Пређи на главни садржај

„Македонијо, во срце те носиме" со нова емотивна изведба на Наум Петрески: „Ако умрам ил загинам" песна за татковината, спомените и вечното пријателство

Песната е дел од прокетот „Македонијо во срце те носиме“...



Проектот „Македонијо, во срце те носиме" продолжува со нова, длабоко емотивна објава што ја носи моќната изведба на Наум Петрески на песната „Ако умрам ил загинам". Овој пат проектот не говори само за татковината, туку и за пријателството – искрено, топло и трајно, преку видео кое на трогателен начин го прикажува пријателството меѓу Наум и Андреј од ДНК, кој трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката во Кочани. Видеото содржи фотографии од дружбите на двајцата уметници и е посветено токму на споменот за Андреј – како музичар, пријател и човек.

Песната, во својата нова аранжманска визија потпишана од маестро Николче Мицевски, го задржува духот на оригиналната верзија на Јонче Христовски, кој е и комплетен автор на композицијата, но го пренесува со интензитет што се чувствува до најситните пори. Наум Петрески, со својот препознатлив глас, ѝ дава нов живот – како молитва за земјата, но и како проштална порака до сакан пријател.

„...Немој да ме жалите, напијте се рујно вино..." – стиховите одекнуваат не само како патриотска порака, туку и како човечка желба за достоинствен спомен, за живот што се слави, а не се оплакува.

„Македонијо во срце те носиме", проект работен под капата на Скендеровски продукција, е повеќе од само убава музика – тој е културна мисија, која преку нови изведби на легендарни македонски песни го слави националниот идентитет и ја негува меморијата на генерациите. Публиката досега имаше можност да ги чуе: „Не кажувај либе добра ноќ" (Огнен Здравковски), „Како пиреј" (Ламбе Алабаковски), „Се собрале комитите" (Миле Кузмановски), „Како што е таа чаша" (Спасен Силјаноски) „Ја излези стара мајко"(Марија Спасовска), „По друм одам мајче" (Мина Блажев), „Горда Македонка" (Зуица Лазова), „Запејте сите ангели" (Бојана Скендеровски), „Нека живеј Македонија (Сузана Спасовска) „Мајко силна" (Александар Тарабунов) и „Каде сте Македончиња (Андријана Јаневска).

„Македонијо, во срце те носиме" продолжува во истиот ритам и со истата мисија – да ја обоиме Македонија со најубавите звуци, а со оваа изведба не само што нè потсетува кои сме, туку и кого сме изгубиле и како тие што ги нема живеат низ нас, низ песна, спомен и љубов.

Уживајте во „Ако умрам ил загинам" и гласот на неповторливиот Наум Петрески.

#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...