Пређи на главни садржај

Постови

Приказују се постови за април, 2026

Ретка можност за доживување на барокниот звучен свет - чембало и глас во живо во историски информирана изведба во НУЦК„Марко Цепенков''-Прилеп

Концертот ќе се одржи во НУЦК„Марко Цепенков''-Прилеп... На 7 мај 2026 година (четврток) од 20.00 часот во организација на НУЦК „Марко Цепенков“, во Прилеп за првпат ќе се одржи концерт на клавичембало – еден од најзначајните инструменти на барокната епоха, кој ја обликувал музичката мисла и изведувачката практика на 17 и 18 век, а е исклучително редок инструмент во Македонија, со само два функционални примероци во земјата според достапните податоци. Концертот, под наслов „Музиката на европските дворови на XVII век“ ќе го изведат: Јована Топалов (Србија), меѓународно образована чембалистка од Белград со силна насоченост кон историски информираната изведба, и сопранот Ана Митоска (Македонија), која значаен дел од својот уметнички репертоар го посветува на раната музика. Концертната програма нè води низ европските дворови на XVII век – од Англија, преку Австрија и Франција до Шпанија. Ќе бидат изведени дела од Д. Скарлати, Ј.Ј. Фробергер, Е. Жаке де ла Гер и Х. Персел, вклучувајќ...

Свечено затворен 27. Интернационален фестивал на монодрама Битола

C иноќа во Битола беше затворено 27. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама... Со доделување на фестивалските награди и изведба на претставата „Гидионовиот јазол“ за затворање, синоќа во Битола беше затворено 27. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама. За најдобрите остварувања одлучуваше стручното меѓународно жири составено од Керолајн Бернс Кук, Анџелина Роска и Кире Ѓоревски, кое ги избра лауреатите на годинашниот фестивал. Наградата за најдобар актер ја доби Јано Изорија од Грузија за изведбата во претставата „КВАРКВАРЕ“, во продукција на театарот „Поти Валеријан Гунија“, во режија на Саба Асламазишвили. Во образложението жирито истакна дека станува збор за брилијантна изведба што се одликува со силен темперамент, енергија и внатрешна напнатост, која го задржува вниманието на публиката од почетокот до крајот. Посебно се нагласува богатството на актерски изразни средства и разновидноста на сценскиот израз, преку кои ликот е изграден со длабочина и повеќес...

Балканската сензација Јаков Јозиновиќ ова лето гостува во Охрид

Концертот е во Античкиот театар во Охрид на 3 август (понеделник)... По рекордно распродадените концерти низ целиот регион, турнејата  „Ја за чуда летим"  продолжува со незаборавен музички спектакл и покрај Охридското Езеро, каде феноменот наречен  Јаков Јозиновиќ  својот музички раскош ќе го сподели и со охридската публика. На 3 август, со почеток во 20:00 часот, сцената на Античкиот театар во Охрид ќе стане место каде што музиката, емоцијата и магијата се спојуваат во едно. Под отворено небо, во прегратките на Самоиловата тврдина, публиката ќе има можност да доживее вистинско музичко патување, вечер исполнета со носталгија, страст и безвременски хитови. Јаков Јозиновиќ  важи за еден од највпечатливите нови гласови на Балканот, уникатен по интерпретацијата, харизмата и искреноста на сцената. Неговите настапи се повеќе од концерти, тие се вистинско доживување што ги поврзува генерациите преку песни од најголемите музички имиња од екс-Ју просторите, пренесени со ...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Охрид повторно ќе пее со Сергеј Ќетковиќ

Концертот е закажан за 9 август (недела) на Античкиот театар во Охрид... По минатогодишниот незаборавен концерт на истата сцена,   Сергеј Ќетковиќ   ова лето се враќа во Охрид, носејќи уште една вечер исполнета со емоции, музика и магична атмосфера. На   9 август 2026 година , со почеток во   20:00 часот , сцената на Антички театар во Охрид повторно ќе биде дом на најубавите балади под отворено небо. Во организација на Евентум продукција, концертот е дел од актуелната турнеја  Live Tour 2026 , која ветува вечер исполнета со љубов, искрени емоции и безвременски хитови што публиката ги пее во еден глас. Песните како  „Погледи у тами", „Нису ми дали да те волим", „Љубав", „На први поглед", „Кофер"  ќе одекнат во амбиентот кој одамна стана синоним за врвни музички доживувања. Познат по својата искреност и непосредност,  Сергеј Ќетковиќ  е артист кој не се штеди на сцена бидејќи комуницира со публиката, раскажува анегдоти, знае да се симне меѓу фа...

