Пређи на главни садржај

Постови

Приказују се постови за август, 2025

НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп од 30 август до 5 септември ќе ја реализира Меѓународната ликовна колонија-Дрен 2025

Годинава колонијата ќе се одржува во манастирот свети Ѓорѓија во селото Присад над прилепското езеро... Од 30 август до  5 септември 2025 година, по 17 пат ЦК „Марко Цепенков“ ќе ја реализира  меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков - Дрен 2025„ на која ќе учествуваат 1 7 уметници од земјава и од Хрватска и Србија „Годинава уметниците ќе работат во преубавата природа на манастирот Св. Ѓорѓија, над езеро. Ќе творат на слободна тема. Очекуваме да создадат нови уметнички дела што ќе бидат дел од богатата збирка на Центарот. Создадените дела на годинашната колонија ќе бидат презентирани на изложба во Центарот во ноември“  - вели Марјан Стојаноски од ликовната дејност на Центарот за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На колонијата   ќе творат Јуре Кокеза, Звјездана Јембрих, Злата Томљеновиќ, Звонко Павличиќ, Снежана Манасиќ, Стефан Анчевски, Васко Горѓиев,   Дејан Макаријоски, Верче Николоска, Александар Џинго, Ферди Булут, Марјан Стојаноски, Златко Крс...

Филм, музика и многу забава на манифестацијата 200 години прилепска градска саат кула

Изманиатиов викенд се одржа вториот дел од манифеастацијата... Викендов на платото под градската саат кула во Прилеп се одржа вториот дел од манифестацијата 200 години прилепска градска саат кула. Филм, музика и забава за сите возрасти понуди манифестацијата 200 години прилепска градска саат кула, а организатори на оваа доста интересна и добра манифестација се од Јавен простор Прилеп. Изминатиов викенд за добрата музика и забава за посетителите беа задолжени од музичката група The Doctors од каде велат дека им е особена чест и задоволство да учествуваат на манифестацијата. Филип Сотиров, член на групата The Doctors вели дека како група се чувствуваат возбудено, се заблагодарија на поканата, а според Сотиров репертоарот за изведба е интересен. „Се чувствуваме доста спремно и сме навистина возбудени за овој настап вечерва и се заблагодаруваме пред се’ на поканата. Репертоарот за вечерва е доста интересен и ќе ги забавува и старата и новата генерација на посетители. Сакаме да прир...

Lockdown со прекрасен музички настап во клубот „Калинка“ во Прилеп

На музичката група Lockdown клубот „Калинка“ им е „матична куќа“... Со македонски и српски екс-ју музички нумери прилепоската музичка група Lockdown синоќа ја загреваше атмосферата во клубот „Калинка“ кои се наоѓа во срцето на Прилеп т.е во старата прилепска чаршија. Групата е формирана во 2022 година, а во неа членуваат Михал Грашкоски (тапани), Димитар Јованоски (клавијатури), Кирил Младеноски (гитара) и Нена Тодороска (вокал). Имено, Михаил Грашкоски и Димитар Јовсноски велат дека се чувствуваат феноменално и дека со нетрпение очекуваа да започнат со настапот. „Се чувствуваме феноменално и со нетрпение очекуваме да започнеме, а трема немаме“ -велат Грашкоски и Јованоски. Грашкоски зборуваше и за формирањето на групата, а истата е формирана спонатно. Направени биле неколку прооби и со нив се докажало дека тие може да започнат со работа. „Идејата за формирањето дојде спонатно. Ние сме сите другари од градинка и едноставно најпрво за занимација затоа што сите сме со музичко о...

Христијан Настески-Пајак ја промовираше својата нова летна песна „Марија“

Пајак со нов летен хит под наслов „Марија“... Кога мислевте дека летото полека ни бега,  Пајак  реши да нè врати на плажа со својата најнова песна –  „Марија“ . Новиот хит веќе е пуштен на YouTube и за неколку часа собра куп позитивни реакции – и не е чудо! „Марија“ е вистинска летна бомба, песна што крева од столица и ве тера да се сетите на сите авантури од ова лето. За музиката се потпиша самиот Пајак, текстот е во тандем со  Елвир Мекиќ , а за препознатливиот „свеж“ звук заслужен е  Иван Јованов – Ивајо . Исто така, песната доби и визуелно издание – видеоспот во режија на  Б.Гордан , кој ја претставува „Марија“ како летна хероина од нашите сништа. А најголемото прашање сега е: Која е Марија? Дали е реална девојка, летна љубов или само музичка инспирација – Пајак мудро молчи, а на публиката ѝ остава да си замисли сопствена „Марија“. Едно е сигурно – оваа песна ќе се врти цело лето и уште долго потоа. Пајак повторно успеа да создаде нумера што го крева ра...

