Пређи на главни садржај

„Scream“ фестивал на 1 Ноември во Скопје посветен на Бора Чорба

Фестивалот ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“-Скопје...

На 1 ноември 2025 година (сабота) , арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе биде домаќин на фестивалот SCREAM, каде што на едно место ќе застанат три легенди на музичката сцена, Влатко Стефановски трио, Рибља Чорба и Галија. Вечерта ќе биде дополнета со бројни изненадувања, а на сцената ќе се појави и специјален гостин, чие име останува во тајност сè до самиот настан.

Оваа година фестивалот носи сосема ново значење и добива посебна тежина, тоа нема да биде само уште еден концерт, туку свечена рок посвета на човекот кој со својот глас, своите стихови и својот бунтовен дух засекогаш ја промени историјата на балканската музика - Бора Чорба.

На 1 Ноември 2025, токму на денот кога својот роденден би го прославил легендарниот Бора Чорба, арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе стане центар на најголемото музичко славење на рокенрол духот на овие простори.

Тројца великани, три различни музички универзуми, но една заедничка цел: да ја донесат најсилната рок енергија во Македонија.

Влатко Стефановски трио – најголемиот виртуоз на гитара на овие простори, уметник чија музика е вечен печат на македонската и регионалната сцена. Рибља Чорба – бендот кој повеќе од четири децении е симбол на бунтот и чиј фронтмен, незаборавниот Бора, ќе биде центарот на оваа вечер, ќе ја продолжи неговата приказна и ќе покаже дека рокот не умира, туку живее низ песните што ги пеат илјадници луѓе. Галија - бендот на големите балади и силните емоции, чија музика е доказ дека времето може да помине, но добрата песна останува засекогаш.

„Scream festival 2025“ - Настан кој ветува експлозија од звук, емоции и носталгија, но и нова свежина што ќе ја почувствува секој присутен. Настан што ќе ги спои генерациите, ќе ја врати енергијата на златните рок времиња и ќе ја запише арената „Борис Трајковски“ како сведок на уште една историска ноќ.

Повеќе од четири часа жива музика, спектакуларна продукција и бројни изненадувања што ќе ја разгорат атмосферата.

Ексклузивна цена на карти од 700 денари само до 12 септември!

Картите се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК Травел во Бисер и ЈК травел во Дајмонд Мол.


#Магазин

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...