Пређи на главни садржај

Филм, музика и многу забава на манифестацијата 200 години прилепска градска саат кула

Изманиатиов викенд се одржа вториот дел од манифеастацијата...

Викендов на платото под градската саат кула во Прилеп се одржа вториот дел од манифестацијата 200 години прилепска градска саат кула.

Филм, музика и забава за сите возрасти понуди манифестацијата 200 години прилепска градска саат кула, а организатори на оваа доста интересна и добра манифестација се од Јавен простор Прилеп.

Изминатиов викенд за добрата музика и забава за посетителите беа задолжени од музичката група The Doctors од каде велат дека им е особена чест и задоволство да учествуваат на манифестацијата.

Филип Сотиров, член на групата The Doctors вели дека како група се чувствуваат возбудено, се заблагодарија на поканата, а според Сотиров репертоарот за изведба е интересен.

„Се чувствуваме доста спремно и сме навистина возбудени за овој настап вечерва и се заблагодаруваме пред се’ на поканата. Репертоарот за вечерва е доста интересен и ќе ги забавува и старата и новата генерација на посетители. Сакаме да приредиме добра забава во која сите ќе уживаат  и се разбира да имаат убаво расположение“-вели Сотиров.

Имено, настапот на The Doctors на платото пред градскиот саат на манифестацијата 200 години прилепска градска саат кула навистина беше прекрасен и сите посетители уживаа во истиот. The Doctors на настапот генерално пред публиката се претсатви со едни од најголемите и најпознати хитови на групите Нокаут, Сашо Гигов-Гиш и Архангел од македонски и Red hot chill peppers, Nirvana, Sting, The Beatles и Bruno Mars oд странскити но сепак големи светски музички ѕвезди.

Групата The Doctors е во состав на Марко Стојаноски (гитара),  Ѓорги Петкоски (бас гитара), Вилијам Спиркоски (тапани), Филип Сотиров (гитара) и Сергеј Попоски (вокал), меѓутоа на настапот имаа музилки гости, а тоа беа Ивана Стојкоска (гитара) и Марија Наумоска (вокал) кои навистина беа одлилни за време на три часовниот музички настап на The Doctors.

Инаку, во недела на 31 Август 2025 година продолжува т.е ќе се одржи третиот дел од манифестацијата посеветена на 200 години од изградбата на прилепската градска саат кула која до ден денес е симбол на градот под Марковите кулу Прилеп и е гордост на секој прилепчанец.


#Магазин

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...