Пређи на главни садржај

Постови

Приказују се постови за март, 2026

„Направив песна во стилот на Брајам Адамс“-вели македонската поп-рок ѕвезда Влатко Иљачев-Валдера

„Милиони ѕвезди“ 2 новиот музички хит на Влатко Иљачев-Валдера која е во соработка со Григор Копров... “Милион ѕвезди” е најновата композиција која што неодамна младиот, симпатичен, харизматичен и енергичен Влатко Иљачев – Валдера ја претстави и промовираше пред македонската публика. Создадена од музичката работилница на најдобриот – Маестро Григор Копров, оваа композиција го носи сето она што и би го очекувале – многу љубов, емоција, занес и мелодија која веднаш влегува во уво и никако да излезе. Ова е нивна прва, но не и последна соработка. Со асистенција на младиот музичар и продуцент Стефан Петановски, “Милион ѕвезди” претставува силна и емотивна љубовна приказна исполнета со многу страст, надеж и копнеж кон саканата личност. Оваа балада е посветена на сите вљубени, но и на сите оние кои се уште веруваат во љубовта. Ангел Ризов го потпишува текстот кој преку своите зборови и емоции, срамежливо но сепак на интересен начин ги пренесува носталгијата, љубовта и емоцијата истовремено по...

Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости

Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости на концертот на Бојана Скендеровски... По скопскиот концерт, Бојана Скендеровски продолжува со ново музичко дружење, овојпат со штипската публика. На 21 март, во Домот на култура „Ацо Шопов“ во Штип, таа ќе одржи концерт кој ќе донесе вечер исполнета со музика, емоции и блиска средба со публиката. Концертот ќе биде збогатен со двајца специјални гости Огнен Здравковски и Коки Јанков, кои заедно со Бојана ќе создадат дополнителна енергија на сцената и ќе ја направат оваа музичка вечер уште поуникатна за штипската публика. Штип за Бојана не е само уште една концертна станица, туку град поврзан со едни од најзначајните моменти во нејзината кариера. Токму на сцената на легендарниот фестивал „Макфест“ таа ги освои своите две големи победи со песните „Немам одбрана“ и „Диви цветови“ ,   а о д Штип симболично започна и караванот „Македонијо, во срце те носиме“. Концертот почнува во 20 часот и е бесплатен за публиката...

Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Пролетта започнува со музика

Концертот е закажан за 21 март 2026 година во салата од Домот за култура „Ацо Шопов“-Штип... По емотивната концертна средба со публиката во Скопје Бојана  Скендеровски продолжува со ново музичко дружење ,  овојпат во градот кој за неа има посебно место во срцето - Штип.   На 21 март, во Домот на култура „Ацо Шопов“, таа ќе одржи концерт кој ќе биде подарок за публиката ,  вечер исполнета со музика, емоции и благодарност за долгогодишната поддршка. Штип за Бојана не е само уште еден град на концертната мапа, туку потсетник на едни од најважните моменти во нејзината кариера. Токму таму, на сцената на легендарниот фестивал Макфест таа ги освои двете свои големи победи – првата во 2003 година со песната „Немам одбрана“, а втората во 2015 година со „Диви цветови“. Од Штип, симболично, тргна и караванот „Македонијо, во срце те носиме“, музички проект кој две години патуваше низ речиси сите градови во земјата, создавајќи незаборавни средби со публиката. ...

Премиера на филмот „Уште една игра“ во Битола

Премиерата ќе се одржи во битолскиот Центар за култура.... Во   петок(13.03.2026) , со почеток во 19:30 часот , во   големата сала на Центарот за култура Битола , ќе се одржи   битолската премиера на македонскиот филм „Уште една игра“ , во присуство на   режисерот Nick Janssen   и дел од екипата. Филмот ја следи приказната за Мартин, 16-годишник од Чучер-Сандево кој сонува да стане професионален гејмер. Неговата страст за е-спортот го носи пред серија предизвици и избори – помеѓу соништата, пријателството и очекувањата на околината. Во филмот настапуваат Тони Михајловски, Гоце Андонов, Zephaniah Terry, Жаклина Стефковска,Александра Пашевска,Марија Јанчевска, Марјан Наумов , Далиа Стоименова, Јасмина Василева, Ведран Чешарек  и Петар Манич. Публиката во Битола ќе има можност да ја проследи премиерната проекција и да се сретне со дел од авторската екипа на филмот. #Култура

Отворена изложбата на уметницата Ита ТС Арт во Прилеп

 Изложбата во Прилеп од оваа уметница е ретроспективна... Ретроспективна изложба на слики од Ита ТС Арт синоќа беше отворена во Ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп. Уметницата се претставува со дела работени во различни периоди со кои одбележува 35 години творештво. „На публиката во мојот роден град и го пренесов творештвото од различни периоди. Делата се работени во акрил на платно и на картон, а мотивите се најралични. Многу сум среќна што одбележувам јубилеј во овие моменти, тука додека престојувам“- вели уметницата. Ита ТС Арт живее и твори во САД. Досега има реализирано изложби во Македонија, САД и низ Европа. #Култура

