Пређи на главни садржај

„Роде мој" – ново музичко парче кое обединува и силно одекнува во срцето на секој Македонец

Караванот „Македонијо во срце те носиме“ стартува од Охрид...


Овде душата секогаш бара душа, овде љубовта своја песна си слуша, овде родот мој секому даде рака, ајде роде мој почни сам да се сакаш!... - дел од стиховите од новото патриотско музичко парче со наслов „Роде мој" кое ги обедини сите учесници во проектот „Македонијо во срце те носиме" и кое силно одекнува во срцето на секој Македонец како порака, потсетник и повик. „Роде мој" е со потписот на маестро Николче Мицевски како автор на музиката и аранжманот и Борче Нечовски, чиј е текстот.


По премиерата на новата заедничка песна „Роде мој", која ги обедини сите учесници во проектот, следува нова страница во оваа музичка приказна полна со љубов, гордост и патриотизам. Следува ново музичко поглавје зашто целиот тим, предводен од Скендеровски продукција, со несебична посветеност и визија, продолжува со својата мисија – да ја обоиме Македонија со најубавите звуци, со песни кои не само што нѐ потсетуваат од каде доаѓаме, туку и нè обединуваат кога најмногу ни треба заедништво. Така, веќе од 26 август од Охрид, со почеток во 20 часот, тргнува и караванот во чии рамки концерти ќе се одржат во речиси сите поголеми градови во земјата, а публиката ќе има можност да ја почувствува магијата на живата изведба и да пее заедно со врвните изведувачи кои го сочинуваат овој уникатен проект.

Инаку, во рамки на продолжението на проектот „Македонијо во срце те носиме", работен под капата на Скендеровски продукција, публиката досега ги слушна: „Не кажувај либе добра ноќ" (Огнен Здравковски), „Како пиреј" (Ламбе Алабаковски), „Се собрале комитите" (Миле Кузмановски), „Како што е таа чаша" (Спасен Силјаноски) „Ја излези стара мајко"(Марија Спасовска), „По друм одам мајче" (Мина Блажев), „Горда Македонка" (Зуица Лазова), „Запејте сите ангели" (Бојана Скендеровски), „Нека живеј Македонија (Сузана Спасовска) „Мајко силна" (Александар Тарабунов) „Каде сте Македончиња (Андријана Јаневска) и „Ако умрам ил загинам" (Наум Петрески).

 

Уживајте во „Роде мој" – песна со порака, со љубов, со душа:


#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...