Пређи на главни садржај

Изложба „Уметнички сон“ на Методи Исков в петок во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Изложбата е во ликовната галерија при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

На 22 август 2025 година (петок) од 19:30 часот во Ликовната галерија од НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп ќе биде отворена изложбата „Уметничкиот сон“ од уметникот Методи Исков, што е дел од програмата од областа на визуелни уметности за 2025 година, поддржана од Министерството за култура и туризам.

Изложбата „Уметничкиот сон“ е посветена на истражувањето на сонот како симбол, инспирација и креативен импулс во уметноста. Секое уметничко дело, пред да се појави во материјална форма, започнува како визија, како интимен миг на замисла или сон што го носи авторот. Токму тој процес – од замисла до реализација – е централната тема на оваа поставка. Во рамките на изложбата се претставени дела од различни жанрови и техники: сликарство, графика, цртеж, скулптура, како и современи визуелни практики.

Оваа разновидност не само што ја прикажува богатата палета на индивидуални пристапи и изрази, туку создава и еден поширок контекст во кој посетителот може да се соочи со повеќе перспективи на сонувањето и креативното толкување на реалноста. Овој проект ја нагласува и важноста на културните институции и стопанскиот сектор во заедничката мисија за поддршка и афирмација на уметноста. Изложбата се реализира во Галерија при НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, со поддршка на компанијата Comfy Angel, чија соработка претставува значаен придонес во зајакнувањето на културниот живот во заедницата. Со „Уметничкиот сон“, публиката е поканета да влезе во светот на имагинацијата, да ги истражи сопствените соништа преку делата на авторите и да открие нови можности за разбирање на уметноста како универзален јазик што нè поврзува сите.

Методи Исков е роден на 24.05.1990 година во Штип. 2009 година завршуваГимназија во Прилеп, јазично – уметничко подрачје. Во 2014 година дипломира наФакултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек вајарство, во класата на проф. Станко Павлески.  Покрај индивидуалните уметнички ангажмани, важен дел од неговото работно искуство е изработка на скулптури вклучени во урбанистички план на град Скопје,учевство при изработка на палета мозаици, од кои можат да се истакнат  мозаиците во Црквата Св.”Констанин и Елена” – Скопје, мозаик поставен вo базиликата на Св. “Благовештение” во Незарет – Израел со ликот на “Пресвета Богородица”, мозаиците на Црквата Св. “Петка” – Прилеп, итн. Повеќе мурали во градот Прилеп, од кои може да се истакне муралот во Градската Библиотека “Борка Талески” – Прилеп, уметничко уредување на Етно Крушево и многу други.

Учевствувал на повеќе групни изложби во Македонија и досега реализирал две самостојни изложби со наслов “Празна галерија” во 2018 година, “Празна галерија- ново поглавје” 2022 година. Од групните изложби може да се истакне Биенале на млади уметници 2021 година кое се одржа во Музеј на современата уметност Скопје.Член е на Друштвото на ликовни уметници на Прилеп од 2011 година, кога во2020 година станува претседател на ДЛУП.

Имено, Исков моментално живее и работи во Прилеп како наставник за ликовна уметност.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...