песните „Заветна’’  и „Молитва“, а посебно признание беше доделено на сега веќе министер за култура и туризам на Република Македонија, Зоран Љутков бидејќи, пред неговиот министерски ангажман истиот беше вкучен во самиот музички проект. 

Концертот беше затворен со неофицијалната втора македонска химна „Заветна“ која што во музичкиот проект е во изведба на Бојана Скендеровски.

На концертот присутна беше и претседателката на Република Македонија, г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова , а на синоќешниот концерт од проектот „Македонијо во срце те носиме“ не беа изоставени ниту солзите, а публиката цело време со огромно внимние и љубов го следеше концертот и со громогласен аплауз ги наградуваше изведувачите. 

Екипата на ИНФО-ПРИЛЕП која беше присутна на концертот на музичките имиња и на продукцијата „Скендеровски“ им посакува успеси како на приватен така и на професионален план и им посакува усште многу вакви успешни концерти.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...