„11“ – среќниот број на Марија Шерифовиќ

Марија Шерифовиќ ја откри вистината за нејзиниот голем музички хит „11“... За многумина тоа е само обичен број, но во животот на Марија Шерифовиќ бројот 11 има посебно значење . Токму поради тоа, пејачката еден од своите најголеми хитови го нарече „11“. Песната беше објавена на 11 ноември во 11:11 часот , а долго време јавноста се прашуваше која симболика се крие зад овој наслов. „ Тоа е датум кој многупати ми се случувал, а јас сум родена во ноември. Единаесет е мојот среќен број, а во животот ми се случиле многу убави работи кои на некој начин имале врска со него“- изјави Шерифовиќ пред неколку години, откривајќи и кому му е посветена оваа песна. „Најискрениот одговор би бил – мене. Ја направив за својата душа, но и за душата на сите оние кои во овој момент копнеат музиката повторно да биде она што некогаш беше“- рече Шерифовиќ за српскиот магазин  Hello . Марија не крие дека хитот е сткаен од чисти емоции , што и публиката веднаш го препозна. „Понекогаш сите песни се собира...

„Роде мој" – ново музичко парче кое обединува и силно одекнува во срцето на секој Македонец

Караванот „Македонијо во срце те носиме“ стартува од Охрид... Овде душата секогаш бара душа, овде љубовта своја песна си слуша, овде родот мој секому даде рака, ајде роде мој почни сам да се сакаш!...  - дел од стиховите од новото патриотско музичко парче со наслов „ Роде мој"  кое ги обедини сите учесници во проектот „Македонијо во срце те носиме" и кое  силно одекнува во срцето на секој Македоне ц како  порака, потсетник и повик . „ Роде мој"  е со потписот на маестро Николче Мицевски како автор на музиката и аранжманот и Борче Нечовски, чиј е текстот . По премиера та  на новата заедничка песна  „Роде мој" , која ги обедини сите учесници во проектот, следува нова страница во оваа музичка приказна полна со љубов, гордост и патриотизам.   Следува ново  музичк о  поглавј е зашто  ц елиот тим, предводен од  Скендеровски продукција , со несебична посветеност и визија, продолжува со својата мисија –  да ја обоиме Македонија со...

„Scream“ фестивал на 1 Ноември во Скопје посветен на Бора Чорба

Фестивалот ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“-Скопје... На 1 ноември 2025 година (сабота) , арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе биде домаќин на фестивалот SCREAM, каде што на едно место ќе застанат три легенди на музичката сцена, Влатко Стефановски трио, Рибља Чорба и Галија. Вечерта ќе биде дополнета со бројни изненадувања, а на сцената ќе се појави и специјален гостин, чие име останува во тајност сè до самиот настан. Оваа година фестивалот носи сосема ново значење и добива посебна тежина, тоа нема да биде само уште еден концерт, туку свечена рок посвета на човекот кој со својот глас, своите стихови и својот бунтовен дух засекогаш ја промени историјата на балканската музика - Бора Чорба. На 1 Ноември 2025, токму на денот кога својот роденден би го прославил легендарниот Бора Чорба, арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе стане центар на најголемото музичко славење на рокенрол духот на овие простори. Тројца великани, три различни музички универзуми, но една заедничка цел: да...

Во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп отворена изложбата „Уметничкиот сон“ од уметникот Методи Исков

 Изложбата е отворена во ликовната галерија од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... Синоќа во Ликовна Галерија од ЦК"Марко Цепенков" во Прилеп  беше отворена изложбата „Уметничкиот сон“, од Методи Исков.  Изложбата поддржана од Министерството за култура и туризам, е посветена на истражувањето на сонот како симбол, инспирација и креативен импулс во уметноста.  На изложбата се претставени дела од различни жанрови и техники: сликарство, графика, цртеж, скулптура, како и современи визуелни изрази. Отворајќи ја изложбата, м-р Каролина Мицевска, посочи дека проектот ја нагласува важноста на општеството во  мисијата за поддршка и афирмација на уметноста.  „Уметничкиот сон“, е концептуален проект што ја поканува публиката  да влезе во светот на имагинацијата, да ги истражи сопствените соништа и преку делата да открие нови можности за разбирање на уметноста како универзален јазик што нè поврзува“- рече Мицевска. Уметникот Методи Исков,претседател на ДЛУП, има реализи...

