Пређи на главни садржај

Постови

Приказују се постови за март, 2025

Дара Бубамара со нов албум под наслов „2025“

Албумот е во издание на City Records... Дара Бубамара по 32 години кариера и 8 година од издавањето на последниот албум го објави својот нов, 13-ти по ред студиски албум под наслов „2025“ . Новиот албум на Дара е под издание на City Records . Албумот содржи 12 сосема нови песни, а Дара уште еднаш покажа и докажа дека таа „владее“ над многу жанрови и стилови на пеење . Докажаните соработници и младата сила на авторот, го направија новиот албум на Дара да го најде патот дури и до оние најпробирливи слушатели и љубители на музика. Имено, публиката од различни возрасти и вкусови на музика даде фантастични коментари за новиот албум на Дара, а тоа го потврдува и статусот дека Дара е една од највлијателните пејачки на балканската музичка сцена. Албумот „2025“ на Дара е пропратен со модерни музички спотови како и визуелни слики за спотовите од секоја песна, а албумот доби и физичко издание односно ЦД кое може да се купи во сите продажни места на City Records, и он-лајн преку нивната продажна м...

Давид Давидовски: Системот сите не уништи, а мене ми ги покажа неговите остри заби

Водителот Давид Давидовски даде ексклузивно интервју за нашиот портал... „Ништо не е повредно од смеата. Силен човек е оној кој може да се смее”. Со оваа теза со новинарот Давид Давидовски ќе ја започнеме денешната дружба и денешното скандалозно интервју со него, а исто така тој во нашето интервју одбра кои му се најубавите мажи и жени од естрадата според неговиот вкус. Целото интервју читајте го во продолжение! Инфо-Прилеп: Давид во овие денови на тага, денови кога тагува целата нација, неизбежно е прашањето, како си? Давид Давидовски: Разочаран сум од системот, системот и мене ми ги покажал неколку пати досега своите остри заби, па затоа сум веќе навикнат на злоба и трагедија. Два пати до сега сум бил во Кочани, град кој беше синоним за мир, луѓето кротки, фини, чесни, добри, многу тагував и бев многу потресен како и целата наша нација.  Инфо-Прилеп:   Кој е твојот совет за понатамо ш ниот живот на жителите од Кочани, а и за цела нација? Давид Давидовски: Дали со раѓа...

Прилепскиот Народен Театар „Војдан Чернодрински“ затворен од страна на Дирекцијата за заштита и спасување

Дирекцијата за заштита и спасување го затвори прилепскиот народен театар... Дирекцијата за заштита и спасување во текот на вчершаниот ден изврши вонреден иснпекциски надзор при што утврди опасност од настанување на пожар и експлозија во зградата од Народниот Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп. Во соопштението до ДЗС додаваат дека и евакуацијата на присутните во објектот при појава на акцидентална ситуација и оневозможување на ефикасна интервенција на спасувачки тимови при настанување на пожар или екплозија со што се загрозува животот на сите присутни лица во установата.  Информацијата за затворањето на прилепскиот театар ја потврдија и од установата. „ Почитувани почитувачи, следбеници, поддржувачи, верна публико и драги прилепчани, со доза на горчина ве извесуваме дека Согласно препораката од Министерството за култура и туризам, а на официјално барање од страна на НУЦК „Марко Цепенков“ - Прилеп, по извршениот формален инспекциски надзор и констатирање на серија фактички недоследн...

Георгиевски: Хуморот е причината за моето занимавање со стенд-ап

Стенд-ап кимичарот даде екслузивно интервју за нашиот портал... Aлександар Георгиевски стенд-ап комичарот кој имал над 40 стенд-ап настапи ширум Македонија даде екслузивно интервју за нашиот портал. Интервјуто беше направено од страна на наша новинарска екипа непосредно пред неговиот стенд-ап настап во кафулето Bruch Box Café во Прилеп. Целото интевју моежете да го читате во продолжение! Инфо-Прилеп: Од каде желбата и инспирацијата за занимавање пред се’ со комедија, а потоа и со стенд-ап? Александар Георгиевски: Секој си има некој „издувен вентил“, а кај мене тоа е хуморот. Мислам дека од мал бев оној во друштвото што знаеше да се глупира и да ги насмее луѓето, сето тоа со интерни шеги. Публиката ме знае и како џе вижн, а тоа беше еден портал кои си го имав направено како хоби. На порталот главно пишував хумористични вицови и содржини и беше направен само за мојот најблизок круг, но кога видов дека тоа се шири и дека други луѓе од целата држава реков „Зошто да не се занимавам ...

