Пређи на главни садржај

Андријана Јаневска ѝ даде нова душа на „Каде сте Македончиња"

„Каде сте Македонончиња“ во изведба на Андријана Јаневска е дел од прокетот Македонијо во срце те носиме“...

Проектот „Македонијо, во срце те носиме" продолжува со силен патриотски порив да ги буди сеќавањата, љубовта и достоинството на македонскиот народ – овој пат преку изведбата на Андријана Јаневска на песната „Каде сте Македончиња", композиција која одамна не е само музика, туку симбол на болка, надеж и национална свест.

Создадена од Бранко Ѓорѓиевски, оваа песна ја понесе титулата „химна на децата-бегалци", посветена на македонските деца кои беа протерани од своите домови за време на воените судири во Егејска Македонија. Силата на нејзината порака е безвременска – повик кон правдата, меморија за изгубеното детство и копнеж по родната грутка.

Првпат е изведена во 1987 година, на сцената на Фолк Фест Валандово, од страна на Александар Сарев, чие интерпретативно мајсторство го остави отпечатокот на оваа композиција во срцата на илјадници. Авторот во една прилика рекол дека Сарев бил совршениот избор – емотивен, народен, автентичен.

Во новото аранжманско руво, со допирот на маестро Николче Мицевски, песната добива нова димензија, но ја задржува својата емоционална длабочина и историска тежина.

„Македонијо во срце те носиме" проект работен под уметничката закрила на Скендеровски продукција, е повеќе од музички циклус – тој е културна мисија, патриотски повик и жива врска со корените. Со длабока почит кон нашето музичко наследство, досега беа преработени безвременските песни: „Не кажувај либе добра ноќ" (Огнен Здравковски), „Како пиреј" (Ламбе Алабаковски), „Се собрале комитите" (Миле Кузмановски), „Како што е таа чаша" (Спасен Силјаноски) „Ја излези стара мајко"(Марија Спасовска), „По друм одам мајче" (Мина Блажев), „Горда Македонка" (Зуица Лазова), „Запејте сите ангели" (Бојана Скендеровски), „Нека живеј Македонија (Сузана Спасовска) и „Мајко силна" (Александар Тарабунов).

Со секоја нота, проектот „Македонијо, во срце те носиме" го слави македонскиот идентитет, го брани македонскиот глас и ја пренесува љубовта кон татковината. Во време кога светот се менува, музиката останува сведоштво и светилник на нашата историја, култура и непокор, затоа да ја обоиме Македонија во најубавите бои и заедно да уживаме во „Каде сте Македончиња" и гласот на Андријана Јаневска!

#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...