Македонскиот министер за естрада стана премиер за риболов: Kрапот ми е најомилен

Борче Наумовски покарј музиката ужива во риболовот.... Познатиот македонски фолк пејач Борче Наумовски, кај публиката омилен како „Министерот за естрада“, одамна ја има докажано својата страст кон музиката. Со бројните хитови полни емоција и веселба, тој ја разигрува македонската публика на секој настап. Но, малкумина знаат дека надвор од сцената, Борче има уште една голема љубов – риболовот. „Музиката ми е живот, но риболовот е мојот мир. Таму се исклучувам од секојдневниот хаос и си ги полнам батериите“- вели Наумовски, со насмевка која открива колку му значи оваа страст. Кога не е на бина и не пее пред публика, Борче најчесто може да се најде крај езерата во Егејска Македонија. Неговите омилени точки за риболов се Леринско, Костурско и езерата околу Солун, кои се познати по своите бистри и благи води. „Таму најлесно го наоѓам својот мир. Сме постојано изложени на гласна музика и настапи, па токму езерата ми даваат рамнотежа“- открива тој. Иако лови и други слатководни риби – пастрмк...

„Македонијо, во срце те носиме" со нова емотивна изведба на Наум Петрески: „Ако умрам ил загинам" песна за татковината, спомените и вечното пријателство

Песната е дел од прокетот „Македонијо во срце те носиме“... Проектот „Македонијо, во срце те носиме" продолжува со нова, длабоко емотивна објава што ја носи моќната изведба на Наум Петрески на песната „Ако умрам ил загинам" .  Овој пат проектот не говори само за татковината , туку   и за пријателството – искрено, топло и трајно, преку видео кое на трогателен начин  го прикажува пријателството  меѓу Наум и Андреј од ДНК, кој трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката во Кочани. Видеото содржи  фотографии од дружбите на  двајцата уметници и е посветено токму на споменот за Андреј – како музичар, пријател и човек. Песната, во својата нова аранжманска  визија  потпишана од маестро Николче Мицевски, го задржува духот на оригиналната верзија на Јонче Христовски,  кој е и комплетен автор на композицијата,  но го пренесува со интензитет што се чувствува до  најситните пори . Наум Петрески, с...

Изложба „Уметнички сон“ на Методи Исков в петок во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Изложбата е во ликовната галерија при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... На 22 август 2025 година (петок) од 19:30 часот во Ликовната галерија од НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп ќе биде отворена изложбата „Уметничкиот сон“ од уметникот Методи Исков, што е дел од програмата од областа на визуелни уметности за 2025 година, поддржана од Министерството за култура и туризам. Изложбата „ У метничкиот сон“ е посветена на истражувањето на сонот како симбол, инспирација и креативен импулс во уметноста. Секое уметничко дело, пред да се појави во материјална форма, започнува како визија, како интимен миг на замисла или сон што го носи авторот. Токму тој процес – од замисла до реализација – е централната тема на оваа поставка. Во рамките на изложбата се претставени дела од различни жанрови и техники: сликарство, графика, цртеж, скулптура, како и современи визуелни практики. Оваа разновидност не само што ја прикажува богатата палета на индивидуални пристапи и изрази, туку создава и еден поширок контекс...

Ивона Јо објави нова песна - „Молитва" интимна исповед претворена во моќен музички манифест

Ивона Јовановиќ-Ивона Јо со нова песна под наслов „Молитва“... Ивона Јо го претстави својот најличен и најмоќен проект досега „Молитва", песна создадена во еден здив под раководство на Темелко Андреев, кој авторски стои зад текстот, музиката, аранжманот, како и режијата на видеото. Ова не е само музичко издание, туку искрена духовна и емотивна катарза, огледало на внатрешната борба, болка и победа над најтешкиот противник: самите себе. „Молитва" е автобиографска исповед, но и универзална приказна за сите кои некогаш биле заробени во мрежата на негативните коментари, осуди и сомнежи, оние невидливи, но тешки товари што се таложат со години и ја извитоперуваат сликата за сопствената вредност. Тоа е крик за помош, но и крик на храброст, болка што прераснува во триумф, молитва што ги прочистува мислите и ја враќа вербата во себе. Во основата на песната пулсира моќна Христова порака, повик за простување, не само кон другите, туку и кон себеси. Преку текстот, Ивона ја отвора вратат...

