Пређи на главни садржај

Постови

Приказују се постови за јул, 2026

На фреквенција со љубовта под ѕвездите: Голем рок концерт на АРЕА овој петок во Античкиот театар – Охрид

Легендарниот македонски рок-бенд на 31 јули ќе приреди незаборавна музичка вечер во рамките на S.O.S. Festival 2026, со најголемите хитови и уникатната атмосфера на Античкиот театар... Една од најзначајните македонски рок-групи, АРЕА, на 31 јули (петок) ќе одржи голем солистички концерт на сцената на Античкиот театар во Охрид, во рамките на годинешното издание на S.O.S. Festival 2026. Под отворено небо и во магичниот амбиент на еден од најубавите концертни простори во земјата, Ружица, Ивица и останатите членови на бендот ќе приредат вечер исполнета со емоции, рок-енергија и безвременски хитови. Публиката ќе има можност во живо да ужива во песните што ја одбележаа нивната повеќедецениска кариера, меѓу кои се „Сите мои слики“, „Пријател“, „Одведи ме“, „Биди мој“, како и многу други композиции што оставија силен белег на македонската музичка сцена. Препознатливиот моќен вокал на Ружица, виртуозните гитарски делници на Ивица, цврстата ритам- секција, богатата синти-подлога и придружниот во...

Даниел Николовски ќе го трансформира Ритко во вистински џентлмен преку низа животни предизвици - Почнува шоуто „Upgrade You“

Ново македонско шоу кое ќе ги мотивира младите, со Даниел Николовски и Ридван Мемедов... „Upgrade You“ е едукативно-забавен јутјуб серијал во кој нашиот реномиран шминкер и фризер Даниел Николовски, како ментор, го води јутрјуберот Ридван Мемедов - Ритко, низ различни предизвици со цел да излезе од својата комфор зона и да „работи“ на себе. Во секоја епизода Даниел му дава на Ритко нова мисија - посета на психолог, фитнес, бонтон, учење англиски јазик, читање книги, комуникација со луѓе, работа на својата лична култура, како и културно образование. Сите овие предизвици ќе бидат прикажани низ хумор, интересни ситуации, но ќе ги покажат и реалните реакции на Ритко и луѓето со кои ќе комуницира низ следните неколку месеци, а сето тоа поддржано од една силна едукативна порака. На крајот од секоја епизода јутјуберот ќе добива поени преку таканаречениот Upgrade Meter, а тие ќе се собираат низ целата сезона, секако, доколку тој успешно ги комплетира сите поставени задачи и предизвици. Финални...

Од „Добро утро прилепе мој“ до „Стариот фенер“ на вечерта на староградска музика „Звуците на градот“ во Прилеп (фото+видео)

  Во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп вечер на староградска музика „Звуците на градот“...             Синоќа вечерта на староградска музика „Звуците на градот“, а која е во организација на Центарот за култура „Марко Цепенков“-Прилеп и која се одржа во големата сала од културната институција приреди уживање за сите љубители на староградската музика. Вечерта започна од 19:00 часот, а истата беше поделена во два муички блока.            На оваа препознатлива староградска вечер за Прилеп со избор на староградски музички репертоар се претставија: Пејачката група „Орхидеја“-Прилеп, КУД „Преродба 24“ Прилеп, КУД „Пензионер“ Прилеп, Октетот „Прилеп“ , КУД „Пере Тошев“ и музичките гости од Крушево, а тоа се КУД „Пензионер“ Крушево.            На оваа вечер на староградска музика „Звуците на градот“ во Прилеп покрај добропознати староградски рефрени во кои се опишува Прилеп, учесниците приредија музички ...