Концерт на Никола Роквиќ на 15 август во Охрид

Концертит ќе се одржи на 15 август (сабота) во охридскиот Антички театар... Еден од најценетите и најдоследни вокали на регионалната музичка сцена, Никола Роквиќ, ова лето доаѓа во Охрид каде на 15 август ќе одржи концерт на сцената на Античкиот театар, простор кој со децении претставува симбол на културната и музичката ексклузивност во регионот. Со кариера изградена на континуитет, уметничка зрелост и јасна естетика, Роквиќ со години се издвојува како автор и интерпретатор кој не брка моментални трендови, туку создава репертоар со трајна вредност. Неговите песни се препознатливи по емоционалната длабочина и вокалната сигурност, што му обезбедија верна публика која го следи низ различни фази од неговото творештво. Публиката во Охрид, ќе има можност да ги слушне најзначајните композиции од неговиот опус, изведени во продукциски и сценски формат, соодветен на локацијата и карактерот на настанот.  Уникатната акустика, отворената сцена и историскиот амбиент создаваат услови за концерт ...

Ист датум, исто место, нова енергија – Јелена Розга се враќа во Охрид

Јелена Розга закажа концерт во Охрид - Ист датум, исто место, нова енергија... Охрид повторно ќе биде центар на најголемиот летен музички спектакл зашто по минатогодишната магична ноќ што долго се прераскажуваше, ова лето  Јелена Розга  се враќа на сцената на Античкиот театар со концерт кој ветува уште посилни емоции, повеќе хитови и атмосфера што не се пропушта. Точно една година подоцна на истиот датум, на истото место и со истата магија. На 29 јули 2026 година, со почеток во 21:00 часот, публиката повторно ќе има можност да биде дел од вечер која веќе еднаш беше прогласена за „настан на летото" – концерт за кој се бараше влезница повеќе и кој многумина го опишаа како спектакл каков што не се памети во градот под Самоиловата тврдина. Во организација на Евентум продукција, концертот ќе биде реприза на минатогодишната магија, но со нова енергија и уште посилно музичко доживување. Оваа година Јелена Розга има и дополнителна причина за славење бидејќи одбележува 30 години успешн...

„Гидионовиот јазол“ претстава за затворање на Фестивалот на монодрама

Претствата ќе се одигра на сцената од битолскиот Народен театар... Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола годинава ќе биде заокружен со изведбата на претставата „Гидионовиот јазол“, која ќе се одигра на 29 април во 20:00ч. на сцената на НУ Народен театар Битола. Оваа современа драмска приказна носи интензивна сценска атмосфера и се занимава со теми што длабоко ја допираат современата реалност -одговорноста, вината и сложените односи меѓу луѓето. Во центарот на дејството се наоѓа средба меѓу мајка и наставничка, кои низ искрен и напнат разговор се соочуваат со последиците од настан што ги менува нивните животи. Претставата отвора простор за размислување за предизвиците на современото општество, особено за улогата на образованието, комуникацијата меѓу генерациите и начинот на кој возрасните влијаат врз развојот на младите. Со силен драмски набој и впечатлива актерска изведба, „Гидионовиот јазол“ ја вовлекува публиката во приказна што поставува прашања без едноставни о...

Утре во Прилеп ќе ги биде одбележан денот на танцот

 Со концерт на танц студиото „Зодијак“ во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ќе биде одбележан денот на танцот-29 април... Танц студиото „Зодијак“ при НУЦК „Марко Цепенков“со целовечерен концерт во големата сала на 29.04.2026 година (среда) во 20:00 часот ќе го одбележи 27 - от роденден од  своето постоење, и ќе даде свој придонес во одбележувањето на интернационалниот ден на  танцот 29 април. „Со танцов перформанс на сите учесници од најразлична возраст ќе се претстави студиото, а воедно ќе бидат прочитани и итернационалната порака за оваа година која ја  напиша канадската кореографка Кристал Пајт, како и македонската порака напишана од  првенецот балерина и истакнат солист при МНТ Зоица Пуровска Велевска. Режијата е на  Кире Миладиноски. Како кореографи заеднички се потпишуваат Кире Миладиноски,  Бисера Гаралоска и Марта Шаркоска.“ - велат од „Зодијак“. Играат: Софија Иваноска, Љубица Ангелеска, Лана Спиркоска, Милана Здравеска, Јована Ангелеска, Јана Чучу...