„Стари мој“ е новиот музички хит на Никола Милосковски

Песната ќе биде објавена на 13 април 2026 година... На само 23 години, Никола Милосковски веќе почнува да го гради својот музички идентитет – тивко, но сигурно. Млад, харизматичен и со енергија која тешко се игнорира, тој доаѓа од Куманово и полека се наметнува како едно од најсвежите имиња на домашната музичка сцена. Интересно е што неговата приказна со музиката не започнува како внимателно испланирана кариера, туку како случајност што постепено се претворила во вистинска страст. Иако љубовта кон музиката ја носел во себе уште од мал, идејата навистина да се посвети на пеењето дошла спонтано. Пресудниот момент биле луѓето – нивните искрени реакции и поддршката што ја добивал секогаш кога ќе запеел. Токму тие моменти, кога тој ќе ја почувствува емоцијата на своите блиски и публиката, го убедиле дека музиката е патот по кој треба да продолжи. Никола живее динамично и спортски. Како што вели, спортот му е најдобар „издувен вентил“ од секојдневните обврски. А кога не е на сцената – често ...

МНТ СО НОВ ТЕАТАРСКИ БРАН: ВНИМАТЕЛНО КУРИРАНА ПРОГРАМА СО ПРЕМИЕРИ, МЕЃУНАРОДНИ ГОСТУВАЊА И ОТВОРЕНА СЦЕНА ЗА МЛАДИ

  МНТ со нов театарски бран-премиери, меѓународни гостувања и отворена сцена за млади... Н а  денешната  прес-конференција ,  Македонскиот народен театар ја претстави годишната програма за 2026 година, која опфаќа нови премиери, меѓународни гостувања, копродукции и активности насочени кон поддршка на младите автори и независната сцена.  Во однос на минатата година, буџетот за МНТ е зголемен за 56 проценти.    Директорот на МНТ, Никола Кимовски, истакна дека театарот во новата сезона влегува со  „ силна, интензивна и внимателно курирана програма“, со премиери што отвораат актуелни општествени прашања, нови копродукциски соработки и гостувања кои го позиционираат МНТ како активен регионален и европски културен чинител.   „Создаваме репертоар кој комуницира со времето во кое живееме, а истовремено самоуверено ја носи традицијата напред. Особено важно за нас е што отвораме простор за младите актери, новите режисерски имиња и независните продукции...

Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп ја подготвува претставата „Саатот“

Премиерата се оечкува на почетокот од месец април 2026 година... Во театарот „Војдан Чернодрински“ се подготвува претставата „Саатот“ од Лидија Митоска Ѓорѓиевска, во режија на Кристина Димитрова. Костимографија и сценографија: Благој Мицевски. Музика: Филип Јездиќ и Томе Темелкоски Во претставата „Саатот“ ликовите ќе ги играат актерите Димитар Ѓорѓиевски, Наташа Ачански и Филип Јездиќ. „Саатот“ е интимна трагикомедија со апсурдни и постмодерни драматуршки елементи. Двајца актери на сцена ќе ги играат лицата на Вера и Јован, плус уште еден актер/музичар ќе го игра персонифицираниот ѕиден часовник. Улогата на часовникот ќе биде да покаже повеќе аспекти од животот на новото време. - Што е време? „Времето е она што часовниците го мерат“ -рекол еднаш Ајнштајн. Информациите за времето го кажуваат времетраењето на настаните, и кога тие се случуваат, или кои настани се случуваат пред кои други. Времето игра многу значајна улога во структурата на универзумот, вклучувајќи ја и структурата на на...

Ретроспективна изложба на слики од уметницата Ита ТС Арт вечерва во Цепенков

Изложбата е со почеток од 19:00 часот и е во Ликовната галерија од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... Ретроспективна изложба на слики од уметницата Ита ТС Арт ќе биде отворена на 11 март, среда, од 19 часот во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“. Ќе бидат изложени 30 дела, со кои уметницата ќе одбележи 35 години творештво. - Сакам на прилепската публика да и го пренесам моето творештво. Сликите се работени во различни периоди, акрил на платно се и на картон. Мотивите се најралични. „Многу сум среќна што одбележувам јубилеј во мојот роден град“ - вели уметницата Ита ТС Арт. Ита ТС Арт живее и твори во САД. Досега има реализирано изложби во Македонија, во САД и низ Европа. #Култура

„Еј жено, храбро срце носиш“ – новата емотивна балада на Елена Велевска со моќна порака за жените

 „Еј жено“ е новиот музички хит на Елена Велевска... Еј жено надеж се гаси ко ранета срна во снегот, очајот не ти е брат – разбуди го ѕверот... Еј жено... гордо исправи се, немој за милост да молиш...“ Со овие силни стихови започнува новата емотивна балада на Елена Велевска – песна со  симболичен наслов „Еј жено“, песна со  моќна порака за силата, достоинството и храброста на жената, која пејачката ја објави токму на Меѓународн иот  ден на жената и им ја посвети на сите жени и мајки. Станува збор за моќна композиција со силна порака за достоинството, храброста и силата што секоја жена ја носи во себе. Баладата зборува за падовите, разочарувањата и борбите со кои се соочува секоја жена низ животот, но и за силата повторно да се исправи, со крената глава и со верба во себе. „Еј жено, храбро срце во градиве носиш жено... немој да дозволиш денес да не ти е денот...“ Токму таа емоција и искреност Елена маестрално ја пренесува во интерпретацијата, претс...