Изложбата „Мотиви од Хераклеја“ од уметникот Панде Петровски во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Изложбата ќе биде отворена утре во 18:30 часот во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... На 14.03.2025 година (петок) од 18:30 часот во Ликовната галерија од НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп ќе биде отворена изложбата „Мотиви од Хераклеја“ од битолскиот уметник Панде Петровски. Со изложбата Центарот ја започнува реализацијата на годишната, обемна програма од областа на визуелните уметности, поддржана од Министерството за култура и туризам. „Во сите слики се наѕира филозофската задлабоченост на авторот, аналитичката и синтетичка рамнотежа на реалното и иреалното, на она што постои како артефакт и сликарска фантазија, како и според студиознто промислување на композициската целина но и на поединечните целини во самата слика ако се набљудуваат само делови од истата. Од нив блика еден тивок, но длабок изблик на емоциите историското минато да се одлепи од заборавот, незаборавно, но сега на платно, да прозборат паметниците, мермерот, исклесаните букви на тој мермер, да прозборат елените и рајските птици ...

Во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп промоција на книгата за деца „Илина и шумскуте тролови“ од авторката Хана Корнети

Промоцијата е в сабота точно напладне... Во сабота, 15 .03.2025 година на пладне, во фоајето од НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се случи промоција на книгата за деца „Илина и шумските тролови “, уникатна можност за пријатна дружба за книга со кафе , заедно со родителите и најмладата и најскапоцена читателска публика. Авторката Хана Корнети ќе биде гостинка   која ќе раскажува за малку повеќе за некои детали од авантурите на Илина и Папрат, придружена од промоторката Наташа Атанасова. „Процеп во процес“ 5 е посветен на „Илина и шумските тролови“ од современата писателка Хана Корнети, фантастичен роман за младата читателска публика. Но, тоа е книга која еднакво ги опфаќа и вклучува и возрасните кои не си ги ограничуваат фантазиите, соништата и авантуристичкиот дух. Фокусот на петтата по ред средба од промотивно-едукативниот циклус спонтано наречен „Илина и шумските тролови“ не е книга која им се чита на децата во рана возраст кога сакаме да ги заспиеме со некоја бајковита пр...

Водителот Давид Давидовски слави три години кариера

Давидовски даде екслузивна изјава за нашиот портал... Познатиот македонски водител и највлијателно модно лице во Македонија, Давид Давидовски деновиве слави три години од неговата кариера како радио водител, новинар и автор на повеќе емисии, кои за жал во најголем број се забранети за емитување. Давидовски за нашиот портал даде екслузивна изјава која што ви ја пренесуваме во целост. ,,Пред точно 3 години почнав да работам како радио водител на најслушаното национално радио во Македонија, Метрополис. Истата таа 2022 година прв во Македонија направив моќна, забавна, едукативна емисија, која стана за кратко време најпопуларна во државата ,,Ти реков ми рече”. После моето појавување поткрепено со голем образовен кредибилитет, се појавија неквалитени интернет поткасти и незабавни тв-емисии. Се чуствувам горд затоа што ја реинкранирав македонската естрада. Со тинејџерска луда амбиција, талент и храброст две години го забавував народот, ги донесов најголемите ѕвезди од естрадното небо! Кариера...

Театарската претстава „Ученикот“ во Народниот Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп

Претставата ќе се игра в сабота од 20:00 часот... Театарската претстава „Ученикот“ ќе се игра на 15.03.2025 година (сабота) од 20:00 часот на сцената од прилепскиот Нроден Театар „Војдан Чернодрински“. Режијата и драматургијата за претставата се на Кирил Петрески, сценографијата и плакатот се на Владо Ѓорески, костимографијата е на Александар Џинго, а музиката е на Серафим Черенит. Имено, во претставата улогите ги толкуваат актерите Зоран Иваноски, Марија Спиркоска-Илијеска, Александар Тодески, Иво Јездиќ, Лора Штарго, Наум Ѓорѓиески, Марија Талеска и Димитар Паскоски. Претставата „Ученикот“ нејзината премиера ја имаше во месец декември 2024 година, а истата се играше токму на сцената од прилескиот Народен Театар „Војдан Чернодрински“. Инаку, влезници за театарската претсава можат да се набават на телефонскиот број 076/442-378 #Култура

