Пређи на главни садржај

Огнен Здравковски со нова песна насловена како „Пекол и рај“

„Пекол и рај“ е новопромовираното музичко парче на македонскиот пејач Огнен Здравковски...

„Нешто ново од мене, сработено со многу љубов и посебна енергија. Слушнете ја песната, гледајте го спотот, почувствувајте ја приказната и дозволете да ве освои. Вашите мислења и коментари ми се најбитни и ме инспирираат за песните што следуваат. Погледнете, слушајте, споделете и коментирајте како ви се допаѓа! Уживајте и ширете љувов!", е пораката што Огнен Здравковски ја напиша под новото парче музика кое реши да ѝ го претстави на јавноста, а кое значи почеток на едно ново поглавје во неговата музичка кариера.

Насловот на новата композиција е „Пекол и рај" и всушност станува збор за песна со љубовна тематика потпишана од негови колеги, а кога врвни музичари стојат зад ваков проект тогаш не може да имате лош финален производ. Напротив, композцијата зад која како автори се потпишуваат Александар Тарабунов – музика, Зоран Зонде Стојановски – текст и Димитар Андоновски, кој освен што се потпишува зад аранжманот е задолжен и за миксот и мастерингот, не може да биде ништо друго освен музичко совршенство.

Фотографија од видео-спотот од песната „Пекол и рај“

За приказната да биде комплетна придонесува и видеото снимено со продукцијата Sneak Media. Кадрите се снимени во Белград под режисерската палка на Никола Суњевиќ, а во нив освен Оги се појавува и Јања Станојевиќ

„„Пекол и рај" е песна која стилски е многу поразлична од сето она што го имам снимено досега. Со Тара, Диме и Зонде се дружиме приватно, се разбираме, се познаваме и тие ми направија песна каква што одамна посакував. Ги слушнаа моите желби и  добив парче какво што одамна посакував, парче во кое верувам и парче кое значи еден нов многу поразличен и позрел Огнен", вели Оги и открива дека периодот што следува за него ќе значи многу работа затоа што веќе некое време интензивно работи на нов материјал.

Планот, како што појаснува Oги, е на јавноста песните да ѝ ги претставува една по една, па годината што е пред нас да ја заокружи со еден убав проект.

Фотографија од видео-спотот од песната „Пекол и рај“

Екипата на ИНФО-ПРИЛЕП на Оги му честита за новото музичко парче, а вие во продолжение слушнете ја новата песна на Оги „Пекол и рај“. Ние се надеваме дека и вас песната ќе ви се допадне, исто како што ни се допадна и нас.


#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...