Пређи на главни садржај

Вечер на унгарски танци и песни во Прилеп

Концертот ќе се одржи на платото пред НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

На 8 август 2025 (петок) од 19:30 часот, на платото пред ЦК „Марко Цепенков“  ќе се одржи Вечер на унгарски танци и песни, на која ќе настапат фолклорниот ансамбл Ризгетош и оркестарот Фокош. Концертот, кој е повеќегодишна традиција,  е дел од пограмата на Центарот, од меѓународна соработка, а се реализира заедно со Здружението на Унгарците Теледом- Македонија, Амбсадата на Унгарија во земјава и Министеството за надворешни работи на Унгарија.

 Народниот оркестар од Kishegyes - Rizgetős основан е пред 30 години. Членовите на друштвото се млади, заинтересирани за зачувување на унгарските народни обичаи, култура и народни танци.  Во изминатите 30 години со Друштвото работеле најголемите познавачи од Унгарија, благодарејќи на што Друштвото е во постојан развој. Покрај автентичните народни танци, се занимава и со танцовен театаr. Големо внимание посветуваат на постојан развој и зачленување на нови млaди членови. И сега е во тек вклучувањето на една млада, нова генерзција во Друштвото. Секоја година учествуваат на познатиот војводински фестивал за народни танци Gyöngyösbokrа, и по мислењата на стручната фела со години наназад се сметаат за едни од најистакнатите унгарски народни ансамбли од  Војводина. Од 2005та година редовно учествуваат на најелитните натпревари за народни ансамбли во Унгарија каде во 2007,  2009, односно 2011та се оценети со оценка за највисок квалитет . Во 2012та се добитници на плакетата Mартин.  Главните кореографи на ансамблот се Паќерек Чаба (Patyerek Csaba) и Јовановиќ Паќерек Река (Jovánovity Patyerek Réka).Народниот оркестар Фокош (Fokos) е формиран во 2010-та во Бечеј- Бојводина.

Во 2012-та година на фестивалот за млади талени “Fölszállott a páva” организиран од Унгарската национална телевизија – “DunaTV” Телевизија стасаа до полуфиналето, благодарејќи на што од градот Бечеј се одликувани за ширење на добриот глас за градот.   На овој натпревар ја освоиле и посебната награда за најавтентичеn оркестар, за што добиле 50 часовно наградно студиско снимање во Будимпешта со снимање авторско ЦД. По ова имаат објавено уште 5 ЦД носачи.  Во 2018та година оркестарот повторно учествувал на фестивалот “Fölszállott a páva” и тогаш победил во својата категорија. Досега покрај во Војводина и во  Унгарија имат дадено концерти и во Македонија (2020 година настапуваа и пред прилепска публика), но и во Австрија, Чешка, Германија, Финска, Белгија Холандија и Велика Британија. Во 2018-та и 2019- та гостувале и во САД.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...