Андријана Јаневска ѝ даде нова душа на „Каде сте Македончиња"

„Каде сте Македонончиња“ во изведба на Андријана Јаневска е дел од прокетот Македонијо во срце те носиме“... Проектот  „Македонијо, во срце те носиме"  продолжува со силен патриотски порив да ги буди сеќавањата, љубовта и достоинството на македонскиот народ – овој пат преку изведбата на  Андријана Јаневска  на песната  „Каде сте Македончиња" , композиција која одамна не е само музика, туку симбол на болка, надеж и национална свест. Создадена од Бранко Ѓорѓиевски, оваа песна ја понесе титулата „химна на децата-бегалци", посветена на македонските деца кои беа протерани од своите домови за време на воените судири во Егејска Македонија. Силата на нејзината порака е безвременска – повик кон правдата, меморија за изгубеното детство и копнеж по родната грутка. Првпат е изведена во 1987 година, на сцената на Фолк Фест Валандово, од страна на Александар Сарев, чие интерпретативно мајсторство го остави отпечатокот на оваа композиција во срцата на илјадници....

Урбано Лето 2025 – Кривогаштани добива свој културен живот!

Два дена Урбано Лето 2025 во Кривогаштани... Кривогаштани е мало место со големо срце, а ова лето се претвора во точка на младинска енергија и забава. Благодарение на младите членови на Здружението на млади „Урбано Гнездо“, за првпат ќе се одржи „Урбано Лето“ – манифестација која ја спојува урбаната култура со руралниот дух. „Нашата цел беше да покажеме дека и малите места можат да создадат големи моменти, оваа манифестација од два дена (17.8 и 27.8) претставува ренесанса на културниот живот во Кривогаштани“- велат организаторите.  „Кривогаштани има потенцијал да биде културна точка, а Урбано Лето е само почеток.“   Манифестацијата ќе започне на 17  А вгуст со Филмска ноќ во дворот Младинскиот центар – Кривогаштани: ●        20:00 – Проекција под отворено небо на култниот филм „500 Days of Summer“ ; ●        21:30 – Опуштена забава со локален DJ, која ќе ја задржи атмосферата под ѕвездите до доцна во...

Вечер на унгарски танци и песни во Прилеп

Концертот ќе се одржи на платото пред НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... На 8 август 2025 (петок) од 19:30 часот, на платото пред ЦК „Марко Цепенков“  ќе се одржи Вечер на унгарски танци и песни, на која ќе настапат фолклорниот ансамбл Ризгетош и оркестарот Фокош. Концертот, кој е повеќегодишна традиција,  е дел од пограмата на Центарот, од меѓународна соработка, а се реализира заедно со Здружението на Унгарците Теледом- Македонија, Амбсадата на Унгарија во земјава и Министеството за надворешни работи на Унгарија.   Народниот оркестар од Kishegyes - Rizgetős основан е пред 30 години. Членовите на друштвото се млади, заинтересирани за зачувување на унгарските народни обичаи, култура и народни танци.   Во изминатите 30 години со Друштвото работеле најголемите познавачи од Унгарија, благодарејќи на што Друштвото е во постојан развој. Покрај автентичните народни танци, се занимава и со танцовен теата r. Големо внимание посветуваат на постојан развој и зачленување на но...

Филип Крстевски-Свежа енергија на Македонската Мода

Филип Крстевски е дипломиран текстилен инженер- Моден Дизајнер.... Филип Крстевски претставува новата креативна сила во македонската модна сцена. Моден Дизајнер по професија, но фотограф по душа, тој ја замени камерата со игла и ножици, создавајќи уникатни модни парчиња со длабока естетска и социјална порака. Како дипломиран текстилен инженер и дизајнер, Филип е познат по своите смели избори на бои и материјали. Неговата креативност често се буди за време на првото утринско кафе, каде инспирацијата доаѓа од наједноставните животни моменти. „Сакам да творам, да создавам и да креирам.Сакам да си играм со боите“-  вели Крстевски. Неговата инспирација често доаѓа за време на „инспиративното утринско кафе“ кофе, мед, млеко и капки цеден портокал—што го подготвува за денот на креативност и широка активност со клиенти и маркетинг. Крстевски ја искористува модата како платформа за општествени пораки. Со колекцијата 'This is a movement, not a moment', тој отворено се спротивстав...