The Doctors со настап на „Од 0 до Култура“ во Прилеп (фото+видео)

  The Doctors со tribute на Michael Jackson во Прилеп... Синоќа на Камената бина на плоштадот „Александрија“ во центарот на Прилеп, музичарите од музичката група The Doctors одржаа навистина убав музички настап. Овој настап на The Doctors беше дел од циклусот манифестации „Од 0 до Култура“, музички настапи на музички групи кои се одржуваат еднаш неделно-во четврток навечер. Младите момци од The Doctors пред прилепчани се претставија со песни од светската музичка ѕвезда Michael Jacskon. Зошто беше тоа така? Тоа беше така зашто токму tribute беше ставено на оваа музичка ѕвезда. Имено, The Doctors покрај музичкиот бум на сцената приредија и изненадувања со тоа што на сцената заедно со нив настапија млади музичари од градот на Тоше Проески, Крушево, но настапи и едно навистина музички талентирано дете Михаил, кои заедно со вокалот на The Doctors , музичарот Сергеј Попоски изведоа песни од музичката ѕвезда Amy Winehouse. Покрај хитовите на Michael Jackson и светски музички хитови...

Љубов, ново семејство и концерт од соништата: Тајзи ја најавува најголемата вечер во својата кариера

  Тајзи со концерт на 27 декември во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје...      Има години што засекогаш остануваат запишани во животот на еден човек. За Тајзи оваа 2026 е токму таква година - година во која се испреплетија најголемата лична среќа и најголемиот професионален предизвик. Откако ја круниса љубовта со својата избраничка Ангела и започна ново животно поглавје, а наскоро ќе стане и татко, македонскиот музичар сега го остварува и својот долгогодишен сон - најголемиот самостоен концерт во својата кариера. На 27 декември , во СЦ „Јане Сандански" во Скопје, ќе се одржи концертот насловен „ Тајзи и пријателите" , со кој ќе одбележи 18 години активна музичка кариера. Вечерта ќе ги обедини неговите најголеми хитови, бројни музички пријатели и специјални гости, но , пред сè , публиката која сите овие години беше дел од неговото музичко патување. Ќе биде тоа концерт исполнет со емоции, енергија и моменти што долго ќе се паметат. Во текот на измина...

Музички проект со регионални амбиции: Тамара Волческа и Јасмин Алиевски го претставија „Балкански регетон"

Тамара Волческа и  Јасмин Алиевски со нов музички хит насловен „Балкански регион“... Летото секогаш носи нови хитови, но само мал број песни уште од првото слушање успеваат да создадат чувство дека ќе се пеат долго. Токму со таква амбиција пред публиката пристигнува „Балкански регетон" – новиот дует на Тамара Волческа и Јасмин Алиевски, кој спојува современ звук, заразен регетон ритам и летна љубовна приказна сместена во медитерански амбиент. Со модерна продукција, впечатлив рефрен и видеоспот снимен на атрактивни локации во Грција, ова не е само уште едно музичко издание, туку проект што има јасна идеја, а тоа е да ја пренесе летната еуфорија и позитивната енергија до публиката низ целиот Балкан. Песната премиерно е објавена на официјалниот YouTube канал на Grand продукција, а зад проектот стои силен авторски тим. Текстот е дело на Тамара Волческа, аранжманот го потпишува Јасмин Алиевски, музиката е на Ерик Фокс, додека за микс и мастеринг се погрижи Андреј Ник, кој му го даде пр...

Охрид го очекува концертот за кој веќе се зборува

Александра Радовиќ лично ја повика публиката: „Дојдете, ќе ни биде прекрасно!"... По концертот во Скопје кој се памети по преполната Филхармонија и атмосферата во која секоја песна се пееше во еден глас, Александра Радовиќ на 30 јули доаѓа во Охрид, подготвена да приреди уште една незаборавна музичка вечер. Една од најголемите регионални поп ѕвезди преку видео порака лично ја покани македонската публика да биде дел од концертот на Античкиот театар. „ Драги луѓе ве чекам на 30 јули во Охрид , на мојот голем концерт . Дојдете ќе ни биде одлично!" - вели Радовиќ. Нејзините концерти одамна не се само музички настапи. Тие се вечери во кои емоциите се чувствуваат во секој стих, моменти кога илјадници луѓе пеат како едно, а песните добиваат сосема нов живот. Токму затоа интересот за охридскиот концерт постојано расте, а организаторите Евентум продукција очекуваат уште една вечер за паметење. Во магичниот амбиент на Античкиот театар ќе одекнат безвременските хитови „Чувам те...

