Пређи на главни садржај

Lockdown со прекрасен музички настап во клубот „Калинка“ во Прилеп

На музичката група Lockdown клубот „Калинка“ им е „матична куќа“...

Со македонски и српски екс-ју музички нумери прилепоската музичка група Lockdown синоќа ја загреваше атмосферата во клубот „Калинка“ кои се наоѓа во срцето на Прилеп т.е во старата прилепска чаршија.

Групата е формирана во 2022 година, а во неа членуваат Михал Грашкоски (тапани), Димитар Јованоски (клавијатури), Кирил Младеноски (гитара) и Нена Тодороска (вокал).

Имено, Михаил Грашкоски и Димитар Јовсноски велат дека се чувствуваат феноменално и дека со нетрпение очекуваа да започнат со настапот.

„Се чувствуваме феноменално и со нетрпение очекуваме да започнеме, а трема немаме“-велат Грашкоски и Јованоски.

Грашкоски зборуваше и за формирањето на групата, а истата е формирана спонатно. Направени биле неколку прооби и со нив се докажало дека тие може да започнат со работа.

„Идејата за формирањето дојде спонатно. Ние сме сите другари од градинка и едноставно најпрво за занимација затоа што сите сме со музичко образование. Направивме неколку проби и видовме дека нештото може да успее и да се развиваме понатаму и така започнавме со работа“-вели Грашкоски.

Имено, Грашкоски додава дека покрај нивната локална работа веќе се прошируваат на регионално и национално ниво, а тој исто така откри дека за неколку месеци од сега ќе ја издадат нивната авторска песна и дека ќе имаат солистички концерт меѓутоа, датумот и локацијата за истиот според Грашкоски ќе бидат објавени понатаму.

„Скоро цело лето имаме настапи низ Охрид така да полека се прошируваме и надвор од Прилеп. Солистички концерт ќе имаме за многу кратко време. Нашиот концерт ќе биде во Прилеп, за локацијата немаме сеуште информации така да публиката за се што е поврзано со концертот ќе биде благовремено известна. За нешто авторско публиката ќе очекува за неколку месеци од сега.“-вели Грашкоски.

Инаку, на синоќеѓниот настап на Lockdown во Прилеп имаше доста голем број на љубители на музиката која тие ја промовираат, а тоа е екс-ју рок и поп музички хитови.

Ние на Lockdown им посакуваме многу среќа и успеси, бидејќи навистина е прекрасно да се ужива во нивно друштво и во нивната музика.

 

#Магазин

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...