Пређи на главни садржај

Македонскиот министер за естрада стана премиер за риболов: Kрапот ми е најомилен

Борче Наумовски покарј музиката ужива во риболовот....

Познатиот македонски фолк пејач Борче Наумовски, кај публиката омилен како „Министерот за естрада“, одамна ја има докажано својата страст кон музиката. Со бројните хитови полни емоција и веселба, тој ја разигрува македонската публика на секој настап. Но, малкумина знаат дека надвор од сцената, Борче има уште една голема љубов – риболовот.
„Музиката ми е живот, но риболовот е мојот мир. Таму се исклучувам од секојдневниот хаос и си ги полнам батериите“-вели Наумовски, со насмевка која открива колку му значи оваа страст.
Кога не е на бина и не пее пред публика, Борче најчесто може да се најде крај езерата во Егејска Македонија. Неговите омилени точки за риболов се Леринско, Костурско и езерата околу Солун, кои се познати по своите бистри и благи води.
„Таму најлесно го наоѓам својот мир. Сме постојано изложени на гласна музика и настапи, па токму езерата ми даваат рамнотежа“-открива тој.
Иако лови и други слатководни риби – пастрмка, клен, црвеноперка – за Наумовски постои еден вистински фаворит: крапот.
„Експерт сум за крап! Ги знам сите финти, сите тајни. Секогаш е предизвик и секогаш носи радост“-вели тој. Неодамна, се врати од риболов со вистински богат улов – десетици килограми крап, со што уште еднаш ја потврди својата умешност и трпение. Патот до грчките езера, сепак, не секогаш бил лесен.
„До пред неколку години имавме проблеми на граница – Грците кога ќе ги видоа трските и мамците, веднаш не враќаа назад. Но ние бевме упорни, не се откажувавме. Со тек на време почнаа да нè пуштаат, и сега сме редовни гости“- раскажува Борче.
Најубавиот дел од целата авантура, вели Наумовски, доаѓа по завршувањето на риболовот.
„Кога ќе се собереме сите и ќе ја ставиме свежата риба на скара, тоа е вистинско уживање. Таму се раѓаат најубавите разговори, смеа и пријателства. Сите сме среќни и едвај чекаме да го вкусиме уловот“-со насмевка додава пејачот.
Иако пред микрофонот останува „министер за естрада“, пријателите шеговито велат дека на езерата е „премиер за крап“. А можеби токму таа двојна титула најдобро го опишува човекот кој знае да живее со страст – со музика на сцената и со мир крај водата.

#Eстрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...