Рита Ора со порака до македонската публика: „Превозбудена сум за концертот во Охрид и се радувам што сум толку блиску до дома. На концертот ќе биде моето семејство и пријателите."

Светската музичка ѕвезда Рита Ора испрати специјална видео порака до македонската публика во пресрет на нејзиниот голем концерт, кој ќе се одржи на 1 август на стадионот „Билјанини извори" во Охрид... Светската музичка ѕвезда Рита Ора испрати специјална видео порака до македонската публика во пресрет на нејзиниот голем концерт, кој ќе се одржи на 1 август на стадионот „Билјанини извори" во Охрид. Во своето обраќање, Рита не ја крие возбудата што доаѓа во Македонија и порача: „Превозбудена сум за концертот во Охрид и се радувам што сум толку блиску до дома. На концертот ќе биде моето семејство и пријателите." ЛИНК ОД ВИДЕОТО: https://www.instagram.com/reel/Da41aC9I_TV/?igsh=MWU1amc4aGs1NzVhbw== Концертот во Охрид ќе биде еден од најголемите музички спектакли ова лето, а публиката ќе има можност во живо да ги слушне најголемите хитови на една од најуспешните светски поп-ѕвезди. Концертот ќе понуди современа продукција, спектакуларни визуелни ефекти, врвна сценографија и шо...

Ситно до спектаклот на летото: Останаа последните влезници за Џала Брат и Буба Корели во Охрид

Џала Брат и Буба Корели во Охрид... Уште неколку дена нѐ делат од еден од најголемите музички спектакли ова лето. На 31 јули, „Егоист Бич Бар" во Охрид ќе биде домаќин на Џала Брат и Буба Корели , а интересот за концертот е толку голем што во продажба останаа само последните влезници. Публиката ја очекува повеќе од три часа аудиовизуелно шоу, со врвна продукција, спектакуларни сценски ефекти и репертоар составен од најголемите хитови на дуото, но и песните од актуелниот албум GODZILLA , кои веќе ги освојуваат музичките топ-листи и стриминг платформите низ регионот. По двете распродадени а рени во Скопје, GOAT TOUR пристигнува и во Охрид, носејќи продукција и сценско доживување какво ретко се гледа на домашната концертна сцена. Организаторите најавуваат вечер исполнета со моќен звук, светлосни ефекти и атмосфера во која илјадници фанови ќе ги пеат во еден глас најголемите хитови на Џала и Буба. GOAT TOUR е во организација на Music Week, платформата која стои зад најголемите музичк...

„Звуците на градот“-вечер на староградска музика во Прилеп

Вечерта на староградска музика ќе се одржи во големата сала при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... „Звуците на градот“ - вечер на староградска музика ќе се одржи на 24 јули 2026 (петок) од 19:00 часот во големата сала од НУЦК „Марко Цепенков“. Уште една убава вечер на староградска музика што ја организира НУЦК „Марко Цепенков“ и која повеќе години предизвикува интерес кај граѓаните. На Вечерта ќе се претстават групи кои ја негуваат староградската музика. Своите достигнувања преку песната ќе ги пренесат пејачката група „Орхидеја“, КУД „Преродба -24“, Здружението на пензионаери - Крушево, Октет Прилеп, КУД„Пензионер“ и КУД „Пере Тошев“. #Култура