Храбра исповед: Ивана Милошевска ја раскажа својата битка со леукемијата Давид Давидовски ѝ даде простор да ја сподели приказната

Icon show е форматизиран видео подкаст... Во емотивно издание во емисијата ,,Icon show”  на водителот Давид Давидовски, гледачите имаа можност да ја слушнат потресната, но и инспиративна животна приказна на Ивана Милошевска, девојка која храбро се бори со леукемијата. Ивана во емисијата искрено проговори за најтешките моменти од нејзиниот живот, моментот кога ја добила дијагнозата, долгите денови поминати во болница, хемотерапиите и стравот со кој секојдневно се соочувала во борбата со оваа тешка болест. Како што раскажа таа, нејзината приказна не секогаш имала простор да биде слушната. Според неа, во минатото некои водители и емисии не сакале да ѝ дадат можност јавно да проговори за својата борба и за реалноста со која се соочуваат луѓето со ваква дијагноза. Сепак, токму водителот Давид Давидовски ѝ ја дал таа шанса, народот и сите кои се борат со најтешката битка му беа многу благодарни на Давид Давидовски. Во неговата емисија, Ивана доби простор отворено да ја спо...

Нова ера на Фрајле

Новата ера на Фрајле всушност значи нов состав на оваа позната музичка група... По 17 години успешна кариера, бројни хитови и концерти ширум регионот, Фрајле влегуваат во ново поглавје од својата музичка приказна. Бендот продолжува понатаму со освежен состав и нова енергија, но со истата љубов кон музиката и публиката која ги следи од самиот почеток. Во овој период дојде и до промена во составот на бендот – Наташа Михајловиќ привремено се повлекува од Фрајле за да се посвети на својот авторски труд, а на нејзино место доаѓа уметницата, актерка и пејачка Славица Љујиќ. Славица Љујиќ, актерка која публиката веќе ја познава од домашните телевизиски серии како „Игра судбине" и „Ургентни центар", како и од популарниот хумористичен интернет проект „Цаца и Уки", носи нова енергија во составот на Фрајле. Нејзината повеќеслојна уметничка кариера, која опфаќа глума, пишување и сценски настап, природно се вклопува во автентичниот уметнички израз на бендот. „Најважен ни е човечкиот ...

„Сила“ - концерт на Македонска филхармонија по повод Денот на жената

Концертот е со почеток од 20 часот и ќе се одржи во салата при Македонската филхармонија во Скопје... Во четврток, со почеток во 20 часот, Македонската филхармонија ќе одржи концерт по Повод денот на жената, насловен „Сила" кој ќе го води диригентката Ребека Тонг од Индонезија, а како солист ќе настапи пијанистот Ендру фон Ојен од Франција. На програмата се  „Павана", оп. 50 од Габриел Форе, Концертот за пијано и оркестар бр.2 во ге-мол од Камиј Сен-Санс и симфониската скица „Море" од Клод Дебиси. Ребека Тонг  е резидентен диригент на  Симфонискиот оркестар  и уметнички и музички директор на  Ансамблот за современа музика во Џакарта . Таа ја освои  Првата награда на „La Maestra"  во 2020 година во Париз, каде што, исто така ја доби и „ ARTE Prize".  Нејзините настапи вклучуваат дебитантски концерти со:  Симфонискиот оркестар на Барселона, Германскиот симфониски оркестар во Берлин, Оркестарот на Париз, Националниот оркестар на Франција, Филхар...

Голем концерт на Калиопи на 17 октомври во Скопје

Kонцерт на Калиопи во Скопје... Македонската музичка сцена добива настан кој уште сега се позиционира како еден од клучните концертни моменти во 2026 година. На 17 октомври, во најголемата арена во државата, Калиопи ќе одржи голем солистички концерт. По целосно распродадената арена „Борис Трајковски" во 2024 година и четирите последователно распродадени концерти во 2025 година во „Македонска филхармонија", интересот за нејзините настапи повторно расте со интензитет што ретко се гледа на домашната сцена. Овие бројки не се случајност, туку потврда за довербата што публиката ѝ ја дава со години. Токму затоа концертот на 17 октомври, се најавува како логично продолжение на тој успех но и како нов, амбициозен продукциски чекор напред. Ако 2024 година беше триумф, а 2025 интимна музичка доминација во филхармониски амбиент, 2026 ветува аренско доживување во полн сјај. Со кариера која трае повеќе децении, Калиопи претставува редок пример на уметник кој успева да ја задржи својата авт...