Пређи на главни садржај

Урбано Лето 2025 – Кривогаштани добива свој културен живот!

Два дена Урбано Лето 2025 во Кривогаштани...

Кривогаштани е мало место со големо срце, а ова лето се претвора во точка на младинска енергија и забава. Благодарение на младите членови на Здружението на млади „Урбано Гнездо“, за првпат ќе се одржи „Урбано Лето“ – манифестација која ја спојува урбаната култура со руралниот дух.

„Нашата цел беше да покажеме дека и малите места можат да создадат големи моменти, оваа манифестација од два дена (17.8 и 27.8) претставува ренесанса на културниот живот во Кривогаштани“- велат организаторите.

 „Кривогаштани има потенцијал да биде културна точка, а Урбано Лето е само почеток.“

 

Манифестацијата ќе започне на 17 Август со Филмска ноќ во дворот Младинскиот центар – Кривогаштани:

●       20:00 – Проекција под отворено небо на култниот филм „500 Days of Summer“;

●       21:30 – Опуштена забава со локален DJ, која ќе ја задржи атмосферата под ѕвездите до доцна во ноќта.




Вечер исполнета со музика, филм и летна енергија ќе го означи почетокот на манифестацијата.
Организаторите велат дека нивната цел е да создадат простор каде младите од руралните средини ќе можат да ја изразат својата креативност, да го збогатат културниот живот и да привлечат посетители од целата Пелагонија.

Вториот ден е закажан за 27 Август, кога публиката ќе ужива во настапи на популарни македонски артисти. Најавена е скромна, но одлична програма, уметнички перформанси и активности кои ќе ја заокружат летната сезона со незаборавна атмосфера.

Со поддршка од локалната заедница и ентузијазмот на младите, „Урбано Лето“ има потенцијал да прерасне во традиционален настан кој секоја година ќе го збогатува културниот живот во регионот.



#Магазин

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...