Бојана Скендеровски стана амбасадор на хуманоста на Домот за деца без родители „11 Октомври“

Бојана Скендеровски стана амбасадор на хуманоста на Домот за деца без родители „11 Октомври"... Малите дела на добрина можат да го променат светот многу повеќе од големите зборови " – со оваа порака  Бојана Скендеровски  сподели значаен момент од својот живот и кариера. Од  вчера  таа и официјално ја презеде улогата амбасадор на хуманоста на Домот за деца без родители „11 Октомври", откако беше потпишан меморандум за соработка со директорката на установата. Ова партнерство има за цел да ја подигне свеста за потребите на децата без родителска грижа и да поттикне поголема поддршка од јавноста. „ Каков ден и каква привилегија за мене... Најважно од сѐ, тие дечиња кои дојдоа да се запознаеме денес се потпишаа во моето срце. Си ветивме дека заедно ќе покажеме дека не се сами и ќе ја направиме нивната иднина посигурна "- вели   Бојана , нагласувајќи  дека  иако  Домот  сега  функционира во поинаков модел и понатаму има потреба од поддршка, осо...

Поради здравствени причини на Северина, нејзините концерти во Македонија се презакажуваат

  Купените билети ќе важат и за новите датуми... Од организаторите на концертите на Северина во Скопје, продукцијата „Прагма“ излезе со соопштение дека априлските концерти на Северина се презакажуваат за во месец декември годинава. Презакажувањето е поради здравствени причини на Северина. „Поради здравствени причини на Северина, следните концерти, односно концертот во Скопје и концертот во Копривница, се презакажуваат за нови датуми.  Концертот во Скопје кој беше закажан за 18 април во арената „Борис Трајковски", се презакажува за 5 декември 2026. Сите купени билети ќе важат за новиот термин. За оние кои нема да бидат во можност да присуствуваат на новиот датум, ќе биде овозможено враќање на средствата во рок од 10 дена, со приложување на билетите на местото на купување, а за онлајн билетите преку e-mail:  kupikarta@gmail.com Ве известуваме дека рефундацијата на средства завршува на 21.04.2026 и овој датум е конечен. Затоа, Ве замолуваме навремено да си ја извршите оваа о...

Во НУЦК„Марко Цепенков“ изложба „Дозимери“ од уметникот Драган Верговски-Алпи

Изложбата ќе биде отворена во Ликовната галерија... На 17 април 2026 година (петок) од 19:00 часот во Ликовната галерија од НУЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Дозимери“ од Драган Верговски -Алпи. Ќе бидат изложени 30 дела работени на картон и на алуминиумски лим, на кои се пренесени најразлични мотиви ; крстови, пејзажи, кочанско поле.... „Циклусот го работев оддеднаш како да претчуствував голема трагедија. И потоа се случи трагедијата во Кочани. По 20 часа дневно творев додека работев на конзервација на мозаикот од Чемерски„ - вели авторот Драган Верговски - Алпи. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам. Драган Верговски Алпи е советник конзерватор. Завршил средно уметничко училиште, Педагошка академија кај проф. Борко Лазески, а Факултет за ликовна уметност во Скопје кај професор Димитар Кондовски. Самостојно изложува од 1968 година со изложба на Младинска работа акција во Нов Белград. Има реализирано бројни самостојни и групни изложби. работи и и...

Претставата „Лидија“ во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Претствата ќе се одигра на сцената 105... На 18.04.2026/сабота/ од 20.00 часот на Сцена 105 во ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде изведена претставата „Лидија, или сè што знам за жените“. Се работи за експериментална документарна монодрама во развој, според истоимениот прв поетски роман од Тихомир Јанчовски. Адаптација, режија и актерска игра: Игор Трпчески Музика на акустична гитара: Тони Миќевиќ Тон: Томе Темелкоски „Лидија, или сè што знам за жените“ од Тихомир Јанчовски е мало парче од еден богат и раскошен свет и светоглед. Не трагајќи по форма преку која би бил допадлив кај читателите, не оптеретувајќи се со книжевни правила и норми, ниту пак водејќи сметка дали создал поетски или епистоларен роман, фикција, петафикција или, како што вели тој – живот, Тихомир го напипува пулсот на современото живеење и нам, на читателите (навикнати на написи не подолги одстотина карактери), успева да ни сервира дело кое се чита во еден здив. Мислата тече со неверојатна леснотија, а јазикот е толку приро...