Театарската претстава „По име Господин“ во Народниот Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп

Претставата ќе се игра в петок од 20:00 часот... Театарската претстава „По име Господин“ од Филип Леле ќе се игра на 14.03.2025 година (петок) во 20:00 часот на сцената од Народниот Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп. Режијата за претставата е на Борис Василески, Лидија Митоска-Ѓорѓиевска е одговорна за драматургијата, сценографијата е на Ненад Тонкин, Марта Дојчиновска е одговорна за костимографијата, музиката за претставата „По име Господин“ е на Серафим Черенит, а дизјанот на светлото е на Бобан Смилкоски. Имено, во претставата улогите ги толкуваат актерите Даниела Иваноска, Димитар Ѓорѓиевски, Дарко Карбески, Михајло Миленкоскии Наталија Ристеска. Инаку, влезници за претставата можат да се набават на телефонскиот број 076/442-378 #Култура

Театарската претстава „Стапица за глувци“ во Народниот Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп

Претставата ќе се игра в четврток од 18:00 часот... Театарската претстава „Стапица за глувци“ од Агата Кристи ќе се игра на 13.03.2025 година (четврток) од 18:00 часот на сцената од прилепскиот Народен Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп. Режијата за претставата е на Борис Василески, преводот и драматургијата се на Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, Мартин Манев е одговорен за сценографијата и дизајнот на светлото, костимографијата е на Марта Дојчиновска, Томе Темелкоски е одговорен за музиката и дизајнот на плакат е на Илина Василеска. Имено, во претставата улогите ги толкуваат актерите Сара Спиркоска, Илија Волчески, Марија Спиркоска-Илијески, Дарко Карбески, Михајло Миленкоски, Александар Тодески, Даниела Иваноска и Димитар Ѓорѓиевски.  Инаку, влезниците за претставата можат да се набават на телефонскиот број 076/442-378 #Култура

Октет Прилеп со осмомартовски концерт во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Концертот ќе се одржи во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... По повод меѓународниот ден на жената осми март членовите од Октет Прилеп на 11.03.2025 година (понеделник) во фоајето до НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп со почеток од 18:00 часот ќе одржат концерт кои е посветен токму на денот на жената.  Осмомартовскиот концерт на Октетот Прилеп е веќе традиција затоа што неколку години наназад се одржува во чест на осми март. Имено, на програмата ќе се најдат извонредни староградски композиции кои се дел од богатиот низ годините репертоар на Октетот Прилеп како што се „Душо моја прости ми“ , „Марие дилбер бела Марие’’ , „Кате, Кате лично моме“ , „Дигни си Маре очите“ , „Никнало цевеќе шарено“ , „Добро утро Прилепе мој“ и други. Инаку, Октетот Прилеп повеќе од 30 години ја негува староградската музика и песна, а настапува на сите фестивали на староградска музика низ Македонија. Октетет Прилеп работи под покровителство на НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп, а и годинава неговата дејност е подд...

Почина Саша Поповиќ

Веста за неговата смрта ја потврдија од продукцијата „Гранд“... На 70 годишна возраст по тешката битка со најтешката болест почина основачот на продукцијата  „Гранд“, Алекснадар Саша Поповиќ, соопштија денеска од продукцијата „Гранд“. „Со голема тага ја известуваме јавноста, дека денеска после кратката но многу тешка болест, почина Саша Поповиќ, основач и уметнички директор на „Гранд“ продукцијата“ -велат во соопштението од продукцијата „Гранд’’. Имено, Поповиќ е роден на 24 април 1954 година во Нови Сад. Со неговата децениска работа беше визионер и голем професионалец. Поповиќ покрај музиката и телевизијата ги откри и ги поддржа музичките таленти на многу млади музичари, со тоа што тој обликува звук на една нова ера. Од продукцијата „Гранд“ додаваат дека информацијата за комеморацијата и неговиот погреб ќе биде одложно  објавена. Инаку, вечерва поради смртта на Поповиќ не беше емитувана првата епизода од третиот круг од балканското музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ к...