Јана Стојановска и Жаре Бербер со пријателите подготвија новогодишна забава на телевиизја Телма

Новогодишната забава е од 21:15 часот и истата ќе се емитува во живо на фреквенцијата од телевизија Телма...

Секоја година во месец декември најчесто поставуваното прашање е „Каде за Нова Година?“ Телевизија Телма сепак го има најдобриот одговор! Во топлината на својот дом и традиционалната новогодишна трпеза на 31 декември бидете на Телма. 

„Од Македонскиот Народен Театар, директно во вашите домови ќе направиме Новогодишна галама. Вашите домаќини Јана Стојановска и Жаре Бербер со своите гости ветуваат одличен дочек на новата 2025 година и уште подобро испраќање на старата 2024 година“-велат од телевизијата.

Стартот на новогодишната програма на 31 декември е во 21:15 часот, а Јана и Жаре низ разговор и песна ќе ги дочекаат своите гости  Миле Кузмановски, Елена Велевска, ДНК, Стојне Николова, Зуица Лазова, Александар Митевски и Драган Спасов-Дац, Стефан Николовски, Анета Љумаковска, Мишел Трајковски и многу други кои заедно со Галама бенд ќе се погрижат атмосферата во вашите домови да ја направат славеничка.

„Не дозволувајте да ви раскажуваат и во новата година влезете гласно, а можеби со Новогодишната галама на Телма, ќе ги растераме сите лоши моменти од минатото и ќе се радуваме на убавите моменти кои претстојат. Затоа да галамиме заедно и погласно.“-велат Јана и Жаре кој ветуваат одлична музичка новогодишна забава.

Новогодишната Галама на телевизија Телма е утревечер 31 декемви со почеток од 21:15 часот. 

#Магазин

Коментари