Во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп отворена изложбата „Уметничкиот сон“ од уметникот Методи Исков

 Изложбата е отворена во ликовната галерија од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

Синоќа во Ликовна Галерија од ЦК"Марко Цепенков" во Прилеп  беше отворена изложбата „Уметничкиот сон“, од Методи Исков. 

Изложбата поддржана од Министерството за култура и туризам, е посветена на истражувањето на сонот како симбол, инспирација и креативен импулс во уметноста. 
На изложбата се претставени дела од различни жанрови и техники: сликарство, графика, цртеж, скулптура, како и современи визуелни изрази.
Отворајќи ја изложбата, м-р Каролина Мицевска, посочи дека проектот ја нагласува важноста на општеството во  мисијата за поддршка и афирмација на уметноста. 

„Уметничкиот сон“, е концептуален проект што ја поканува публиката  да влезе во светот на имагинацијата, да ги истражи сопствените соништа и преку делата да открие нови можности за разбирање на уметноста како универзален јазик што нè поврзува“- рече Мицевска.

Уметникот Методи Исков,претседател на ДЛУП, има реализирано самостојни и групни изложби и изработено повеќе мурали.


#Култура

Коментари