Прилеп добива нов фолклорен фестивал „Итар Пејо“

Нов меѓународен фолклорен фестивал „Итар Пејо“ во Прилеп... Градот кој е познат по Марковите кули, а кои впрочем претставуваат еден вид на вулкански карпи-Прилеп, летово добива нов фолклорен фестивал. Фестивалот е од меѓународен карактер, а истиотимето го добива од најпозатиот прилепски шегаџија, мариовецот Итар Пејо. Фестивалот во Прилеп ќе трае два дена со тоа што фестивалот е настан кои преку фолклорот, музиката и културната размена ги поврзува традицијата и современиот дух. Во текот на двата фестивалски денови, а тоа се 14 и 15 август 2026 година (петок и сабота) посетителите и љубителите на фолклорот ќе имаат можност да го проследат големото свечено дефиле , фестивалските концерти, креативните работилници , детските активности и културните содржини во Прилеп. Фестивалот ќе се одвива во централното градско подрачје, но и на уште една локација која дополнително ќе биде објавена известуваат организаторите. На фестивалот ќе има културни ансамбли и гости од Македонија и од странс...

ЈУЛИЈА МАЦИЕВА ЗА ПРВПАТ ПО СЕМЕЈНАТА ТРАГЕДИЈА ВО „ICON SHOW“ КАЈ ДАВИД ДАВИДОВСКИ: ИСКРЕНА ИСПОВЕД КОЈА ЌЕ ВЕ ДОПРЕ

По долг период молк, Јулија Мациева за првпат јавно проговори за најтешката животна болка – загубата на својата ќерка... Во разговорот со Давид Давидовски, таа отворено зборува за деновите исполнети со неизмерна тага, за предизвиците низ кои поминало нејзиното семејство, но и за силата што ја пронашла во верата. Во емисијата ги споделува и своите ставови за лекувањето на нејзината ќерка и за настаните што, според неа, довеле до трагичниот исход. Ова е емисија исполнета со искрени емоции, болни спомени и силна животна порака која никого нема да остави рамнодушен. Целата епизода погледнете ја во продолжение. #Естрада

Лозано, Тони Зен и 2Бона ќе настапат на „С.О.С. Фестивал“ во Битола

Фестивалот е на 8 август (сабота) на Ракометното игралиште во Битола... Најголемиот музички фестивал што ќе се одржи под отворено небо ова лето на 8-ми август на Ракометното игралиште во Битола , ќе биде С.О.С. фестивал. Замислен како музички настан со префинето селектирана концертна програма од врвни македонски музички артисти, тој е и своевиден повик на музичка борба против увезениот турбофолк, шундот и кичот. Токму затоа учесниците на С.О.С. фестивал се жанровски различни, но врвни македонски музички ѕвезди кои припаѓаат на самиот крем на домашната естрада. Така, таа вечер на отворената сцена под ѕвездите ќе блескаат предводниците на новата урбана генерација – 2БОНА , кои со години го држат врвот на македонската трап сцена. Покрај нив познатиот хип-хоп артист, рапер и продуцент Тони Зен, придружуван од својот бенд во живо ќе ги изведе своите најголеми хитови од неговата „стиховна агенда“ која урбаниот скопски рапер ќе ја донесе во свој стил на сцената на Ракометното во Битола. Се...

„Повик“ – независна театарска претстава за уметноста, идентитетот и слободата

Претставата ќе биде изведена на 9 и 10 јули на сцена 105 во НУ Центар за култура – Битола, а влезот за публиката е слободен... На 9 и 10 јули 2026 година (четврток и петок), со почеток во 20:00 часот, на сцена 105 во НУ Центар за култура – Битола ќе биде изведена претставата „Повик“. Автор и режисер е Јован Ристовски , а костимограф Марта Дојчиновска . Во претставата настапуваат: Марија Стефановска – Сликарка Катерина Аневска – Актерка Николе Стефанов – Режисер Маја Андоновска Илијевски – Кустос Наталија Ристеска – Сенка на Сликарката Марија Талеска – Бабар / Мечкар – Сенка на Сликарката „Повик“ е приказна за современиот уметник, раскажана низ судбината на една млада сликарка која се обидува да ја пронајде вистината во свет во кој уметноста сè почесто станува производ, нарачка и кич. Претставата отвора прашања за изгубениот идентитет, судирот меѓу личниот интегритет и очекувањата на општеството, како и конфликтот помеѓу слободното творештво и системите што настојуваат да г...

