Претставата „Стапица за глувци“ ќе се одигра в’петок во НТ„Војдан Чернодрински“...
Претставата „Стапица за глувци“ од Агата Кристи, а во режија на Борис Василески ќе се одигра во Народниот Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп на 13.12.2024 година (в’петок) со почеток од 19:30 часот.
Во оваа претстава Лидија Митоска-Ѓорѓиевска е драматург, сценографијата и дизајнот на светло се на Мартин Манев, Марта Дојчиновска е одговорна за костимографијата, музиката за претставата е на Томе Темелкоски, а додека пак Илина Василеска е одговорна за дизајнот на плакат.
Во претставата „Стапица за глувци“ улогите ги толкуваат Сара Спиркоска, Илија Волчески, Марија Спиркоска-Илијески, Дарко Карбески, Александар Тодески, Даниела Иваноска, Михајло Миленкоски и Димитар Ѓорѓиевски.
#Култура

Коментари
Постави коментар