СИЛНА ПОРАКА ДО УЧЕНИЦИТЕ ОД СОУ “ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ - ПРИЛЕП ИСПРАТЕНА ОД ДИРЕКТОРКАТА ЖАНЕТА ВИДЕВСКА НА СВЕЧЕНАТА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

СОУ„ Ѓорче Петров"-Прилеп го одбележа патрониот празник... На 2 април 2026 г. се навршија 161 година од раѓањето на идеологот на македонската револуционерна борба, Ѓорче Петров По тој повод, вработените во СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, положија свежо цвеќе на споменикот на Ѓорче Петров во центарот на Прилеп и на спомен-плочата кај неговата родна куќа во Варош и со пригодна програма го одбележаа својот патрон празник.  Главниот акцент на свечената академија, којашто се одржа во киното Мис Стон, беше ставен на иселувањето на младите од Прилеп. Особено моќна беше пораката на директорката Жанета Видевска на крајот од нејзиниот говор во која се повикуват младите да останат тука, во родниот град, за сите заедно да го направиме Прилеп пристојно место за живеење. „Драги наши ученици, вие кај нас растете со нас, ние летаме со вас и нашиот професионален ангажман нема смисла без вас. Вие брзо ќе одлетате откај нас, ќе заминете на студии по градовите низ Македонија, но запомнете нешто многу ...

Изложба на Златко Крстевски во Прилеп

Изложбата ќе биде поставена во Ликовната галерија од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... На 3 април 2026 година (петок) од 19:00 часот во ликовната галерија од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ќе биде отворена изложбата „Од утопија до ентропија 83/26“ од ликовниот уметник Златко Крстевски. #Култура

Документарен филм за Мирце Ацев во Прилеп

Филмот ќе се емитува на 4 април 2026 година (сабота) во киното „МисСтон“ во Прилеп... На 4 април (сабота) од 18:00 часот во киното Мис Стон во НУЦК „Марко Цепенков“ ќе биде прикажан документарниот филм „Легендата за народниот херој Мирче Ацев“ Сценарио и режија: Влатко Костовски; Асистенти на режија: Веселинка Миневски, Ангела Костиќ, Гоце Боцевски, Ванче Игновски; Камера: Влатко Костовски, Ангела Костиќ, Маја Василевска – Ставров, Милан Брцески, Игор Илиоски, Жарко Трпевски; Наратори: Душан Најдоски, Мирче Најдоски, Круме Спиркоски, Јован Трајков, Рубинчо Белчески, Ирена Младеновска, Александар Стојкоски, Олег Ставров, Елена Оровчанец – Спироска; Наратор на сценариото: Доротеа Атанасоска; Видео анимација: Маја Василевска – Ставров, Влатко Костовски, Владимир Ставров; Видео и аудио монтажа: Влатко Костовски; Продуцент: Влатко Костовски. #Култура

Игор Џамбазов со концерт во Прилеп

Концертот ќе се одржи на 4 април 2026 година (сабота) во големата сала од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... Игор Џамбазов со „Гуру Харе бенд“ ќе одржи концерт во НУЦК „Марко Цепенков“ на 4 април 2026/сабота/ од 19 часот. „Најдоброто од Игор Џамбазов со ‘Гуру Харе бенд’ ќе биде на сцената, при што најпознатите хитови ќе прозвучат во полн сјај. Ќе се изведат и песни од последниот албум „Првите триесет“ Ќе се слават блузот и пишаниот збор. ‘Најдоброто од Игор Џамбазов’ е во рамките на ‘С.О.С фестивалот‘, кој во 2026 ќе се одржи во повеќе градови низ Македонија и е поддржан од Министерството за култура и туризам“- вели организаторот „Фреш унион“. #Култура

Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп ја најави премиерата на претствата „Саатот“

 Пресконференцијата се одржа во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...              Со денешната прес-конференција на актерската, техничката и останата екипа Народниот театар „Војан Чернодрински“-Прилеп ја најави премиерата на новата театарска претствава „Саатот“, која е по текст на Лидија Митоска-Ѓорѓиевска и режија на Кристина Димитрова.           Директорката на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп, Марија Попова-Јованоска вели дека годинава со помош и финансика поддршка од Министерството за култура и туризам НУЦК„Марко Цепенков“ од областа на драмската дејност ќе реализира вкупно 5 нови театарски претсави, а токму театарската претстава „Саатот“ е првата од нив.           „Оваа година со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам ќе реализираме вкупно 5 проекти од област драмска дејност. Тоа се 5 нови ...