Македонскиот композитор и продуцент Darkoff во полуфиналето за престижната регионална награда „Милан Младеновиќ“ со „Чекор“

Darkoff во трка за престижната награда „Милан Младеновиќ“... Македонската електронска музичка сцена доби уште едно значајно регионално признание. Композицијата „Чекор“ на македонскиот композитор и музички продуцент Darkoff се најде меѓу 47-те избрани песни кои продолжуваат во трката за престижната регионална Награда „Милан Младеновиќ“ 2026, што се доделува за најдобра авторска песна создадена на просторот на поранешна Југославија.   На овогодинешниот конкурс пристигнале 173 валидни пријави, а петчленото регионално жири во првиот круг издвоило само 47 композиции кои ќе конкурираат за влез во финалето. Меѓу нив се најде и „Чекор“, со што Darkoff се вброи меѓу најинтересните современи музички автори од регионот.  „Чекор“ е песна која веднаш по објавувањето привлече внимание кај љубителите на современиот електронски звук, но и на домашните радиостаници. Композицијата доби значителна поддршка во етерот, особено на Urban FM, каде што беше забележана како едно од највпечатливите...

Блаже и Стевче ќе ве освежат со летен музички „Коктел“ – пристигна „Помисли на мене“

Македонското поп дуо „Коктел“ ја претставува својата трета песна по повторното обединување – летна реге-поп нумера со ретро звук, балкански шмек и силна љубовна порака... По неполни четири месеци од нивната претходна песна, нововозобновеното македонско поп дуо „Коктел“ има ново музичко парче во својата понуда. Овој пат, во духот на своето име, Блаже Темелков и Стевче Грозданов ќе ве освежат со летен музички „Коктел“, исполнет со копнеж за љубов. „Помисли на мене“ е насловот на новата песна, која во многу нешта потсетува на ретро звукот од 80-тите и 90-тите години – период кога и домашната и светската музика ги создадоа своите најголеми хитови, кои со текот на времето останаа безвременски. Така звучи и новата, трета по ред песна од обновената фаза на дуото „Коктел“, создадена во реге-поп манир и зачинета со балкански шмек, што ѝ дава дополнителна привлечност не само за љубителите на старите добри времиња, туку и за помладата генерација, на која балканската музичка школа ѝ е стил на живо...

Дарко Гроздановски и Игор Џамбазов, малку порано од најавеното – „Понеделнички“

По три години пауза, Дарко Гроздановски се враќа со нов авторски сингл, создаден во соработка со легендарниот Игор Џамбазов и тим од врвни македонски уметници... Дарко Гроздановски и Игор Џамбазов – спој на младоста и искуството, а како заедничка особина и на двајцата, како и на целиот тим вклучен во овој проект, се енергијата, трудот и искрената желба да се создаде не само песна со видеоспот, туку вистинско парче уметност. Главниот „виновник“ за спојот на оваа група уметници е продукцијата „Fresh Union“, зад која стои Васко Павлевски, кој безрезервно се вложи тимот да биде составен од најдобрите од најдобрите. За аудиото е заслужен Мите Димовски, зад камерата стои Огнен Шапковски, а во улогата на шанкерката, во која се вљубува главниот лик – Дарко Гроздановски, се појавува преубавата и добро позната Моника Црнокрак. И секако… легендарниот Игор Џамбазов – таткото на шанкерката и газдата на локалот во маестралното сценарио на Шапковски, каде што главниот заплет е конфликтот помеѓу Игор ...